Новосадскиот директор на јавниот превоз финансирал купување кокаин од Еквадор?


Младен Паповиќ, вршител на должноста директор на Јавното градско сообраќајно претпријатие „Нови Сад“, е осомничен дека финансирал набавка на 15 килограми од оваа дрога во Еквадор како еден од организаторите на балканскиот картел, кој е поврзан со шверц на тони кокаин, пишуваат српските медиуми. „Како еден од организаторите на криминалната група е посочен Младен Поповиќ, […]

Нова блокада на судот и обвинителството во Нови Сад


 Новосадската опозиција најави нова блокада на зградата на судот во градот и на Обвинителството, како што нагласија – затоа што истрага за злоставувањето на Илија Костиќ се уште не е покрената, но и поради тоа што активисти се уште се во притвор, јавија локалните медиуми. Пред зградата на Вишиот суд во Нови Сад жандармеријата постави […]

Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница


Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по распит на 12 осомничени за несреќата на железничката станица во тој град, донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за приведување на 13 од нив, меѓу кои и едно лице кое е во странство, јави дописникот на МИА од Белград. Меѓу нив се и министерот во оставка […]

„Запри Србијо“ во 11.52 акција во спомен на 15-те лица загинати при падот на настрешницата во Нови Сад


Се повикуваат граѓаните на Србија денеска во 11:52 часот да застанат 15 минути во акцијата „Запри Србијо“ и да им оддадат почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. Претставници на иницијативата „Проглас“, како и дел од академската јавност и опозициските партии, упатија покана […]

Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад


Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета. Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера. Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски […]

Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“


Во Нови Сад од утрово се во сила силни безбедносни мерки по вчерашните протести кои продолжија и денеска. Пред судот се претставници и советници на опозицијата Мариника Тепиќ, Борислав Новаковиќ, Павле Грбовиќ, Борко Стефановиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Радивоје Јововиќ, Миран Погачар, Младин Цвијетиќ и други. Тие во еден момент го развиориле знамето на Србија и […]

Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва во Нови Сад


По повод трагичната смрт на Ања Радоњиќ, општина Параќин прогласи тридневна жалост. Ања Радоњиќ беше тешко повредена во несреќата по паѓањето на повеќетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Дваесет и четиригодишната Радоњиќ почина вчера во Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад. Лекарите од Клиничкиот […]

Почина една од повредените при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад


 Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов. -Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи […]

Започнаа нови протести во Нови Сад, блокирани раскрсници во близина на железничката станица


Во Нови Сад денеска се одржуваат нови протести на кои се бара одговорност за падот на настрешницата на железничката станица, кога загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени. Почна и шестчасовна блокада на раскрсницата кај станицата. Протестите ги најавија младинските активистички организации, СТАВ и Свиќе. Професорите и соработниците на Филозофскиот факултет на Универзитетот во […]

Без организиран дочек на Нова година во Нови Сад


 Градот Нови Сад нема да организира дочек на Новата година ниту на Стара нова година, од почит кон жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 14 лица, а три се тешко повредени. Според соопштението од Градската управа, одлуката ја донел градоначалникот Милан Ѓуриќ. Тој изјави дека, од почит кон […]

Двајца од повредените во Нови Сад се свесни, но се во тешка состојба


Двајца од тројцата пациенти кои се тешко повредени како последица од уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов за српски медиуми. „Двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент […]

Вучиќ повика на оставки поради несреќата на железничката станица во Нови Сад


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека луѓето се загрижени за несреќата во која загинаа 14 лица на Железничката станица во Нови Сад и дека бараат одговорност и побара од членовите на Владата на Србија да покажат одговорност, наведувајќи дека мора да го покажат тоа и да направат разлика, пренесе Бета. „Знам дека некои […]

Протест на опозицијата пред Владата на Србија: Се бараат оставки од премиерот Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад


 Во Белград пред Владата и претседателството на Србија се одржа протест поради уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот беше организиран од опозициските партиии и движења, а започна со минута молчење и читање на […]

Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета


Вршителката на должнос директорка на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета. Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, […]

Една недела по несреќата повредените во Нови Сад сè уште се во животна опасност


Тројца пациенти, кои се здобија со тешки телесни повреди при падот на бетонската настрешница на зградата на железничката станица во Нови Сад, се уште се во животна опасност, изјави утрово в.д. директор на Клиничкиот центар „Војводина“ Весна Туркулов. Иако кај двајца пациенти се забележани мали промени во стабилноста, Весна Туркулов за телевизијата К1 изјави дека […]

Уапсени деветмина за немирите во Нови Сад, се земаат мостри од фекалиите


 Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград. Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело -Насилничко […]

(Видео) Хаос пред градското собрание во Нови Сад, полицијата со солзавец на демонстрантите


Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест. По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на СНС и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и боја, јавуваат српските медиуми. Дел од нив тврдат […]

Премиерот на Србија ќе ја прифати оставката на Весиќ, очекува и други


Горан Весиќ синоќа ја информираше јавноста дека се повлекува од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, а премиерот на Србија, Милош Вучевиќ пред конференцијата во Шангај, каде престојува деновиве, изјавил дека ќе ја прифати оставката на Горан Весиќ, дознава „Блиц“. – Ќе ја прифатам оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, […]

Шефот на болницата во Нови Сад: Решив да ја извршам ампутацијата на самото место


Хирургот Драган Николиќ, началник на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, за „Блиц“ раскажува како се одвивала операцијата за спасување на повредените при уривањето на настрешницата во Нови Сад. Тој вели дека и покрај тежината на повредите, се надева дека пациентите ќе оздрават и напоменува дека е многу важно што заедно со професионалноста и […]

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица


Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и наведе дека во саботата биле сослушани 26 лица во врска со несреќата, а денеска ќе бидат сослушани уште пет лица. Во Војводина е втор ден на жалост. Поради трагедијата во Нови Сад во Црна Гора […]