Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника


 На Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје денеска ќе се одржат два предновогодишни настани.  Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, со почеток во 10:30 часот ќе организира показна вежба со наслов „Да подариме насмевка“ за сите хоспитализирани […]

Пријавете го приходот од изнајмување за Нова година во УЈП


  Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање […]

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто


 Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се очекува да бидат исполнети за новогодишните празици, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески. За разлика од хотелите, исполнетоста во помалите сместувачки капацитети, станови и апартмани традиционално е поголема. Најбројни гости на охридското крајбрежје очекува да бидат Бугарите, потоа Турците, но нема […]

Во Битола почна новогодишното украсување на градот


Во Битола почна новогодишното украсување на градот со кое ќе бидат опфатени Офицерскиот дом, Широк сокак, плоштадот Магнолија и Старата битолска чаршија. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека украсувањето содржи многу нови елементи со кои се очекува низ битолските улици да се создаде посебна новогодишна атмосфера. -Комплетното украсување на градот […]

(Видео) Леденото време во Кина доведе до сообраќаен хаос, има и мртви


Замрзнат дожд, снег и мраз го заглавуваат сообраќајот во централна и источна Кина, додека милиони луѓе патуваат дома пред празникот на пролетниот фестивал, во студеното време што зафати делови од земјата во изминатата недела и уби најмалку две лица. Едно лице во Хубеи и друго од јужната провинција Хунан загинаа кога натстрешници на пазарите на […]

Битолчани новата година ја дочекаа пред Офицерски дом


Битолчани новата 2024 година ја дочекаа на платото пред Офицерски дом каде без огномет, но со незаборавни специјални светлосни ефекти и 3Д мапинг беше приреден спектакуларен дочек. Богатата музичка програма „Зимска приказна“ беше заокружена со битолскиот дувачки оркестар и актерот и стенд-ап комичар Марјан Ѓоргиевски, а точно на полноќ бројните посетители ги поздрави градоначалникот Тони […]

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња


Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник.   Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот […]

Новогодишна прослава на плоштадот „Македонија“


Веќе неколку денови по ред, најдобрата забава се случува во центарот на Скопје, на Плоштад Македонија. Благодарение на богатата празнична програма што ја подготви раководството на Комора на музичка индустрија, првите четири фестивалски вечери поминаа во одлична атмосфера и од ден на ден новогодишната еуфорија е сѐ поголема, а публиката побројна. 300 деца на сцената […]

Македонска музика за дочекот на Новата година на скопскиот плоштад


Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024 и сите патишта ќе водат кон центарот на Скопје. Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета […]

Крушево „победи во конкуренцијата Најновогодишен град“


Крушево, слободно може да се каже дека е најдобро украсен град во пресрет на новогодишните и Божиќните празници. Не дека Крива Паланка заостанува, ама крушевчани имаат и снег, под нозете крцкав, а на околните елки и борови им надвиснале гранките одбелата тежина. Нив и природата ги сака.  Магични фотографии од атмосферата на плоштадот во Крушево […]

Скопје новогодишно накитено со срамежлива елка


Цел месец медиумите се обидуваа да стигнат до информација дали и кога Скопје, како главен град, ќе биде новогодишно украсен. По повеќе написи, се огласија од Градот, од каде рекоа дека Скопје ќе биде новогодишно украсен на 15 декември. Тоа е утре, а Скопје навистина се украси со елка, еленчиња, лампиони, капи од Дедо Мраз, […]

Охридските угостители подготвени за новогодишните празници, се очекува добра посетеност


Охридските туристички работници се подготвуваат да ги пречекаат гостите кои ќе решат Новата 2024 година да ја дочекаат во некој од угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро. Досега потврдените резервации и успешната летна туристичка сезона укажуваат дека градот ќе биде добро посетен за „најлудата“ ноќ. Според последните информации, хотелските капацитети за престојните новогодишни празници […]

Аеродром се украсува за Нова година


На повеќе од еден месец до новогодишната ноќ, Аеродром ги започна подготовките за новогодишното украсување со што општината кон средината на декември ќе добие празничен и новогодишен лик. Во текот на вчерашниот ден преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување. Новогодишното украсување на […]

Општина Битола објави јавен повик за новогодишно украсување на градот – осум месеци порано


 Општина Битола објави повик наменет за сите креативни граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот за Новата 2024 година. Според нововостановената традиција, локалната самоуправа повикот го објави осум месец порано, а се однесува за новогодишното украсување на Старата чаршија, Широк Сокак и сите кружни текови […]

Црн биланс од новогодишните огномети во Германија, петарди и ракети фрлани врз полицијата и пожарникарите


Напади врз пожарникарите и полицајците со ракети и моќни петарди ја одбележаа новогодишната ноќ во Германија, а епилогот е десетици повредени и приведени лица. Младо лице на 17 години во Лајпциг подлегнало на повредените здобиени од несоодветно ракување со пиротехнички средства. Од тие причини, синдикатите на пожарникарите и на полицијата бараат воведување камери за снимање на […]

Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година


На социјалната мрежа Твитер се појави видео, кое наводно е направено во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје по новогодишната ноќ. Како што може да се забележи на видеото, низ ходниците се расфрлани различни отпадоци и има скршено стакло, а уништен е и еден хидрант. – Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив […]

Илјадници граѓани ја дочекаа Новата година на преполниот Градски плоштад во Охрид


  Илјадници охриѓани и гости од земјава и странство ја испратија старата и ја дочекаа Новата година на преполниот Градски плоштад во Охрид.   Забавата кулминираше пред полноќ со настапите на македонските фолк ѕвезди Ефто Пупиноски и Миле Кузманоски, а желби за многу среќа, здравје, успех, љубов… испрати и градоначалникот Кирил Пецаков. – Оваа година […]

Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година


Во магла и скромно, неколку стотини скопјани одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. За новогодишната програма, првпаt, место Градот, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава. На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, […]

Танчерки на Бали учествуваа на новогодишната парада


  Танчерките на Бали во Индонезија, учествуваа на парадата пред дочекот на Новата година, со што придонесоа за свечената атмосфера. На улиците на градот Денпасар беше многу возбудливо. Иако повеќето жители на Индонезија, Новата година ка прославија на сличен начин како повеќето земји во светот, во некои градови нагласокот е на традицијата. Имено, некои 2023 […]

Во Австралија стигна Новата година (фото+видео)


Жителите на Киримати (Божиќниот остров) први влегоа во Новата 2023 година. По средноевропско време, тие ја дочекаа новата година во 11 часот. Во 2023 година, последни ќе влезат жителите на Американска Самоа. Новата година стигна и во Австралија, а еве и неколку фотографии направени од Македонец, кој овие денови е во Австалија во посета на […]