Арсовска бара превозници за линиите „9“, „11“ и „12“


Додека приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ чекаат средба со премиерот Димитар Ковачевски, откако две недели протестираа барајќи ги парите што ЈСП им ги должи, денеска градоначалничката Данела Арсовска објави нов оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во Град Скопје. Овој пат огласот се однесува за […]

ЈСП Скопје објави оглас за 50 возачи на автобуси


Јавното сообраќајно претпријатие објави оглас за вработување на 50 помлади возачи. За една година 32 возачи заминале од работа, а до крајот на оваа година во пензија ќе заминат уште 24. Од новопримените возачи, 25 ќе бидат во базата Автокоманда и исто толку во автобазата Ѓорче Петров. Треба да бидат вработени 34 Македонци, десетмина Албанци, […]

Почнува тестирањето на разузнавачите од УБК


Комисијата за селекција и избор на работници на Управата за безбедност и контраразузнавање објави Јавен повик за кој ќе биде спроведена постапка за селекција и избор на кандидати, кои ќе бидат преземени во Агенцијата за национална безбедност. „Право на пријавување имаат сите работници на УБК во Министерството за внатрешни работи. Рокот за пријавување е до […]

Амбасадорот Ѓорги Филипов ќе се пријави во СДСМ за претседателски кандидат


Во СДСМ денеска треба да пристигне првата пријава на огласот за избор на претседателски кандидат на партијата за изборите на 21 април. Амбасадорот Ѓорги Филипов, во соопштение до медиумите, најави дека денеска во 12 часот ќе ја поднесе пријавата на отворениот повик на СДСМ за претседателските избори 2019, по што ќе одржи прес-конференција. Филипов е […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ажурира членството и ќе распише оглас за членови и претседатели на партиските комисии


ВМРО-ДПМНЕ ќе распише оглас за членови и претседатели на партиските комисии и ќе го ажурира членството. Во таа насока, на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Втората одлука […]

Стојанче Ангелов за М-НАВ: Се пријавив на огласот, па ми кажаа дека ме примиле


Генерал Стојанче Ангелов неколку дена работи во Македонска навигација (М-НАВ) како советник. На „Фејсбук“, како претседател во оставка на политичката партија Достоинство, напиша дека „во овој чувствителен и пресвртен момент за нашата татковина, момент од кој зависи нејзината иднина како единствена држава на Македонците и на сите други нејзини граѓани“, чувствува обврска за политичко реактивирање. […]

Објавен е огласот за нови привремени членови на ДИК


Оглас за нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) за следните шест месеци е објавен денеска во весниците. Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и составот на ДИК. Одлуката за распишување на огласот Собранието вчера ја достави до […]

Огласот за членови на ДИК стигна на дневен ред


Огласот за избор на членови на ДИК се најде конечно на дневен ред во парламентот. Одлуката за негово распишување треба да ја донесат пратениците на седницата што почнува утре, а на чиј дневен ред се уште две точки – односно предлозите за нови министри во ресорите култура, здравство и правда, како и за избор на […]

Филипче бара тројца советници за плата до 55 илјади денари


Министерството за здравство бара тројца посебни советници кои ќе бидат вработени во кабинетот на министерот Венко Филипче. Според објавениот оглас, платата за секој од нив е од 35.000 денари до 55.000 денари. Советниците ќе бидат ангажирани за прашања поврзани со имплементација и креирање на здравствени политики и меѓународни проекти. Според барањата во огласот, кандидатите треба да […]

Град Скопје објави оглас за субвенции за печки на пелети


Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, […]

Рамиз Мерко бара да купи бела лимузина


Општина Струга реши да го поднови возниот парк. Денеска распиша оглас за набавка на четири возила со вкупна проценета вредност од речиси 100.000 евра. Во огласот објавен на интернет-страницата за јавни набавки наведено е дека Општината бара да купи една лимузина со четири врати, со дизел-мотор, кожен волан со аудиокоманди, автоматски менувач, седиштата да се […]

Градоначалникот на Радовиш ќе чести фигара за коса за 8 Март


Општина Радовиш по повод 8 Март ќе чести фигара за коса. За таа цел, вчера распиша оглас за набавка на 45 фигара, со проценета вредност од нецели 700 евра. Во техничката спецфикација е наведено дека фигарата треба да имаат 2 години гаранција, керамичка заштита, јонизатор… Градоначалникот Герасим Конзулов вчера не беше достапен да нѝ појасни […]

Академиците бараат секретар за плата од 45.000 денари


Македонската академија за наука и уметност има потреба од секретар, поради што се подготвени да му понудат месечна плата од речиси 45.000 денари. Во огласот за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ, кој трае до четврток, се наведува дека заинтересираните треба да имаат високо образование, најмалку пет години работно искуство од областа, покажани организаторски […]

Народна банка бара да купи 340 килограми чоколади со слики од банкнотите


Народна банка преку електронска аукција бара да купи 340 килограми персонализирани млечни чоколади. Во објавениот оглас е појаснето дека нето тежина на чоколадите треба да изнесува до 5 грама на парче, односно треба да се изработат до 68.000 парчиња. Млечните чоколади треба да се обвиткани во алуминиумска фолија (внатрешен дел) и хартиена фолија (надворешен дел) […]

Македонска Каменица ќе троши пари за каранфили и бањарки за 8 Mарт


Општина Македонска Каменица планира за 8 Mарт, Денот на жената да подарува каранфили и бањарки. За таа намена ќе потроши околу 85.000 денари од општинскиот буџет. Кои дами ќе бидат почестени со општинското внимание, официјален одговор не добивме. Во случајов, дама ќе подарува на дами, имајќи во предвид дека на чело на Општината е жена. […]

СЈО бара преведувач за плата од 1.500 евра месечно


Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, односно СЈО, бара преведувач кој ќе го плаќа 1.500 евра месечно. Обврска на ангажираниот преведувач ќе биде дневно да преведува 10 страници, односно 1.800 јазични знаци. Ќе треба да преведува и од македонски на англиски јазик и […]

Огласот за издавање на Фени под закуп е транспарентен, вели стечајниот управник


Огласот за преработка на руда во Фени Индустри АД во стечај е транспарентен процес во кој условите се прифатливи за голем број светски компании од овој бизнис, информира стечајниот управник Мирослав Анастасиевски. Во соопштение за медиумите тој посочува дека огласот е објавен во двата најтиражни македонски весници и во реномираниот меѓународен неделник „Financial Times“ јавно, […]

Македонски шуми објави оглас за вработување на 325 лица


Јавното претпријатие „Македонски шуми” – Скопје, објави оглас со кој бара да вработи 325 лица на определено време од една година. Според огласот се бараат 216 сечачи и 109 дотурачи на дрва. Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на шумски сортименти, a за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти. […]

Место електронски патарини, се вработуваат 74 нови инкасанти


Додека се чека инсталацијата на електронски систем за наплата на патарините, Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за вработување 93 работници на определено време, од кои 74 инкасанти на патарините. Според огласот, се работи за вработување на определено време од шест месеци, а освен инкасанти се бараат и хигиеничар, портир, советници, референти и раководители […]

Министерството за здравство бара историчар за државен советник?


Министерството за здравство бара државен  советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Во огласот, кој истекува денеска, е наведен малку чуден критериум во делот на образование – услов е кандидатот да има завршени историски, економски или правни науки. Платата за оваа позиција е речиси 39.000 денари. Дополнително, се бара најмалку шест години работно искуство во струката, […]