НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ
Под мотото „Силно, одговорно и чесно за пристоен живот и европска иднина“ НСДП денеска го одржа Шестиот Конгрес, конвенција на која присутвуваа 550 делегати од сите шест изборни единици. На Конгресот НСДП најави поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски за претстојните претседателски избори, како и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори. […]