Нападната со нож деканката на Филозофскиот факултет во Ниш


Деканката на филозофскиот факултет во Ниш денеска беше повредена во напад на жена со нож и итно префрлена во Ургентниот центар, јави дописникот на МИА. Инцидентот се случил за време на собир на студенти и други граѓани пред протест закажан за напладне во тој град. Засега непозната жена извадила нож и ја повредила во раката […]

Студентите во Ниш утре ќе собираат парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани


Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.  Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари […]

Еден пациент во Ниш е во потешка состојба, двајцата други се стабилни


 Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа. Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим при што биле запознаени со состојбата […]

Граѓаните го „окупираа“ Ниш: „Завет за државата во која сакаме да живееме“


Ниш е местото на нови студентски протести во соседна Србија, а судејќи според снимките и фотографиите, станува збор за масовен собир. Програмата во овој град утринава започна со прошетка, по што следуваше панихида за загинатите во Нови Сад, говори и настапи, додека крајот е планиран за околу три часа по полноќ со чистење на улиците. […]

Нови големи протести овојпат во Ниш: Обезбедени ифтари за студентите и граѓаните од Нови Пазар


Во Ниш почна големиот граѓански и студентски протест „Студентски едикт“ кој ќе трае 18 часа, од 9 часот утрово до 3 часот утре изутрина. На протестот учествуваат илјадници луѓе од сите делови на Србија, а се очекува да бидат блокирани сите главни патишта во овој град. Како што го најавија своето пристигнување и група граѓани […]

Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите


Професорите, соработниците и истражувачите од Универзитетот во Ниш денеска на пленум едногласно одлучија да штрајкуваат додека не се исполнат барањата на студентите кои ги блокираат факултетите во четири универзитетски градови во Србија. Како што објави нишкиот портал „Јужне вести“, учесниците на пленумот на вработени на Универзитетот во Ниш повикаа на итен прекин на насилството врз […]

Вучиќ сака со Азербејџан да гради гасна централа кај Ниш


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека Србија и Азербејџан ќе се обидат да изградат гасна централа, која долгорочно ќе го стабилизира снабдувањето со електрична енергија на земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ, кој присуствува на Самитот за климатски промени COP-29 во организација на Обединетите […]

Кој е д-р Драган Милиќ, човекот кој ги победи СНС на Вучиќ во Ниш?


Доктор Драган Милиќ зборуваше веднаш по објавувањето на првите резултати од локалните избори и рече дека Ниш е слободен град. Милиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста откако за време на викендите бесплатно работеше со тимот за кардиохирургија од Ниш и ги укина листите на чекање. Сега тој тврди дека нема соработка со […]

Студентите од ФТУ-Охрид се закитија со медали и бројни признанија во Ниш


Од 16 до 19 мај, група студенти од студиската програма по гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, предводени од доц. д-р Климент Наумов, оствари забележителен успех на XI гастрономско-туристички фестивал во Ниш, Република Србија во конкуренција од над 20 образовни институции од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Романија и Грција. Станува збор за традиционална […]

Падна видео-бим во училиште во Ниш: Петмина се повредени


Пет лица се повредени денеска при пад на видео-бим во дворот на основно училиште во Ниш, соопштија за Танјуг од полицијата. Повредените се пренесени на Универзитетската клиника во Ниш. За инцидентот е известено Основното јавно обвинителство Ниш.

Србија и Македонија утре ќе потпишат Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје


Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ. – Ќе потпишеме Меморандум со Северна Македонија и јас сум особено горд на тоа, нагласи Весиќ […]

(Фото) Доктори од Ниш работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции


„По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот од Клиниката за кардиохирургија во Ниш работеше без парична надомест, листата на чекање за кардиоваскуларни операции во оваа клиника повеќе не постои“, објасни директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ. Тој вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување. „Листата […]

Северна Македонија земја партнер на меѓународниот саем за туризам во Ниш


Над 150 излагачи и агенции, бројни наградни игри, како и организирани посети на нишките туристички атракции, ги очекуваат посетителите на Меѓународниот саем за туризам во Ниш, кој ќе се одржи по 24-ти пат од четврток, 30 март до сабота, 1 април. За земја партнер на Саемот оваа година избрана е Северна Македонија, со која ќе […]

Драма во Ниш: Не ги пуштиле во ноќен клуб, па фрлиле солзавец и ја блокирале вратата (видео)


  Според очевидци, група млади момчиња во саботата околу 2 часот и 30 минути фрлиле солзавец во ноќен клуб во центарот на Ниш, каде што се обиделе да влезат. Од полицијата во Ниш велат дека е пристигната пријава за нарушување на редот и мирот, пренесува Блиц. Полицијата добила пријава, интервенирала велат, а истрагата е во […]

Дојави за поставени бомби на неколку локации во Ниш


  На неколку локации во Ниш, Србија стигнаа дојави за подметнати бомби. Како што за РТС потврди полицијата, на мета се Медицинскиот факултет, трговскиот центар „Делта планет“ и аеродромот „Константин Велики“. Присутните во објектите се евакуирани, а контрадиверзионите екипи се на терен. Дојавите, како што неофицијално дознава РТС, стигнале околу 13.30 часот по пат на […]

Бурек во Ниш за Гинис: Пита тешка 200 кг, ја снема за 15 минути


Најголем бурек на Балканот направен е во Ниш, а синоќа бил бесплатно поделен на граѓаните од овој град на традиционалната манифестација денови на бурекот. Овој бурек во пречник од околу два метри тежел 200 килограми, а, како што објавија медиумите, тоа не било доволно колку граѓани сакале да го пробаат. Ако се мерело времето од […]

(ВИДЕО) Со трубачи и чочеци лекарите од Ниш се вселија во новиот Клинички центар


Лекарите и останатиот медицински персонал со трубачи се вселуваа во новата зграда на Клиничкиот центар во Ниш. Директорот на Ургентниот центар Миодраг Лазиќ рече дека ваков чин заслужува да биде проследен со музика. Останатите Клиники додава тој, се преселени неколку дена порано. Официјално претседателот на рбија Александар Вучиќ овој клинички центар го отвори на 17 […]