МААЕ потврди штета на иранската нуклеарна централа во Натанц


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека неодамна дошло до оштетување на влезните згради во иранската подземна нуклеарна централа во Натанц, додавајќи дека не очекува никакви радиолошки последици или дополнително влијание во самата постројка. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека „нема индиции“ за оштетување на иранските нуклеарни постројки. – Немаме индиции […]

Србија сака да купи пет до 10 проценти удел во унгарската нуклеарна централа


Србија ја разгледува можноста за купување од пет до 10 проценти удел во унгарскиот проект за нуклеарна централа Пакс 2, чија изградба официјално започна претходно оваа недела, а експертите го гледаат тоа како чекор напред во долгорочната енергетска стабилност на регионот Доколку официјален Белград одлучи да учествува во проектот Пакс 2, по повеќе од три […]

Најголемата нуклеарна централа во светот е рестартирана


Јапонија го одобри рестартирањето на најголемата нуклеарна централа во светот, која е надвор од употреба повеќе од една деценија по катастрофата во Фукушима. Овој потег е клучен чекор во напорите на Јапонија да ја намали зависноста од фосилни горива за енергија, објавува CNN. И покрај загриженоста на многу локални жители, префектурното собрание Ниигата, каде што […]

Нуклеарната централа Кршко сака да го продолжи работењето за уште 20 години


Нуклеарната централа Кршко (NEK) проценува дека е време државата да започне со дискусија за продолжување на работењето на централата за уште 20 години. Тие веќе започнаа процедури во овој поглед, вели извршниот директор Горазд Фајфер. Според Фајфер, државата започнала со дискусија за првото продолжување на работењето на Кршко до 2043 година во 2003 година, а […]

Се заканува катастрофа: Нуклеарната централа Запорожје е без надворешно напојување седми ден


Најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, во Украина, е без надворешно напојување седми ден, а украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето вечерва изјави дека катастрофа од големи размери е неизбежна. Зеленски рече дека ова е „закана за апсолутно сите“. Тој ја нарече ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје „критична, вонредна“. „Нуклеарната централа Запорожје е во вонредна […]

Хрватска размислува за сопствена нуклеарна централа


Хрватското Министерство за економија размислува за изградба на сопствена нуклеарна централа наместо за можна соработка во изградбата на вториот блок од нуклеарната централа Кршко, пишува „Пословни дневник“. – Експертите ќе одлучат дали ќе бидат мали нуклеарни реактори или класична нуклеарна централа. Со изградба на електрана на сопствена територија, добиваме геополитички и безбедносен контекст. Ова е […]

Шведска ја планира првата нова нуклеарна централа по 50 години


За прв пат по 50 години, Шведска планира да го прошири својот нуклеарен капацитет. Електраната Рингхалс на југозападот од земјата ќе добие три до пет таканаречени мали модуларни нуклеарни реактори со вкупен капацитет од околу 1.500 мегавати, објави владата. Ова е еквивалентно на приближно два конвенционални реактори. „За прв пат по 50 години, во Шведска […]

Деветти пат од почетокот на војната нуклеарната централа Запорожје остана без струја и работи на дизел генератори


Сите надворешни далекуводи што ја напојуваат со струја украинската нуклеарна електрана Запорожје се прекинати, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). „Украинската нуклеарна централа во Запорожје целосно остана без надворешно електрично напојување денеска во 17:36 часот. Ова е деветти пат од почетокот на воениот конфликт и првпат од крајот на 2023 година“, објави МААЕ […]

МААЕ: Се уште не се исполнети условите за обнова на работата на нуклеарната централа Запорожје


Во моментов не постојат услови за обнова на работата на нуклеарната централа Запорожје поради недостиг на вода за ладење и стабилно снабдување со електрична енергија, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Во интервју за Ројтерс, дадено од Киев, Гроси изјави дека водата за нуклеарната централа Запорожје, која во […]

