Меѓународна поетска награда за Никола Маџиров во Кина


Никола Маџиров е лауреат на 17-тата меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ (Poetry and People – International Poetry Award) која викендот му беше доделена во кинескиот град Гуангџоу. Оваа независна поетска награда е востановена од книжевното списание „Поезија и луѓе“ и се доделува од 2005 година за посебен придонес во современата светска поезија. Досегашни […]

Никола Маџиров добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ на „Литератур Лана“


Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ која ја доделува „Литератур Лана“ во Јужен Тирол, на северот од Италија. Наградата се доделува на секои две години, а Маџиров е 19-от добитник во речиси 40-годишната историја на оваа престижна меѓународна поетска награда. Меѓу досегашните добитници биле и лауреатот на Струшките вечери […]

Поетско читање на Никола Маџиров на Светскиот поетски салон во Њујорк


Со поетско читање на македонски и англиски јазик Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски салон во рамките на Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival) кој се одржува од 14-ти до 30-ти април во салите на Њујоршката јавна библиотека. На сцената пред околу сто и педесет присутни гости, Никола Маџиров настапи […]

Поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров објавена на италијански јазик


 Италијанската издавачка куќа „Крочети Едиторе“ ја објави поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров на италијански јазик. Книгата содржи избор од неговото поетско творештво и објавена е во рамки на поетската едиција на италијанскиот издавач со седиште во Милано на 1-ви април, заедно со поезијата на Волт Витман. Во истата едиција се објавени и книгите на […]

Промоција на „Шестарот на времето“ од Никола Маџиров


Со проекција на видеа, поетско читање и музички настап вечер ќе биде промовирана поетската книга „Шестарот на времето“ од Никола Маџиров. Стихозбирката, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го обединува целокупното поетско творештво на Маџиров, еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот. Поетско-музичкиот настан „Никола Маџиров […]

Манчевски, Трајанов, Трпчевски, Дурловски и Маџиров доживотно ќе земаат по 1000 евра од државата


Собранието на Република Македонија денеска го донесе Законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, со кој се укинува доделувањето на оваа титула која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати. Законот ќе продолжи да важи за петтемина од шесте добитници на титулата. Од востановувањето во […]