Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчињa


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните. По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на […]

Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7.000 на 10.000 денари


Советниците на Општина Центар на четвртата седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7. 000 на 10. 000 денари. „Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски. Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои […]

Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники


 Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата […]

Некој во Лондон оставил новороденче во торба, го нашол случаен минувач


Човек шетајќи ги своите кучиња вчера вечерта пронашол новороденче завиткано во крпа и оставено во торба за пазарење во источен Лондон. Тогаш температурата во Њухам била под нулата, а мажот го чувал бебето на топло додека не дојде брзата помош. Полицијата соопшти дека бебето е здраво и  е пренесено во болница, а започнала потрага по […]

ДЗСИ: Медицинската документација за починатото новороденче од Прилеп уредно водена од болницата


Документацијата за починатото новороденче од Приле е уредно водена и во прилепската болница и во клиниката во Скопје. Деталниот извештај за инспекцискиот надзор се очекува во текот на денот. – Не се констатирани недостатоци од наша надлежност. Односно, медицинската документација и во прилепската болница и во Клиниката за детски болести од Скопје е уредно водена, […]

Прилепското обвинителство ја бара документацијата за новороденчето од болницата


Прилепското основно јавно обвинителство интензивно работи на предистражните дејства по отворениот предмет за случајот со новороденчето, кое на 27 октомври се роди здраво во прилепската градска болница, а по три дена поради тешко дишење беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде по една недела почина од сепса. Според основниот јавен обвинител Стевчо […]

Алиу: Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче


Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал  www.uslugi.gov.mk.  -Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата “eID” од порталот www.uslugi.gov.mk ќе […]

(Видео) Електронски извод за невороденчиња


 Во Гинеколошко-акушерска болница – Чаир, денеска се промовира новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче. На настанот присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, првиот вицепремиер, Артан Груби, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на гинекологија, д-р Башким […]

За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од Општина Центар


Наместо двајцата родители, како што беше досега, отсега за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, доволно е само едниот родител да има лична карта со постојано живеалиште во Општина Центар. Оваа одлука за измена на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во висина од 7.000 денари, која беше […]

Драстично намалени бројките на смртност кај предвремено родени бебиња


Бројките за смртност кај предвремено родените бебиња е намалена од 25% на 8%. Здравствените работници ги потенцираат современите технологии, подобрата опрема и стручност на медицинските лица како причина за позитивниот тренд.. -На предвременото породување до некаде влијаат социоекономските и демографските фактори, како што се возраст на мајката, националност, некои навики во однос на пушење, користење […]

И општина Илинден дава еднократна парична помош за секое новороденче


Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на Општината.  Од Буџетот на Општина Илинден ќе бидат издвоени по 5000 денари за секое семејство со новороденче кое е родено од 01.01.2022 година. Целта на овој проект е стимулирање на наталитетот и подршка […]

Омбудсманот отвори предмет за малолетничката која го остави своето новороденче


Народниот правобранител по сопствена иницијатива отвори предмет по сознанија во медиумите за случајот со малолетничката која го остави штотуку родено детенце пред Домот за доенчиња  во Битола. – Веднаш ги задолживме нашите службени лица во Оделението  за заштита на правата на деца и деца со попреченост, покрај писмените барања и информациии согласно надлежностите на народниот […]

Бебињата ќе добијат дрвја наесен


Првите дрвја од проектот „Дрво за секое дете“ ќе бидат засадени наесен. Дотогаш ќе се собираат податоците за новороденчињата и ќе се дизајнира изгледот на плочките со нивните имиња кои ќе стојат на дрвјата. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера посочи дека градските власти заедно со јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ имаат одредено неколку локации […]

На битолчанка бебето ѝ го прогласиле како медицински отпад


Ромите при користење на здравствените услуги секојдневно се соочуваат со многубројни проблеми, а и судскиот систем, исто така, не е на нивна страна, се жалат активисти на ромските здруженија. Тие наведуваат дека и полицијата честопати ги третира како криминалци и дека не го добиваат истиот третман како останатите и во социјалните установи. Тешко доаѓаат до […]

Новороденче донесено во полициска станица поради негрижа од родителите


Две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години завчера пред полноќ во Полициската станица Бит Пазар донеле новороденче родено на 4 март, кое не било пријавено во евиденциите на Матичната книга на родените. Како што соопштија од МВР, лицата изјавиле дека бебето било запуштено и без грижа од родителите М.Ш. и К.Н. – […]

Бебе почина на Нова Година


Новороденче старо само десет дена починало ноќеска, објави полицијата. Според МВР, лекар утрово во 7. 30 часот пријавил дека во село Трипатница, во ромската населба, во семејниот дом, починало новороденче. Смртта настанала околу три часот, веројатно поради задушување. Известен е Јавен обвинител, а телото на новороденчето е предадено за обдукција.