Во Нигерија ослободени повеќе од 300 киднапирани лица


Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, денеска соопшти дека во најголемата еднодневна акција за спасување што досега ја спровеле безбедносните сили на земјата биле ослободени најмалку 308 лица кои претходните месеци биле киднапирани во повеќе напади на северот од Нигерија. Како што наведе Тинубу во соопштение, меѓу ослободените се 163 луѓе киднапирани во февруари од заедницата […]

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место


Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0. Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР […]

Трамп ги нападна џихадистите во Нигерија во договор со нигериската влада


  САД спроведоа напади против милитанти поврзани со групата Исламска држава (ИСИС) во северозападна Нигерија, каде што џихадистите долго време се бунтуваат. Беа погодени камповите управувани од групата во државата Сокото, која се наоѓа на границата на Нигерија со Нигер, соопшти американската војска, додавајќи дека „првичната проценка“ укажува на „повеќе“ жртви. Американскиот претседател Доналд Трамп […]

Дваесет и осум луѓе киднапирани во Нигерија


Дваесет и осум луѓе, меѓу кои деца и жени, синоќа се киднапирани во централна Нигерија. Киднапираните патувале на прослава на муслиманскиот фестивал Мавлида, во сојузната нигериска држава Платеа. Киднапирањето се случи истиот ден кога се ослободени 130 ученици од заложништво. Тие се последните ослободени од групата 250 деца што беа земени како заложници од католичко […]

Нигерија: Најавено е ослободување на 100 киднапирани ученици, се чекаат информации за уште 165 жртви


Нигериските власти обезбедија ослободување на 100 ученици кои беа земени од католичко училиште од страна на вооружени лица минатиот месец. Судбината на уште 165 ученици и персонал за кои се верува дека се уште се во заробеништво останува нејасна. Во ноември, 315 ученици и персонал беа киднапирани од интернати додека земјата се бореше со бран […]

Трамп: Можна е воена акција во Нигерија ако не запре убиството на христијани


 Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека е можно испраќање војници во Нигерија или да се извршат воздушни напади за да го спречи убиство на големиот број христијани во западноафриканската земја. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали предвидува војници на терен или воздушни напади врз Нигерија, Трамп истакна „Може да биде“. – Мислам, други […]

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе


 Во поплавите што го погодија северниот дел на Нигерија бројот на жртвите се искачи на 151 лице. Повеќе од 3.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во градот Моква поради надојдената вода. Северниот дел на Нигерија, по продолжена суша, на 29 мај беше погодена од обилни дождови кои предизвикаа поплави. Според локалните медиуми […]

Повеќе од 600 луѓе во Нигерија починале од дифтерија


Повеќе од 600 луѓе, претежно деца, починале од дифтерија во Нигерија од почетокот на епидемијата во декември 2022 година. Со 14.000 регистрирани случаи, оваа епидемија е далеку потешка од претходната во 2011 година, кога беа пријавени 98 случаи, пишува Би-Би-Си. Федералната држава Кано на северот на Нигерија е епицентарот, каде што се регистрирани повеќе од […]

По масовен грабеж во дел од Нигерија прогласен полициски час


Полициски час синоќа е воведен во североисточна Нигерија каде стотици жители ограбија огромни продавници и јавни капацитети за складирање храна, соопштија локалните власти. Тинејџерите кои живеат на улица почнаа да ограбуваат, но набрзо им се придружија стотици жители кои влегоа во продавниците и магацините за храна, земајќи сè што можеа, особено жито. Полицијата соопшти дека […]

Нигериец се обидел да го собори Гинисовиот рекорд за плачење, па делумно ослепел


Тембу Ебере се принудуваше да плаче седум дена и вели дека привремено ослепел додека лудоста за ексцентрични подвизи на издржливост ја зафаќа Нигерија. Гинисовата книга на рекорди забележа пораст на обиди да се соборат рекорди во најнаселената африканска нација во последниве месеци, поттикнати од четиридневниот маратон за готвење на готвач кој го привлече вниманието на […]

Пентагон побара истрага по информациите за убиства на деца во Нигерија


  Американското Министерство за одбрана денеска ги повика нигериските власти да спроведат независна истрага за наводите објавени од агенцијата „Ројтерс“ дека нигериската војска убила деца за време на судирите со бунтовниците. „Министерството за одбрана е загрижено за наводите изнесени во написот на ’Ројтерс’ и ние се придружуваме на повикот на Стејт департментот до нигериската Влада […]

Уапсен генералниот сметководител на Нигерија, проневерил околу 200 милиони долари


Комисијата за економски и финансиски криминал во Нигерија соопшти за апсење на генералниот сметководител, Ахмед Идрис, поради сомнение за преоверување на речиси 200 милиони долари јавни фондови. Идрис преку членови на семејството и блиски лица инвестирал во недвижен имот во Нигерија, според податоците од Комисијата. Нигерија со години се бори со корупција. Но, медиуми наведуваат […]

(Видео) Крај Нигерија експлодира брод за складирање нафта


  Брод за производство и складирање кој може да прими два милиони барели нафта експлодира крај брегот на Нигерија со 10 членови на посадата на него. FPSO Trinity Spirit, кој може да преработи до 22.000 барели нафта девно, се наоѓал во близина на Вари во јужна Нигерија кога избил пламен, јави Скај. Пловилото, кое исто […]

Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во нигериската држава Замфара


Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара. Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот. Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите. Нигериската влада долго време е во конфликт со голем […]

СП 2018: Ахмед Муса и донесе победа на Нигерија против Исланд


Нигерија убедливо со 2:0 го совлада Исланд во натпревар од групата Д на Светското првенство во Русија. За нигериската репрезентација ова е прва победа на Мундијалот, а стрелец на двата гола беше Ахмед Муса. Нигериските фудбалери одиграа одличен натпревар, особено во вториот дел кога притисокот на голот на Исланд беше постојан и беа постигнати двата […]

Нигерија: Ослободени 76 од 110 девојчиња киднапирани од „Боко харам“


Џихадисти од „Боко харам“ ослободија 76 од 110 девојчиња, кои минатиот месец беа киднапирани од едно место во Нигерија. Мештаните на градот Дапчи наведуваат дека девојчињата биле вратени од мажи за кои се верува дека се борци од екстремистичката група „Боко харам“. Тие, меѓутоа, не можеа да прецизираат колку девојчиња се вратени. Ученичките, на возраст […]

Најмалку 12 жртви во самоубиствен напад во Нигерија


Најмалку 12 лица загинаа денеска при двоен самоубиствен напад во североисточниот дел на Нигерија, соопштија претставници на локалните власти. Осум мажи и четири жени загинале во нападот, кој бил извршен на пазар во градот Биу, во државата Борно. Напаѓачите го активирале експлозивот кој го имале на себе во момент додека хуманитарни работници им раздавале храна […]