Македонски планинар загина на Олимп


Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар […]

Судир на чамци во Грција, двајца загинати


Во морскиот предел во близина на Пелопонез во областа Арголида во Грција, две лица го загубија животот, а една жена е сериозно повредена во судир на два чамци, што се случи доцна синоќа. Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека на едниот 10-метарски чамец имало 10 лица (двајца мажи, три жени и пет деца), сите странски […]

Нова несреќа на скопската обиколница, повредени двајца полицајци


Двајца полицајци во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу пет часот на обиколницата во Скопје. Според Министерството за внатрешни работи, сообраќајката ја предизвикал 30-годишен жител на тетовското село Одри. Тој, управувајќи автомобил „бмв“ удрил во возило „шкода јети“, во кое биле двајца полициски службеници. Сите тројца се повредени. „Полицајците се здобиле со повреди и […]

Трагедија во Кучково: Скопјанец починал од струен удар


Скопјанец починал вчера како последица од струен удар додека вршел градежни работи во семејната куќа во село Кучково во Скопје. Во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека вчера околу 12.05 часот во село Кучково, М.Р.(74) од Скопје, додека во неговата куќа влечел котур со кабел, паднал и починал, информира Министерството за внатрешни работи во […]

Шеесетгодишен скопјанец излета од патот и загина


Шеесетгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14.35 часот на локалниот пат од Илинден кон Ајватовци. Според полицијата, В.Д. (60), управувајќи автомобил „форд фокус“, во еден момент изгубил контрола врз возилото, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Возачот починал на самото место. Се испитуваат причините за несреќата.

Тинејџер скокнал во Матка, ја удрил главата во карпа


Деветнаесетгодишно момче се здобило со тешки повреди на главата во несреќа на кањонот Матка. Од МВР информираат дека момчето вчера околу 18.30 часот итно било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. „Според пријавеното, околу 18.10 часот во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно […]

Извлечено уште едно тело од несреќата на Дунав


Унгарија – Спасувачките тимови извлекле тело на уште една жртва од минатонеделната несреќа на Дунав во Будимпешта, соопштија антитерористичките единици ТЕК, задолжени за спасување. Телото било откриено во прозорот на туристичкиот брод кој потона при судирот со крузерот во вторникот попладне. – Спасувачките тимови вложуваат максимални напори и покрај многу ризичните временски услови и прават сè […]

Тројца загинати и 16 исчезнати по судир на два брода во Будимпешта


Унгарија – Три лица загинаа, а 16 се водат за исчезнати, oткако туристички брод се судри со друг брод во Дунав во близина на центарот на Будимпешта, јави државната телевизија. На туристичкиот брод имало 32 патника и членови на екипажот во момент на несреќата што се случила во близина на зградата на унгарскиот Парламент. Министерството за […]

Момче настрада од струен удар при обид за кражба кај железничката во Трубарево


Машко лице на возраст меѓу 20 и 25 години се здобило со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба. „При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај. Лице на возраст од 20 до […]

Камион се преврте на патот Неготино Велес, по удар во патарината кај Градско


Камион се превртел синоќа на патот Неготино – Велес откако удрил во патарината кај Градско која веќе не е во функција. Во несреќата е повреден возачот кому му била укажана лекарска помош во болницата во Велес.  – На патот Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција,  синоќа во 22:15 часот влекач […]

(Обновено) Познат идентитетот на загинатите кај Драчево


Петмина скопјани на возраст од 37 до 53 години загинаа во страотната сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер пред влезот на Драчево. На четворица од нив им е утврден идентитетот, додека за петтиот загинат сѐ прибираат дополнителни информации. Од извори на екипите што вршеа увид, „Независен“ дознава дека автомобилот „рено 5“, кој се заби во […]

Обвинителство: Возачот што усмрти полицаец бил пијан


Кумановецот што вчераутро усмрти полицаец на службена должност и повреди неколку лица, бил под видно дејство на алкохол, соопшти Основно јавно обвинителство. „Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово, кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите, на самото место починал еден од полициските службеници. […]

Скопјанец загина во бизарна несреќа: Бил прегазен од камионот што го управувал


Педесет и двегодишен маж загина во бизарна несреќа што се случи во вторникот околу 14.50 часот на крстосница од булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „4“ во Скопје. Според полицијата, Љ.А. (52) од Долно Лисиче, управувал камион „мерцедес“. Во еден момент го запрел, го оставил на улица и заедно со сопатникот излегле за да види дали […]

Младата Ерза не успеа да се избори за живот


По петнеделна битка за живот, дваесетгодишната Ерза Османи од Гостивар им подлегна на повредите од стравотната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Нејзиното срце престана да чука вчера околу 13 часот на скопските клиники. „И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот и да и ги санираат повредите, девојката, сепак, почина“, […]

Во три сообраќајки повредени повеќемина


Во три одделни сообраќајни незгоди, во текот на вчерашниот ден, повредени се возачи и сопатници. Во 11 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Џон Кенеди“ и улицата “Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Мерцедес актрос“ со скопски регистарски таблици управувано од И.К.(44) од с.Петровец-скопско и патничко моторно […]

Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци


По автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, а многу други беа повредени, полицијата приведе шест лица. „Алсат“ неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на „Дурмо Турс“. Во врска со деталите […]

ОЈО Скопје ќе презентира информации за автобуската несреќа кај село Ласкарци


Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев денеска на прес-конференција ќе презентира информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци. Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, загинаа 15 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот […]

„Етиопиан ерлајнс“ ги приземји сите свои Боинг 737 Mакс авиони


Етиопија- Авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс“ ја приземји флотата од Боинг 737 Макс авиони по вчерашната несреќа со овој тип авион во која загинаа 157 лица. Компанијата издаде соопштение во кое се вели дека ваквиот чекор е преземен како „дополнителна безбедносна мерка за претпазливост“ по вчерашната фаталната несреќа. – Иако сé уште не ја знаеме причината за несреќата, […]

Во сообраќајна несреќа во Мексико загинаа најмалку 25 мигранти


Најмалку 25 централноамерикански мигранти загинаа, а десетици се повредени во Мексико, кога камион кој ги пренесувал излетал од патот. Возилото излетало од патот меѓу градовите Сојале и Чикоасена, во јужниот дел на сојузната држава Чиапас, а која граничи со Гватемала. Главниот обвинител во земјата вели дека во несреќата најмалку 25 се загинати и 29 се […]

Четворица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово се уште во критична состојба


Четворица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи пред една недела, се уште се во критична состојба. Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“. Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, […]