Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата


Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Северна Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, истакна поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц во интервјуто за грчкиот информативен портал „Ин“, јави дописничката на МИА од Атина. Нимиц учествуваше на Меѓународната […]

Нимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија


Новата власт во Северна Македонија се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија. Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат […]

Нимиц: Имплементацијата на Преспанскиот договор отвора прашања за кои е потребно време


Периодот на имплементација на Договорот од Преспа ќе отвори прашања како што е работатата на Комитетот за учебниците и комерцијалната употреба на името „Македонија“, вели посредникот на ОН во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц. -Една од работите кои создаваат загриженост е иредентизмот и демонизацијата на соседот. Сама по себе промената на името бара многу […]

Нимиц: Преспанскиот договор е важен за регионот и за односите меѓу Атина и Скопје


САД- Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос. – Очигледно политичкиот прцес во двете земи напредува, а јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако […]

Нимиц го поздрави договорот за спорот за името


Посредникот на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатеното решение што го постигнаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас. – Би сакал да им честитам за успешното завршување на преговорите за разликите кои постоеја мегу нив. Не се сомневам дека договорот ке доведе […]

(Видео) Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат


Се уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот на Обединетите нации во преговорите меѓу двете земји Метју Нимиц, по разговорите со шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас. – […]

Димитров, Коѕијас и Нимиц ги продолжија преговорите во Њујорк


Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Њујорк ги продолжија преговорите за спорот со името со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. Средбата, како што беше најавено почна во 09:30 часот по њујоршко време или 15.30 часот по македонско време, а по завршување на денешната рунда […]

Катругалос: Блиску сме до договор, но ништо не е договорено ако не се договори сѐ


На средбата со Нимиц ќе се разговара за сите прашања, затоа што се наоѓаме на чекор пред постоење договор, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, во интервју за државната телевизија ЕРТ, но додава дека едно прашање влијае на друго и затоа не можеме со сигурност да говориме за договор и дека „ништо не […]

Ѕанакопулос: Го поздравуваме прифаќањето ерга омнес, но најдобро е името да произлезе од предлозите на Нимиц


Грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“. Ѕанакопулос го поздрави прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен […]

Нимиц: На 17 мај средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија


Следната седмица на 17 мај во Софија, ќе се сретнат македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, ова е пораката и веста од медијаторот Нимиц по средбата со шефовите на двете дипломатии. – Средбата можам да ја карактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, многу пати тензична. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе […]

Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио


Во истиот хотел, каде што вчера се одржа конференцијата за иднината на Европа, во местото Сунио, утрово почна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина. Димитров и Коѕијас, со посредство на Нимиц, […]

Димитров: Утре имаме задача да понудиме опции за да се сретнат премиерите, а потоа и да си подадат рака


Факт е дека утрешниот ден е многу важен, вели министерот Димитров во однос на средбата со неговиот грчки колега и медијаторот Нимиц, закажана за утре во 10.30 часот, повторно во Сунио. – Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано […]

Утре средба Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио, Грција


Утре во  местото Сунио во близина на Атина Димитров, Коѕијас и Нимиц ќе ги продолжат преговорите за името од кои зависи влезот на Македонија во Европската Унија. Останува да се види дали страните овој пат ќе успеат да ги надминат разликите околу проблематичните прашања. Новата средбата во Атина е пред средбата на двајцата премиери, Заев […]

На 12 мај средба Димитров-Коѕијас-Нимиц во Атина


Следната сабота, на 12 мај, според информациите на дописничката на МИА од Грција, ќе се одржи нова средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, во Атина. Никола Димитров и Никос Коѕијас, еден ден по учеството на конференцијата што ќе се одржи во петок во […]

ОН ја потврдија новата рунда преговори во Виена


Медијаторот на ОН во спорот меѓу Македонија и Грција околу името Метју Нимиц задутре во Виена ќе одржи состанок со шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас, потврдија од ОН. Како што стои на официјалната веб-страница на ОН, средбата е дел од напорите за пронаоѓање заемно прифатливо решение за името.

Нова средба Димитров- Коѕијас за името на 25 април во Виена


Шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас на 25 април, в среда попладне ќе имаат состанок со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц, потврди Министерството за надворешни работи. Грчкиот информативен портал Ин минатата недела објави дека новата средба се планира под голема тајност, но индиректно ја […]

„Тврдокорните“ му порачаа на Нимиц да си поднесе оставка


Стотина членови на неколку граѓански здруженија и нивни поддржувачи вечерва на протест пред Собранието на Република Македонија побараа оставка од медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, кој денеска пристигна во Скопје и утре ќе има средби со државниот врв. Учесниците во протестот побара од Нимиц да се повлече од, како што […]

Нимиц во среда ќе излезе со предлог-идеи од минатото


Медијаторот на Обединетите нации во преговорите за името меѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека нема нов предлог за името и дека на новата средба, закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото. Постои позитивен моментум […]

Нова рунда разговори за името на 17 јануари во Њујорк


Новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк, потврдија од МНР за МИА. Предвидено е медијаторот на ОН Метју Нимиц да се сретне со преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во […]

Утре во Брисел средба на Нимиц со преговарачите за името Наумовски и Василакис


Специјалниот претставник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, за надминување на разликите околу името. Нимиц, утре во Брисел ќе одржи прес-конференција по средбите со преставниците на двете земји, во 12:15 часот во зградата […]