Новинарот Цветковиќ тврдел дека бил киднапиран и контактирал со лица од Македонија


Белград -Весникот „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои разузнавачки извори, пишува дека „исчезнатиот па пронајден“ новинар Стефан Цветковиќ во полиција тврдел дек бил киднапиран од непознати лица, кои му се заканувале дека ќе го префрлат во Романија. Како што наведува весникот, на истражните органи им се сомнителни неговиот исказ и пронајдените докази, поради што новинарот […]

Новинарот Наум Стоилковски нов портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Двајца нови портаполи се назначени на опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Долгогодишниот новинар Наум Стоилковски и Димче Арсовски ќе ја преземат одговорноста за односи со јавноста на најголемата опозициска политичка партија. Иво Котевски останува директор на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа на 2 мај беа разгледани повеќе […]

Повторно протести во Словачка поради убиениот новинар


Десетици илјади лица протестираат денеска во различни делови на Словачка поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Демонстрантите во Братислава и во други градови во Словачка бараат темелна и независна истрага за двојното убиство, кое се случи на 21 февруари. Демонстрантите бараат смена на началникот на националната полицијата Тибор Гаспер, за што […]

Фицо подготвен да се повлече од функцијата премиер на Словачка


Словачкиот премиер Роберт Фицо објави денеска дека понудил оставка на функцијата, што се случува по притисокот од опозицијата за справувањето со скандалот со убиството на новинарот Јан Куцијак. – Денеска понудив оставка и ја доставив до претседателот на државата. Доколку тој ја прифати, подготвен сум утре да поднесам оставка и да назначам нов премиер, ако […]

Фицо го обвини словачкиот претседател за дестабилизација на земјата


Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска го обвини претседателот на Словачка, Андреј Киска дека го користи убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, за да ја дестабилизира земјата. Фицо нагласи дека „нема никаков сомнеж“ оти Киска „ја преминал границата“ со неговиот повик за смени во Владата или за распишување предвремени избори. Словачкиот премиер имплицираше […]

ФБИ и Скотланд јард ќе го истражуваат убиството на словачкиот новинар


Американското ФБИ и британски Скотланд јард како и други странски агенции помагаат на словачките колеги во истрагата за убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница, изјави денеска словачкиот минстер за внатрешни работи Роберт Калинак. Во порака на фејсбук, Калинак вели дека е во контакт со „најважните истражни агенции во светот“ кои ги замолил за […]

ЕК бара одговор од Словачка по наводите за злоупотреби, истражувани од убиениот новинар


Европската комисија осоопшти дека денеска побарала од властите во Словачка да го објаснат трошењето на средствата од ЕУ, наменети за земјоделството. Таквото барање доаѓа по сомнежите покренати со истрагата она новинарот Јан Куциак, кој беше убиен минатата недела. Комисијата ги упати прашањата до службата која врши плаќања по земјоделските фондови во Словачка. Одговарајќи на прашањето […]

Запален автомобилот на новинар од Прилеп


Новинарот Зоран Милошески од Прилеп кому ноќеска му беше запалено возилото бара надлежните што поскоро да ги откријат сторителите за овој и за случајот од пред една година, кога му беше запалена гаражата. Имено, како што објави Милошески на својот профил на социјалните мрежи, ноќеска околу 1:20 часот по полноќ му било запалено возилото марка […]

Новинар во Азербејџан осуден на шест години затвор


Азербејџанскиот новинар Азиз Оруџов (33), кој е директор на интернет телевизијата „Канал 13“, денеска е осуден на шест годишна затворска казна. „Тој е осуден поради нелегална трговија и бидејќи прифатил незаконско финансирање од страна на странски фирми“, наведе денеска неговиот адвокат Џавад Џавадов. Оруџов тврди дека обвиненијата против него се измислени и политички мотивирани. Џавадов […]