Тепачки околу Нова година, нападнати и малолетнички


Повеќе физички пресметки нотира денешниот полициски билтен, при што се тепале во и пред угостителски објекти, жени напаѓале малолетнички, а бил нападнат и полицаец. Имено, во 1.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Т.(22), од една страна […]

По новогодишната ноќ се враќа полицискиот час во Албанија


Албанските граѓани новогодишната ноќ ја минаа без полициски час, со собири на плоштадите, фамилијарни дружби и преполни угостителски објекти, наспроти минатата година кога земјата беше под целосен карантин поради пандемијата со ковид-19. Најмасовно беше на плоштадот „Скендер бег“ во Тирана, каде имаше музички спектакл на кој присуствуваа илјадници граѓани, меѓу нив и голем број иселеници, […]

Избодени три лица на концерт на Дара Бубамара – напаѓачот во бегство


  Три лица биле избодени во текотна новогодишниот концерт на српската фолк-пејчака Дара Бубамара во белградскиот хотел „Мајдан“. Како што јавува Нова.рс, до нападот дошло во тоалетот во хотелот. Набрзо по нападот концертот бил прекинат, а во хотелот стигнале голем број полицајци, како и итна помош. Едно лице е потешко повредено, но детали за сериозноста […]

Вучиќ на првиот ден во годината пиеше пиво, па се правдаше на Инстаграм


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ првиот ден од Новата година се опушти во едно кафуле во Белград на вода. Друштво му правеше премиерка та на Србија Ана Брнабиќ. Вучиќ ја сподели фотографијата на Инстаграм, а интересно е што се појасни дека пиво пие еднаш годишно. „Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, […]

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ без нарушувања на јавниот ред и мир, граѓаните одговорно прославуваа


Ова е една од најмирните новогодишни ноќи, без кривични дела и без нарушување на јавниот ред и мир, граѓаните празнуваа одговорно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оценувајќи ја новогодишната ноќ на безбедносен план. Спасовски денеска беше во посета на полициската станица во Прилеп која е последна од 70-те реновирани. – Оваа новогодишна ноќ […]

Филипче: Во Новата година родени три бебиња, од кои едно во Ковид-центарот


Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава. Филипче потенцираше се […]

Сончево со 18 степени во првиот ден од Новата година


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната […]

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва на „Партизанска“


Вечерва во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, објави Канал 5 телевизија. На булеварот „Партизански одреди“ се преврте Голф со скопски таблички, при судир со БМВ. Полицијата беше на самото место, а повеќе информации најавија по завршување на увидот. Не е познато дали има повредени во сообраќајката, а сообраќајот на булеварот се одвива по две […]

Заев: Да гледаме на Новата година како на ново поглавје од нашето заедништво


 Премиерот Зоран Заев во пресрет на нового дишните празници на сите граѓани им упати честитка со желби Новата 2022 година да им донесе многу остварувања и достигнувања исполнети со здравје, радост и со среќа.   -Почитувани мои сограѓани, на крајот од 2021 година и пред почетокот на идната, сакам уште еднаш да ви испратам најубави […]

Новата година дочекана и на Нов Зеланд


Нов Зеланд – По Самоа, Тонга и Кирибати, новата 2022 година е дочекана и на Нов Зеланд. Градскиот мост Харбор Бриџ во Оукланд и телекомуникациската и набљудувачка кула Скај Тауер беа украсени со празнично осветлување, а беше организиран и огномет, објави Би-Би-Си. Претходно, жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет […]

Израел одобри четврта доза вакцина за станарите на домовите за стари лица


Израел – Израел денеска одобри четврта доза вакцина против Ковид-19 за луѓето во домовите за стари лица и геријатриските одделенија, откако синоќа беше одобрено Израелците со ослабен имунолошки систем да се имунизираат и по четврти пат. Израел е првата земја во светот која одобри четврта доза, јавуваат израелските медиуми. Панел експерти во Министерството за здравство минатата недела препорача да се даде втор засилувач на […]

Во присуство на пандемија, но со можност за прослава во угостителски објекти граѓаните ќе ја дочекаат Новата 2022 година


Во присуство на Ковид пандемијата и со полабави мерки граѓаните ќе ја дочекаат новата 2022 година. За разлика од лани, тие годинава ќе имаат можност да ја прослават новогодишната вечер во угостителските објекти. Даниел Костовски, менаџер во ресторанот „Soul Kitchen Bar“, истакнува дека еуфоријата околу новогодишната прослава е малку поголема. Во однос на цените на […]

Нова година – што всушност празнуваме


Нова Година! Што, всушност, празнуваме на 31 декември / 1 јануари? И што значи тоа граѓанска, односно секуларна Нова Година? Тоа е моментот кога сите ние, сиот свет влегува во следното новолетие, т. е. започнува Новата Година. Зборуваме за граѓанско празнување, не за црковно. Па и таканаречената „Василица“, 1 јануари, Нова Година по Јулијанскиот календар, […]

Милијарди луѓе во светот ќе ја прослават втората Нова година во знакот на ограничувањата на Ковид


Милијарди луѓе ширум светот ќе ја прослават 2022 година, втората Нова година обележана со ограничувања поради коронавирусот. Ќе бидат потребни 26 часа помеѓу 10 часот во петок и 12 часот во сабота за целиот свет да ја пречека Новата година. Прославата започнува во островската држава Самоа, а потоа оди преку Австралија, Азија до Европа, Јужна […]

На новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. […]

Граѓаните вечерва ќе ја дочекаат новата 2022 година со полабави мерки од лани


Со полабави мерки во однос на лани, скопјани и сите граѓани ширум државата ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година. Овој 31 декември и покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е се уште присутна, граѓаните се организираат да ја прослават Новата година на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, […]

Новогодишна прослава во Њујорк и покрај рекордниот број заразени


 Новогодишната прослава на Тајмс Сквер во Њујорк ќе се одржи и покрај рекордниот број заразени со Ковид-19, потврди денеска градоначалникот Бил де Блазио. – Сакаме да покажеме дека одиме напред и сакаме да му покажеме на светот дека Њујорк се бори на овој начин, изјави Де Блазио, на кого утре му е последен ден на […]

Новогодишно издание на „Преспав“: Јелена Јованова е главна (видео)


Легендарните „Преспавци“ ќе ве забавуваат и на новогодишната ноќ. Епизодата „Преспав мјузик хол“ е закажана за 31. декември во 21 часот на МРТ1, веќе е објавен и трејлерот. Станува збор за песната српската пејачка Теа Таировиќ во изведба на Јелена од Драчево, улога која ја глуми познатата наша актерка Јелена Јованова.  – Слушнете го најголемиот новогодишен […]

Спасовски: Да празнуваме одговорно, пиротехниката да им ја оставиме на професионалците


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на сите  граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година. За претстојните празници, потсетува Спасовски, дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските. – Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да […]

Арсовска бара помош од централната власт за загадувањето во Скопје


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух. Таа потенцираше дека сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински […]