Полска по втор пат во историјата стана европски првак во одбојка


 Репрезентацијата на Полска синоќа во Рим ја победи Италија во финалето на Европското одбојкарско првенство со резултат 3:0 (25:20, 25:21, 25:23). За Полска ова е втора титула на континенталните првенства. Во 2009 година Полјаците во финалето ја победија Франција.  Во мечот за третото место селекцијата на Словенија беше поуспешна од Франција со 3:2 (25:22, 25:16, […]

Македонските одбојкари поразени од Чешка, во осминафиналето против Италија


Македонската одбојкарска репрезентација со пораз ја заврши групната фаза на Европското првенство, откако вечерва загуби од Чешка со 3-0 во последниот натпревар во групата Ц која се играше во Скопје. Бодрени од неколку илјадната публика во СЦ „Борис Трајковски“, македонските одбојкари влегоа во натпреварот мотивирано и борбено, но го загубија првиот сет со 19-25.   […]

Македонските одбојкари поразени од Холандија


Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство, откако попладнево загуби од фаворизираната Холандија со 3-0 (25-19,25-19, 25-16) во својот четврти натпревар во групата Ц која се игра во Скопје. Македонските одбојкари влегоа во дуелот против силната Холандија хендикепирани без капитенот Никола Ѓоргиев, кој непосредно пред денешниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ […]

ЕП: Македонските одбојкари поразени од Полска


Македонската одбојкарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Полска со 3-0 (12-25,21-25,14-25) и со тоа го претрпе првиот пораз во третиот натпревар во групата Ц на Европското првенство (ЕП) во Скопје. Полска, која е актуелен освојувач на Лигата на нации, ја оправда фаворитската улога на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ и го продолжи максималниот ефект […]

Македонските одбојкари вечерва против Полска на ЕП


По воведните две победи над Данска и над Црна Гора, со кои речиси сигурно обезбеди историски пласман во осминафиналето, македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва против Полска од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го игра третиот натпревар на Европското првенство. Вечерашниот противник на македонските одбојкари во рамки на групата Ц е актуелен освојувач […]

Македонските одбојкари, преку Црна Гора, до Топ 16 во Европа


Македонската одбојкарска репрезентација денеска победи со 3:0 во дуелот против Црна Гора во походот на Европското првенство. Ова е втор триумф на шампионатот по победата над Данска, со што постигна историски успех и пласман во осминафиналето на континенталниот шампионат. Избраниците на селекторот Јошко Миленковски супериорно и со блескава игра стигнаа до толку посакуваната победа. Македонија […]

Црна Гора втор противник на македонските одбојкари на ЕП


Дводневната пауза по стартната победа на Европското првенство против Данска заврши за македонските одбојкари, кои вечерва против Црна Гора од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат вториот натпревар во рамки на групата Ц во Скопје. Триумфот од 3 -1 над Данска во средата ѝ ја подотвори вратата на македонската одбојкарска репрезентација за […]

Македонските одбојкари победнички го отворија Европското првенство во Скопје


Македонската одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на Европското првенство, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Данска со 3-1 (22-25, 25-22, 25-19, 25-22) во рамки на 1. коло од групата Ц која се игра во Скопје. До својата стартна победа на третиот настап на европските првенства македонските одбојкари дојдоа со пресврт во исцрпувачки и […]

Почнува Европскотo првенство во одбојка, нашата земја домаќин на дел од натпреварите


Одбојкарската федерација на Македонија на денешната конференција за печат ги најави деталите за претстојното 34-то Европско првенство во одбојка во машка конкуренција, на кое годинава за првпат ја имаме честа да бидеме домаќини. Вчера официјално започна првенството и ќе трае се до 16 септември На годинешното првенство покрај нашата земја, домаќини се уште три земји, […]

Бесплатна одбојка на кејот на Вардар во Аеродром


И ова лето, одбојкарското игралиште на кејот на реката Вардар во Општина Аеродром ќе биде отворено за сите љубители на одбојката на песок. – Термините се бесплатни и се закажуваат на телефонскиот број 076 960 180. Пожелно е да се резервира неколку дена однапред, информираат од општината.  – Терените се отворени секој ден од 10 […]

