ДЗС со апел за заштита од пожари за претстојните празници


Пред претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите. – Секако и за брза евакуација и […]

Се запалила штала во Глумово, изгоре објектот и едно животно


Среде ноќ се запалила штала во скопско Глумово.  Како што информираа од полицијата, денеска околу 00.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Глумово, скопско, настанал пожар во штала сопственост на А.Н.(44) од село Глумово, во кој изгореле бали сено, домашно животно и други предмети. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за […]

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан


Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија за МИА од Територијална противпожарна единица Неготино.  – Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети, рекоа од Противпожарната единица. Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и […]

Десетгодишници во Аеродром палат оган во парковите


Жители на Аеродром се запрепастени од непромисленоста на децата и од немањето реакција од родителите и околните жители. Имено, вчера, на празничен неработен ден, група деца на возраст од десетина години, се собрале во паркчето меѓу зградите и на палета ставиле суви дрва, па ги запалиле. Од фотографиите споделени на Фејсбук се гледа дека палетата […]

Овчар изгоре во оганот што го запалил за да се стопли


Трагичен случај во светиниколското село Стањевци – 72-годишен овчар изгорел во оганот што сам го запалил, објави СДК.мк. Имено, 72-годишниот Б. Н. од ова село ги пасел овците во блиските ливади и запалил оган, од којшто подоцна настрадал. Изгореното тело го пронашол неговиот син, кога го барал затоа што не се вратил ниту тој, ниту […]

Еко-активистите повикуваат да не се палат коледарски огнови поради загадувањето


Утре е Бадник, ден пред Божик, а  според традицијата, вечерва, се палат коледарски огнови во секое маало. Но, годинава поради енормното аерозагадување, еко-активистите повикаа да не се палат овие огнови со цел да не се зголеми и онака големото загадување во овој период од годината. -Најмалку што можеме да направиме за природата е да се […]

Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во Скопје


Црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан на скопскиот аеродром го презеде Благодатниот оган што со авион во земјава пристигна од Ерусалим преку Софија. Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија. Оганот, што се носи во фенер, од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во […]

Благодатниот оган околу 20 часот ќе пристигне на аеродромот во Скопје


Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, вечерва од Ерусалим преку Софија, се очекува во периодот меѓу 19.30 до 20 часот да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. На аеродромот во Софија ќе го пречека бугарскиот патријарх Неофит, а […]

Ќе има казни за палење бадникарски огнови


Палењето огнови на отворено, па макар и за бадник е строго забрането и е казниво според законот, предупредуваат градските власти. Во дописот испратен до „Независен весник“, се апелира кон воздржување, бидејќи директно влијае врз нашето здравје. „Една од првите мерки на Град Скопје и градоначалникот Шилегов за справување со големите загадувања на воздухот во градот […]