Подобни и неподобни наставници или подобрување на образовниот систем? Жестока дебата во Собранието


Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема […]

Измените во Законот за високо образование се удар врз академската слобода, велат од Левица


Политичката партија Левица упати остри критики за предложените измени на Законот за високо образование, обвинувајќи ја власта дека на овој начин, го претвора образованието во елитистичка привилегија, а универзитетите во филтер за социјална селекција. Оттаму реагираат на зголемените критериуми за избор во наставно-научни звања, кои предвидуваат објавување на шест до седум научни трудови, претежно во […]

„Кај Ромите има проблем“: Министерката Јаневска признава дека традицијата е посилна од законот


  Системот „Безбеден град“ воведен во три градови во Македонија (Скопје, Тетово и Куманово) како и на двата автопата, од под тепих извади еден долгогодишен голем проблем, откако Ромите од Битола, но и други градови излегоа на протести, ги блокираа регионалните патишта со запалени гуми, палети, ѓубре и кажаа дека немаат возачка дозвола, а и […]

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите и тие треба да ги искористат


За да може да полагаат за возачка дозвола, доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Ромите што бараат да бидат […]

Заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу поднел неотповиклива оставка


Заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднел до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил. Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период […]

На Мицкоски му текна дека е професор – ќе ги храбри колегите да придонесуваат во науката


Факт е дека премиерот Христијан Мицкоски, но и повеќето од министерите и други функционери се професори или наставници, што значи доаѓаат од образованието, а нашите универзитети никако да се појават на Шангајската листа, ниту пак се посакувани од студенти од надвор. Затоа, вели Мицкоски, зголемени се средствата кои се на располагање на науката, а професорите […]

Какво волшебно стапче се крие зад секоја петка? Учителите како темел на образованието во Македонија


Кога едно дете за првпат го пречекорува прагот на училишната врата, во рацете носи молив, а во очите – неизвесност, љубопитност и желба за учење. Не ја знае азбуката, не умее да чита, но знае дека сака да научи. Наспроти него стои учителот – со смирен глас, трпеливост и посветеност што често остануваат невидливи. Тоа […]

Протести на професорите и студентите во Белгија поради кратење на буџетот за високото образование


Белгиските универзитетски професори и студенти денеска одржуваат протестен марш низ улиците на Брисел, во знак на незадоволство од предлогот на Федералната влада на Белгија за намалување на буџетот и од мерки за штедење во високото образование. Синдикатите, организатори на протестот, посочуваат дека кратењето на средства ќе го доведе во прашање опстојувањето на над 1.000 работни […]

Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование


Трошоците за образование во Германија лани номинално пораснале за седум проценти, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Федералната Влада, покраините и општините во 2024 година потрошиле вкупно 198 милијарди евра (231 милијарда долари) за училишта, универзитети, грижа за деца и други образовни програми, односно 13 милијарди евра повеќе отколку претходната година, соопшти Федералната статистичка служба. По […]

Јаневска: Квалитетно образование се темели на добри наставници


Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје одбележува три децении високообразовна работа, иако можеме да говориме за континуитет подолг од седум децении, уште од повоена Македонија, од основањето на Вишата педагошка школа во 1947 година во Скопје. Благодарност до сите кои низ децениите ги подготвувале идните учители и до оние што потоа учителствувале низ Македонија […]

Нацртот на Стратегијата за образование е готов, ќе се стави на ЕНЕР за да може да се дадат предлози


 Нацрт-текстот од Стратегијата за образование 2026 – 2032, кој се подготвуваше во изминатите шест месеци, претпладнево се претставува во Владата на валидациска работилница на која присуствуваат и претставници на институции, домашни и меѓународни партнерски организации. Нацрт-верзијата од денеска ќе биде поставена и на националниот систем на прописи (ЕНЕР) за да може и пошироката јавност да […]

Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа трибина посветена на образованието, како еден од најважните приоритети за развој на Град Скопје и иднината на младите генерации. На трибината учествуваа потпретседателките на СДСМ, Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Кристина Костова и Ана Чупевска. Потпретседателката Ана Чупевска потсети на досегашните резултати и вложувања во образованието и […]

Стратегија за образование 2026-2032 година: Пазарот на труд ќе ги диктира насоките


Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година, соопшти МОН. На првата работна средба, министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека документот треба да обезбеди континуитет на […]

Во Србија повик за бел штрајк во образованието


 Обединетата просвета на Србија ги повика денеска вработените во образованието да се обединат и да учествуваат во бел штрајк – како израз на професионална, педагошка и граѓанска одговорност“. Како што се наведува во соопштението, „бел штрајк“ значи: „заклучување највисоки оценки за сите ученици, како начин да се обезбедат еднакви услови во учебна година што не […]

Презентирана Стратегијата за образование на возрасните 2025-2030


Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните (ЦОВ) денеска ја презентираа Стратегијата за образование на возрасните 2025-2030, која треба да овозможи поголема продуктивност на населението и развој на општеството. Министерката Весна Јаневска истакна дека стратегијата се базира на концептот на доживотно учење што, рече, е многу важно за активирање на возрасното […]

Трамп потпиша извршна наредба за затворање на Министерството за образование


 Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со цел да се затвори Министерството за образование. „Ќе го отстраниме“, изјави американскиот претседател непосредно пред да го потпише документот во Белата куќа. „Ќе го затвориме што е можно поскоро“, додаде тој. Овој чекор претставува исполнување на неговото предизборно ветување за „елиминирање“ на оваа институција, која долго […]

Во Србија се очекува средба на владин тим со претставници на вработените во образованието по заканите за целосен прекин на наставата


Во Србија денеска попладне почнуваат преговорите меѓу просветните работници и владата и доколку не се исполнат барањата, вработените во образованието најавуваат целосен прекин на работата Српскиот премиер Милош Вучевиќ ќе се сретне со претставници на синдикатот денеска, а средбата, како што е најавено, ќе започне во 13 часот во зградата на Владата на Србија, јавија […]

Мизо: Потребни се квалитетни инвестиции, а за тоа треба државата да инвестира во напредно образование


Една милијарда евра директни странски инвестиции до крајот на изминатата година се остварливи, смета првиот човек на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо. Во изјава за МИА, тој вели дека е потребно да се стремиме кон поголем квалитет кај идните инвеститори, за што државата треба да инвестира во соодветно образование и постојано да ја унапредува […]

Србија: Синдикатите во образованието одлучија наставниците да не работат в петок – солидарност со студентите


Репрезентативните синдикати на вработените во образованието во Србија одлучија вработените  да престанат со работа в петок, во знак на солидарност и поддршка на студентите во борбата за подобро и поправедно општество, се вели во соопштението, јавија српските медиуми „Во исто време, нашите претставници ќе ги посетуваат студентите на универзитетите и ќе им доставуваат храна и […]

Синдикатот на вработените во образованието во Србија в петок ќе организира едночасовен прекин на работа поради напади од јавни функционери


Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија најави дека на 6 декември од 11:45 до 12:45 часот ќе организира едночасовен прекин на работа во сите образовни институции, јавија белградските медиуми. Како што наведоа, причина за прекинот биле нападите од јавни функционери врз наставниците, кои во петокот на 29 ноември ја прекинале наставата 15 минути и […]