Пченицата ја набавија двојно поевтино од лани: Николовски против најавите за поскапување на лебот


  Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска на прес конференција остро ги нападна мелничарите кои најавуваат повисоки цени на лебот, посочувајќи дека годинава цените на суровините кои ги набавуваат се драстично пониски од ланските.  „Треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал зголемување на цената на лебот на грбот на граѓаните кога мелничката […]

Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро


    Фирмите и граѓаните во земјава во наредните години ќе имаат на располагање нови 97 милиони евра бесповратни средства за инвестиции во руралните средини, кои заедно со националното кофинансирање ќе достигнат значаен износ од околу 120 милиони евра. Станува збор за почеток на реализацијата на ИПАРД 3 програмата, за која се очекува да почне […]

Министерот Николовски не очекува проблеми при увозот на пченица


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има проблеми за драстично да се зголеми увозот. Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања, квалитетот на пченицата е незадоволителен, но тоа не е случај само во земјава, туку и во Србија, Грција и […]

Доделени 67 договори за локални манифестации, саеми и фестивали


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска свечено ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации, саеми и фестивали. Оваа година, пристигнаа рекордни 89 апликации. Од нив 67 ги исполнија условите и добија догвори за организација  на настани, од кои дел ќе се одржат за прв пат со наша поддршка, […]

Николовски: Ако има неоткупена пченица, треба да каже Агенцијата за стокови резерви или земјоделците


Информациите се дека има 90 отсто откупена пченица од минатата година, а Министерството преку успешни мерки и политики создаде услови за досега рекордна откупна цена, доколку одредена пченица не била откупена тоа е прашање на кое одговор можеле да дадат само земјоделците или Агенцијата за стокови резерви, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој на […]

Исплатени 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година


Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун, информира денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 […]

Николовски најави поддршка преку интервентниот фонд за раноградинарските производители кои имаат зголемени трошоци


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Николовски денеска имаше средби со производителите на раноградинарски производи и ориз од кочанскиот регион, на коишто се запозна со проблемите со кои се соочуваат и ги информираше за владините мерки за поддршка. Еден од главните проблеми за оранжериското раноградинарско производство е што има сериозни индиции за злоупотреби при […]

Николовски: Кромидот не смее да се продава по 100 денари за килограм


Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кажа дека цената на кромидот достигнува до 100 денари за килограм, иако неговата реална цена е двојно пониска, односно треба да биде 50 денари. Николовски кажа дека министерството дава поддршка за замрзнување на цените на одредени земјоделски производи. – Ова е време за солидарност, а не за профитерство. Јас нема […]

Николовски: Нашата цел е да креираме 2.000 нови мали производители на храна


 Нашата цел е да креираме 2000 нови мали производители на храна, коишто ќе ги искористат поволностите од 2019 година да може да се регистрираат и да продаваат традиционални локални производи, да продаваат од праг и од фарма и да добијат грантови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.   – Две илјади дваесет […]

Има доволно средства за дополнителна поддршка на земјоделците и сточарите, вели Николовски


Ќе ги следиме цените на влезните елементи во земјоделското производство и имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други сурови, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Зависно од потребите и барањата на подсекторските групи, според министерот, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, […]

Премиерот Ковачевски и министерот Николовски на закројување на лозје во село Ресава


Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозје во кавадаречкото село Ресава. Овој настан се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун, светецот заштитник на лозарите и винарите. По завршувањето на официјалниот дел од настанот, предвидени се изјави за медиуми на […]

Николовски: Зелената транзиција меѓу клучните приоритети на МЗШВ


Зелената транзиција е еден од клучните приоритети на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ), покрај другите реформи кои ги спроведуваме и верувам дека заеднички со одговорните компании и институциите ќе придонесеме да ја менуваме свеста, да се однесуваме одговорно и да имаме што повеќе и подобри вакви успешни примери, изјави ресорниот министер Љупчо Николовски […]

Македонија и Бугарија ќе ја унапредуваат соработката во земјоделството


Зајакнување на меѓусебната размена на земјоделско-прехранбени производи на пазарите во Северна Македонија и Бугарија, особено во услови на светска криза, со цел обезбедување доволни количини на храна за граѓаните во двете држави, беше главна тема на разговор на денешната работна средба во Скопје на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со неговиот бугарски […]

Средба на министрите за земјоделство на Македонија и Бугарија


На покана на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Скопје ќе престојува бугарскиот министер за земјоделство Јавор Гечев. Според најавите на средбата на Николовски и Гечев ќе стане збор за конкретните чекори за спроведување на Меморандумот за разбирање, што двете министерства го потпишаа во јануари годинава. Денеска во Скопје ќе престојува […]

Николовски: Очекуваме минимум 20 отсто поголема откупната цена на тутунот


Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20 отсто зголемување на откупната цена, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Преку својот фејсбук профил, Николовски информира дека одржал состанок со откупувачите на тутун. -Пред почеток на откупната сезона одржавме состанок со откупувачите на тутун. Ме информираа дека се подготвени за […]

Новиот предлог модел за субвенционирање презентиран пред лозарите од Тиквешкиот регион


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Никица Бачовски и државниот советник во Министерството, Трајан Димковски денеска во Кавадарци пред земјоделците од Тиквешкиот регион го презентираа новиот предлог модел за субвенционирање во земјоделството. Преку Агро советот и потсекторските групи на Министерството новиот […]

Целосно ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите, ветува Николовски


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера попладне престојуваше во Дебар каде во општинската зграда оствари средба со замјоделци од ова подрачје. – Од Дебар започнуваме со низата средби на кои детално, транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на […]

Нема веќе субвенции на „жими мајка“, земјоделците покрај основна ќе добиваат и дополнителна поддршка


  Стариот систем на субвенционирање каде што земјоделците довиваа субвенции без обврска да прикажат доказ дека оствариле производство се заменува со нов модел каде што сите земјоделци треба да докажат дека имаат остварено и предадено производство за да ги добијат сите субвенции. Ова денес го истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство кои на […]

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Ковачевски и министерот Николовски за субвенциите во земјоделството


Проследете ја прес конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за новиот модел на субвенционирање на земјоделството:  

Напуштено приватно земјиште ќе се дава под наем, осигурувањето ќе биде задолжително


Според измените на Законот за земјоделство, кои треба да се изгласаат во Собранието, и напуштеното земјоделско земјиште кое е во приватна сопственост ќе се дава под наем. – Во законските измени предвидуваме и напуштеното приватно земјоделско земјиште да имаме право како држава да го дадеме под наем под соодветни услови откако тоа земјиште ќе биде […]