Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители


Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која на седница на 27 март го усвои предлогот во прво читање. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари […]

Трамп му наложи на Министерството за правда да ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му наложил на Министерството за правда да ги отпушти сите преостанати обвинители од времето на Џо Бајден, нагласувајќи дека одделот бил „политизиран како никогаш досега“. „Мораме веднаш да ја „исчистиме куќата“ и да ја вратиме довербата. Златното доба на Америка мора да има фер правосуден систем – ТОА ПОЧНУВА […]

Академијата за судии и јавни обвинители додели уверенија на 97 кандидати за судии и јавни обвинители


 Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Како што информираше директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, уверенија ќе добијат вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.  – Оваа генерација е […]

Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители


Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.  -Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во […]

Основните јавни обвинителства во државава ќе добијат 18 нови јавни обвинители кои денеска дадоа свечена изјава


Свечена изјава дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитуваат Уставот и законите и дека непристрасно и одговорно ќе ги заштитуваат слободите и правата на граѓанинот и интересите на другите правни субјекти, денеска пред Советот за јавни обвинители дадоа 18 обвинители. Свечена заклетва за основен јавен обвинител на Штип даде и обвинителката Татјана […]

Советот на ЈО нема кворум за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, по Фетаи и Рустеми ја повлече кандидатурата


Советот на Јавни обвинители нема кворум за закажување на седница за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во изјава за МИА, вели дека најрано што очекува да се обезбедат услови е кон средината на декември, но не гарантира дали тоа ќе се случи. […]

Реизбрани пет обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција


Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска се реизбрани за обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на денешната седница на Советот за јавни обвинители. Во обвинителството предводено од Вилма Русковска, ќе се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, меѓутоа […]

„Специјалните“ си одат, но пак ќе ги водат случаите


Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за статусот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. По разрешувањето на нивната шефица Катица Јанева, се очекува формално да биде констатирано оти завршува и нивниот мандат. Според законот, мандатот на обвинителите не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. Десеттемина обвинители потоа ќе се вратат во […]

ОЈО Скопје нема Истражен центар, нема истражители, а недостасуваат и 16 обвинители


Основното јавно обвинителство Скопје како најголемо обвинителтво кое покрива 90 отсто од криминалот во државата, нема Истражен центар, нема истражители, а недостасуваат и 16 јавни обвинители, рече јавниот обвинител Сашо Рајчев на денешната прес-конференција, на која ги презентираше информациите за автобуската несреќа што се случи пред еден месец кај скопското село Ласкарци. -Со оглед на тоа дека […]

Габер-Дамјановска: Државата да вложи во обвинителствата исто како во СЈО


Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер – Дамјановска во интервју за Радио слободна Европа наведе дека во Обвинителството во Македонија нема доволно обвинители коишто би се бореле против криминалот затоа што државата не ги мотивира. – Не знам колку е мотивирачки за луѓето да сакаат да се вработат во Обвинителството, не […]

Пукна како скандал, се претвори во пресметка: Обвинителите се снимале и кога дознале


Уште во 2013 година, кога се набавувала телефонската централа во Јавното обвинителството, имало опција за снимање на телефонските разговори на обвинителите. Јавниот обвинител Љубомир Јовески веста ја соопшти откако два часа им држеше предавања на новинарите за транспарентноста на јавното обвинителство и какви информации може да соопштат во предистражна постапка, која според законот е тајна. […]

ЈОРМ: Се снимало од 2013 година


Постојат индиции кои укажуваат дека снимањето на телефонската комуникација остварена преку фиксна телефонска мрежа во зградата на Јавното обвинителство, траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија. Од ЈОРМ истакнуваат дека со исклучителна сериозност и внимателност се проверуваат сите аспекти, со оглед на големиот интерес […]

Дисциплинска постапка против тројца обвинители за настаните од 27 април во Собранието


Против тројца обвинители е покрената дисциплинска постапка поради сомнеж за пропусти во истрагата за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, објави „Телма“. Дисциплинска постапка, како што објави телевизијата, е отворена против поранешните раководители во скопското и обвинителството за организиран криминал, односно против Златко Биковски, Гордана Гешковска и Јован Цветановски. Тројцата […]

Четворица обвинители бараат на обвинетиот за „случајот Алмир да му се суди за убиство


Четворица јавни обвинители од Јавното обвинителство, Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта се против пресвртот што се случи вчера на судењето за случајот со малиот Алмир. „Со преквалификацијата на кривичното дело Убиство во кривично дело од областа на сообраќајот е сторено повреда на основните начела на законот за јавното обвинителство како што […]

Семејно – пријателски врски ја тресат обвинителската фела


Непотизам и судир на интереси го тресат Советот на јавни обвинители, како институција која е надлежна за именување на обвинителите во основните обвинителства низ земјава. На ова укажа вчера американскиот амбасадор Џес Бејли, како говорник на Итерпарламентарната конференција во македонското Собрание. Бејли, кој пред неколку месеци го отвори скандалот со високите надоместоци на ДИК, сега […]