Скандал во хрватската мисија во ОН: Работничка украла 750.000 долари


Во Њујорк, Рената Супина-Салтус, работничка во претставништвото на Хрватска во Обединетите нации, е уапсена под сомнение дека украла дури 750 илјади долари во претходните неколку години. Според изјавите на американските судски власти, кои ги цитираат медиумите во Хрватска, Супина-Салтус е осомничена дека ги искористила своите овластувања и пристап до банкарски сметки за да изврши нелегални […]

Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Либан


Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итен состанок денеска за борбите во Либан, додека војната беснее низ Блискиот Исток. Советот на ОН треба да се состане во 10 часот наутро во Њујорк. Дипломатите изјавија дека очекуваат да гласаат и за нацрт-резолуцијата презентирана од Бахреин во име на членовите на Советот за соработка во […]

ОН бараат помалку пари за хуманитарна помош, откако западните влади ја намалија финансиската поддршка


Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања ќе го намали својот апел за годишно финансирање во 2026 година, откако поддршката оваа година, главно од западните влади, падна на најниско ниво во последната деценија. Канцеларијата соопшти дека бара 33 милијарди долари за помош за околу 135 милиони луѓе кои се соочуваат со последиците од […]

„Направи или умри“ за Обединетите нации


ПРЕТОРИЈА – Повеќе од 140 светски лидери отпатуваа во Њујорк овој месец за да го одбележат несреќниот 80-ти роденден на Обединетите нации. Водечката мултилатерална организација во светот е создадена по Втората светска војна „за да ги спаси идните генерации од неволјата на војната“. Но, како што неодамна призна генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, организацијата […]

Експерти на ОН предупредуваат на политиката на претседателот Трамп


Широк спектар експерти на ОН вчера излегоа со ставот дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги поткопува човековите права и основните слободи во САД и во странство. „Загрижени сме поради обидите на новата американска администрација да ја ослабне домашната заштита на човековите права, да ги поткопува меѓународните човекови права и хуманитарни системи, да го […]

Република Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 – 2027


 Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од […]

Русија не доби доволно поддршка за влез во Советот за човекови права на ОН


 На тајното гласање за избор на две нови земји-членки на Советот за човекови права, обидот на Русија да се врати во тоа тело  на ОН не успеа – Бугарија доби 160 гласа, Албанија 123, а Русија 83. Другата оспорена трка беше во Јужна Америка и Карибите, каде Куба, Бразил, Доминиканската Република и Перу се бореа […]

Поради градежни активности мостот „Обединети нации“ делумно затворен за пешаци


ЈП „Улици и патишта“ – Скопје известува дека денеска на мостот „Обединети Нации“ на тротоарот се изведуваат градежни активности за санација на мостот и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Поради изведба на активностите во насока од Влае кон Карпош ќе биде затворена насоката за движење за пешаците до завршување на градежните активности. ЈП „Улици и […]

Советот на ОН за човекови права ќе именува експерт за испитување на состојбата со човековите права во Русија


 Советот на Обединети нации за човекови права денеска одлучи да именува независен експерт поради детално испитување на состојбата со човековите права во Русија. Предлогот за именување на независен експерт е изгласан со 17 гласа „за“, шест „против“, а 24 се изјасниле како „воздржани“. Предлогот поднесен минатата недела од сите земји-членки на ЕУ, освен Унгарија, беше […]

Човештвото е на огромни искушенија, светските лидери се собираат во Обединетите нации


  ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Соочени со комплексен сет на предизвици што го искушуваат човештвото како никогаш досега, светските лидери се состануваат во Обединетите нации оваа недела под сенката на првата голема војна во Европа по Втората светска војна – конфликт што ја стартуваше глобалната криза со храна и ги подели големите сили во начин невиден […]

ОН со дебата за ограничување на ветото на постојаните членки на Советот за безбедност


Лихтенштајн треба да го свика Генералното собрание на ОН денеска, за да дебатира за нацрт резолуцијата, поддржана од Вашингтон, со која се бара од петте постојани членки на Советот за безбедност да го оправдаат користењето на ветото, јави АФП, пренесе Франс 24. Старата идеја, што има за цел да ги натера постојаните членки на Советот […]

Жестока дипломатска битка во Обединетите нации околу Украина


  ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Русија се обидува да ги затапи напорите предводени од Западот во Обединетите нации за дополнително изолирање на Москва поради инвазијата на Украина, при што Советот за безбедност и Генералното собрание се подготвуваат да гласаат оваа недела за конкурентни мерки за хуманитарната криза во Украина. Дипломатската битка ескалира во светската организација откако […]

Што содржи Членот 6 на ОН што може да ѝ се удри од глава на Русија?


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, правдајќи ја вчера одлуката да ѝ сврти грб на Русија на гласањето во Генералното собрание во ОН и практично да ја осуди руската инвазија на Украина, рече дека преку ноќ се сменила геополитичката ситуација и дека практично најсилниот нивни поддржувач околу Косово – може да биде исфрлен од Обединетите […]

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина


Русија, како и што се очекуваше, вечерва стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јавио ДПА од Њујорк. На гласањето во зградат ан Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата. Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји […]

Осум држави го загубија правото на глас во ОН


Осум држави, меѓу кои Иран, Судан и Венецуела, го загубија правото на глас во ОН поради преголемиот долг кон организацијата, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.   Вкупно 11 земји-членки во моментов доцнат со уплатата на придонесите согласно членот 19 од Повелбата на ОН, наведе Гутереш во писмото до членовите на Генералното собрание. Членот 19 предвидува […]

Телеграма со сочувство од премиерот Заев по повод смртта на Кофи Ана


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати телеграма со сочувство до актуелниот генерален секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш за загубата на поранешниот прв човек на ОН, Кофи Анан. „Да продолжиме да работиме кон подобро организиран и помирен свет и на овој начин ќе оддадеме најголема почит за големиот визионер, лидер, нобеловец и […]

Светските лидери жалат за Анан: Беше лидер, ама и пријател


Лидерите на земјите ширум светот и официјалните лица на Обединетите нации, изразија жалење поради смртта на бившиот генерален секретар на светската организација, Кофи Анан, кој почина денеска на 81 годишна возраст. Генералниот секретар Антонио Гутереш рече дека Анан ја воведе таа организација во нов милениум со достинство и одлучност. „Како и многу други, гордо го […]

Земјата ќе остане без вода


Итен повик за дејствување со цел планетата Земја да не остане без вода, упатија голем број политичари и експерти кои учествуваат на Светскиот форум за вода во Бразил. – Едноставно нема време за губење, изјави при отворањето на осмото издание на Форумот, претседателот на Бразил, Мишел Темер. Државата, каде се наоѓаат 18 проценти од светските […]

ОН: Русија окупаторска сила на Крим


Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која Русија е прогласена за окупаторска сила на Крим и се осудува кршењето на човековите права на Полуостровот. За резолуцијата, која ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање. Со резолуцијата се осудува привремената руска окупација на украинската територија Крим. […]

ОН: Светот бележи значително забрзан економски рас


Глобалниот економски раст годинава забрза на околу три отсто, што претставува највисока стапка на раст од 2011 година, соопштија ОН. Во годишниот економски извештај со прогнозите на ОН, „Светската економска ситуација и перспективите за 2018 година“, наведено е дека напредокот е остварен главно поради забрзаниот развој на сите големи економии, како и дека Источна и […]