Во Италија по 40 години се враќаат на нуклеарните централи


 Владата на Италија донесе одлука за враќање на нуклеарната енергија речиси по 40 години откако беше забранета на референдум. Законот мора да биде одобрен од Парламентот. – Владата одобри уште една важна мерка за обезбедување чиста, сигурна, евтина енергија која може да гарантира енергетска безбедност и стратешка независност, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по владината […]

МААЕ информира за силни експлозии близу нуклеарната централа Запорожје


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ. Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната. – Нема жртви ниту оштетувања на […]

Франција го поврза еден од најмоќните нуклеарни реактори во светот


Франција го поврза новиот нуклеарен реактор „Фламанвил 3“ на електричната мрежа во саботата наутро, што е првпат во последните 25 години, објави државната енергетска компанија ЕДФ. Реакторот започна со работа во септември, пред поврзувањето, 12 години откако беше првично планирано, и чинеше околу 13 милијарди евра, четири пати повеќе од предвиденото. „Екипите на ЕДФ успеаја […]

Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга не ја помина безбедносната проверка


Јапонската нуклеарна агенција потврди денеска дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година. Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не […]

Пожар во нуклеарката Запорожје, нема промени на нивото на радијација


Пожарот во окупираната нуклеарна централа Запорожје нема никакво влијание врз безбедноста на локацијата, уверуваат руските власти. Руското раководство на фабриката соопшти дека екипите работат на гаснење на пожарот, што избувна во близина на разладните кули на централата и дека пожарот немал никакво влијание врз самата централа и нејзината безбедност. Евгениј Балицки, назначен од Русија началник […]

Полска и САД потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна електрана


Во Варшава денеска полските и американските претставници потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во Полска, која настојува да ја намали употребата на загадувачки фосилни горива. Премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека договорот за изградба на електрана во Померанија, во близина на Балтичкото Море, е почеток на ново поглавје за Полска. Тој рече дека електраната […]

Рама и Мелони разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која пред три дена допатува во Валона, како што беше најавено на неколкудневен одмор со семејството, имала неформална средба со домаќинот Еди Рама, со кого разговарала за изградба на нуклеарна централа во Албанија, јави Евроњуз Албанија. Според истиот извор „овој потег доаѓа бидејќи на Италија и е потребно снабдување со енергија“. […]

Чешка веќе не зависи од руско гориво за двете нуклеарни централи


Чешка веќе не зависи од Русија за горивото за своите две нуклеарни централи, а од следната година, кога ќе се потрошат залихите, централите Дуковани и Темелин ќе се снабдуваат со гориво од американската компанија Вестингхаус. -За Чешка е стратешко прашање да се ослободи од зависноста од испораките од Русија. Преземаме чекори да не зависиме од […]

МААЕ: По гранатирањето не е нарушена безбедноста во нуклеарната централа Запорожје


  Претставници Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа соопштија минатонеделното гранатирање не ја наруши безбедноста во украинската нуклеарна централа Запорожје, управувана од Русија. Четворица експерти на МААЕ, стационирани во нуклеарната електрана Запорожје, тврдат дека кон крајот на минатата недела се случило најголемо гранатирање во изминатите неколку месеци, но дека клучните безбедносни системи не се […]

Енергоатом: Повторно е во функција снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје


Надворешното напојување со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, која е окупирана од Русија, денеска е повторно во функција, соопштија украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ и телото на ОН за нуклеарен надзор. Електраната го загуби последниот преостанат далновод поради гранатирање и мораше да користи резервни дизел генератори за свои потреби, како што е ладење […]

Шефот на МААЕ побара пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси побара во Советот за безбедност на ОН пристап до нуклеарната централа во Запорожје, Украина, каде се вршат воздушни напади, за што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат. „Ситуацијата е сериозна и МААЕ мора да биде овластена да ја изврши својата мисија во Запорожје што […]