Почнува Европското одбојкарско првенство за јуниорки во Скопје


Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) од денеска до 4 септември во Скопје е домаќин на Европското првенство до 19 години во женска конкуренција. Македонската јуниорска женска одбојкарска репрезентација ќе игра во групата А заедно со Финска, Грција, Италија, Полска и Словенија. Прв противник на македонските одбојкарки вечерва со почеток во 20:30 часот ќе биде репрезентацијата на Финска. Сите натпревари […]

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во полуфиналето на Европската сребрена лига


Македонската одбојкарска репрезентација доби можност да игра во полуфиналето на Европската сребрена лига. „Спартанците“ изборија учество помеѓу четирите најдобри во Сребрената лига, откако попладнево Романија ја победи Албанија со максимални 3:0 (25:18, 25:19 и 25:22). Македонците вчера беа поуспешни од Босна и Херцеговина исто така со максимални 3:0 и го исполнија првиот предуслов за пласман […]

Македонските одбојкари со два пораза се враќаат од Романија


Романија– Македонската одбојкарска репрезентација го загубија и вториот контролен натпревар со Романија во Крајова. По саботниот пораз со 3:0, Македонија вчера загуби со 3:2  (23:25, 20:25, 25:18, 25:10, 15:12). Селекторот на „црвено-жолтите“ Никола Матијашевиќ на вториот контролен дуел на позицијата техничар го постави Ѓорѓи Ѓорѓиев, а мала минутажа на примачка дијагонала доби и Александар Љафтов кој […]

Одбојкарите Милков и Стошиќ нема да патуваат на пријателскиот двомеч со Романија


По две недели силни физички тренинзи и потоа уште две на тактичко-технички план, македонската одбојкарска репрезентација има само уште три дена работа во Маврово. На собир се петнаесетмина играчи, а од списокот на селекторот Никола Матијашевиќ сега недостасува само Марко Јуниор Стошиќ. Повредата на стомачните мускули значи дека тој не само што нема да работи […]

Вања Грбиќ за „Независен“: Јас сум олимписки шампион – политиката не може да ме купи


Владимир Вања Грбиќ е еден од великаните на светската одбојка во поновата историја. Во кариерата играше за 11 клуба (Младост Загреб и Војводина во поранешна Југославија, Падова, Кунео, Рома Волеј, Латина во Италија, Сао Паоло во Бразил, Осака Блејзерс во Јапонија, ПАОК во Грција, Динамо Москва во Русија и Фенербахче во Турција) и за три […]

Полска го одбрани златото на одбојкарскиот Мундијал


Италија– Одбојкарите на Полска ја одбранија титулата светски шампион, откако синоќа во Торино го победија Бразил со максимални 3-0. По сетови резултатот изнесува 28:26, 25:20 и 25:23. Најзаслужен за триумфот на полскиот национален тим беше Бартош Курек со 24 освоени поени. Во поразениот состав се истакна Валас Де Соуса со 14 поени. Третото место на […]

ОФМ: Очекуваме историски успех


  Одбојкарите добија нов селектор. Србинот Љубомир Травица е назначен за наследник на Драгутин Балтиќ на клупата на македонската репрезентација која во текот на мај и на јуни ја очекуваат настапи во т.н. Сребрена европска лига. Ждрепката ги смести „црвено-жолтите“ во група со селекциите на Летонија, Австрија и на Косово. Во август оваа година и […]

Скопје ќе биде домаќин на фајнл-форот на Европската лига во одбојка


Фајнл-фор турнирот на Европската лига во одбојка ќе се игра во Скопје, соопштија од Одбојкарската Федерација на Македонија. Завршниот турнир на Сребрената европска лига ќе се одржи на 15 и 16 мај 2018 година. Дополнително ќе биде одредено во која сала ќе се играат натпреварите. Македонија оваа сезона во Европската лига игра во групата А […]