Николоски очекува договорот со Обединетото Кралство да ја доведе Македонија до ново ниво


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти. -Стратешкото партнерство со Обединетото […]

Николоски: Бугарија покажува несериозност, провоцираат и одбиваат средби за изградба на пругата


Преку 15 дописи доставивме до бугарската страна и немаме одговор. Очигледно е дека Бугарија не сака да ја гради пругата, иако шпекулираат. Самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, многу говори за судбината на проектот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “360 степени”   Тој со јасен став дека Македонија е […]

Николоски во посета на Велика Британија, ќе ја зацврстува економската и политичката соработка


Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. […]

Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија


 Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди […]

Николоски од ОАЕ: Ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, договораме летови со Ер Арабија


Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој со владина делегација е во посета на Обединетите Арапски Емирати, објави дека се договараат летови со Ер Арабија.  Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат. -Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и […]

Николоски на средба со ЗЕЛС за нова унифицирана постапка за поставување на урбана опрема за сите општини


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија работна средба со претставници на ЗЕЛС.   На средбата се разгледуваа можностите за воспоставување на законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема, односно можноста за изработка на нов Правилник со кој ќе се уредува постапката […]

Николоски: Одзедовме 427 лиценци, другата недела ќе ги кажеме имињата на фирмите


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека од вкупниот број издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на ДУП кој изнесува 3 илјади лиценци, до денеска прегледани се 2810. Од нив, одземени се 427. – Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е […]

Николоски: Добивале лиценци, па престанувале да ги исполнуваат условите


Многу од објектите кои што легално се стекнале со лиценци за вршење на дејност, по добивањето на документот, престанувале да ги исполнуваат условите врз основа кои што ја добиле лиценцата, соопшто денеска на прес конференција во Владата, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека Владата донеле одлука да се направи контрола на сите […]

Потпишан Договор за грант од 2, 4 милиони евра за железнички граничен премин Табановце


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, денеска го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце. Договорт за грант е дел од инвестициониот пакет од 7,6 милиони евра за […]

Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на „Бехтел и Енка“, за проблемите Владата праќа молби до нив


  За проблемите на граѓаните кои излегуваат поради трасирањето на Коридор 8 од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“, Владата нема многу ингеренции и може само да ги замоли за помош.  Вака одговори министерот за транспорт Александар Николоски, на новинарско прашање дали Владата ќе им излезе во пресрет на жителите од гостиварско Здуње кои бараат […]

Николоски најави рационализација во Пошта, бројот на вработени од 1.900 ќе се намали на 1.400


Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот Бизнис Муабети. – Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1400 вработени со еден план […]

Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да се сменат, вели Николоски


Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи не го пратат чекорот со времето, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Овие закони треба да се сменат. Во рамки на Министерството работиме на тоа и кога ќе имаме драфт верзии ќе го поканиме граѓанскиот сектор да се вклучи. […]

Николоски: Ќе ставиме крај на уцените од градежниците, луѓето се иселуваат што не можат да си купат куќа или стан


Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на станбена зграда на ПУИГ во Битола. „Станбениот квадрат и во Битола, како во Охрид, Скопје, Штип отиде многу високо и тоа што би можел да го најавам за овие 65 станови кои […]

Николоски вели дека Бугарија ги прифатила македонските аргументи за пругата


Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од Коридор 8. Тој рече дека Бугарија ги прифатила нашите аргументи и се очекува втор дијалог на 31 октомври. – Имајќи предвид дека Бугарија конечно ги прифати нашите аргументи, имаше еден дијалог во Брисел со претставници […]

Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема изработено проект, ниту е обезбедено финансирањето


Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска изјави дека магистралниот пат Тетово-Призрен од македонска страна не е изграден бидејќи нема изработено проект. За овој патен правец, како што посочи, идејата е да се изработи заеднички проект со Косово со кој потоа ќе се бараат финансиски средства и изведувач на градежните активности.  Претходната влада давала […]

Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул


Во текот на наредната година двата аеродроми во земјава, Скопскиот и Охридскиот ќе се поврзат со нови шест авиолинии, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски, кој на прес конференција ги соопшти резултатите од неодамнешниот јавен повик. Така, Скопје ќе се поврзе со Дубаи, со Барселона, Лион, Штутгард , а охридскиот аеродром […]

Николоски во Солун ја опиша брзата пруга на Коридорот 10 како „најамбициозен проект“


„Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што […]

Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа


Инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи, се очекува да ги претстави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) што денеска и утре се одржува во Солун, јави дописничката на МИА […]

Од Скопскиот аеродром ќе има директни прекуморски интерконтинентални летови?


Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови што ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Тоа, како што […]