Владата на Ковачевски ќе брои 21 член


Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе – министер без ресор, место што и припадна на Алтернатива. Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и Зоран Заев. Никола […]

Нова влада до крајот на неделава


Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Димитар Ковачевски се очекува утре до Собранието да го достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата. Во интервју за МИА, Ковачевски вели дека подготовките за новата влада […]

Ковачевски ќе го добие мандатот за составување влада од Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски денеска  ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Настанот најавен од претседателскиот кабинет за во 13 часот ќе може да се проследи во живо на Фејсбук страната и YouTube каналот на претседателот Пендаровски. Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што започна […]

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада


Откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада. Шефот на државата во телевизиско интервју истиот ден изјави дека очекува мандатот на мандатарот да му го додели во вторник или среда. –  […]

Пендаровски очекува во вторник или во среда да го даде мандатот за формирање нова влада


Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува предавањето на мандатот на новиот мандатар да се случи следниот вторник или среда. Тој вечерва изјави дека до него е стигнат дописот од Собранието за оставката на Заев, но рече дека му е потребен уште еден допис од партијата која има мнозинство за да може да го даде мандатот. […]

Алтернатива одлучи: Сали на местото на Филипче, Исмаили за потпретседател на Собранието


За нов министер за здравство во идната коалициска влада во која ќе учествува и Алтернатива, ќе биде предложен генералниот секретар на партијата и кандидат за градоначалник на Чаир на последните локални избори, Баким Сали. Хусни Исмаили, пак, ќе биде предложен за потпретседател на Собранието, беше одлучено вечерва на седница на централното претседателство на Алтернатива на […]

Зигмар Габриел нема да биде дел од новата германска влада


Техничкиот министер за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел денеска објави дека нема да биде член на новата влада на конзервативната канцеларка Ангела Меркел која ќе биде на чело на коалицијата со Социјалдемократската партија на Германија (СПД). Со коалицискиот договор е договорено новиот министер за надворешни работи да биде од СПД, а партијата најави дека […]