Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур


Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз земјоделците кои протестираа пред зградата на Европски парламент во Стразбур поради Договорот помеѓу ЕУ и Меркосур. И покрај инцидентите, ситуацијата во областа е релативно мирна, иако главниот влез на ЕП беше затворен за посетителите. Земјоделците истакнаа транспаренти – „Меркосур е закана за нашата егзистенција“, „Не за Зелениот […]

Втора ноќ немири во Северна Ирска, маскирани лица напаѓаа полицијци и палеа возила


Стотици маскирани лица нападнаа полицајци и запалија куќи и возила во Балимина, Северна Ирска, во втора последователна ноќ на нереди поврзани со протест поради наводен сексуален напад. Полицијата соопшти за сериозни безредија во градот, кој се наоѓа околу 45 километри од Белфаст, и ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето. Новинар на Ројтерс јави дека […]

Уапсени деветмина за немирите во Нови Сад, се земаат мостри од фекалиите


 Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград. Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело -Насилничко […]

Во немирите во Саутпорт, по крвавиот напад врз деца во градот, повредени се 22 полицајци


Полицијата во англиската област Мерсисајд соопшти дека 22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, што избувнаа откако три девојчиња беа избодени до смрт, а пет деца беа тешко повредени на детски час по танцување и јога во овој приморски град . Според истражителите, нападот не е поврзан со тероризам.  Полицијата соопшти дека уапсила 17-годишно […]

Фрлаа молотови коктели и пиротехника на полициска станица во Париз


Девет лица беа уапсени откако полициска станица во париското предградие Ла Курнев беше нападната во неделата доцна навечер по судирите меѓу младите и полициските сили, изјави началникот на париската полиција. Десетици млади луѓе нападнаа полициска станица во предградие на Париз со пиротехнички средства и молотови коктели, откако 18-годишник беше убиен за време на полициска потера […]

Големи немири во Холандија. Маскирани лица ја нападнаа полицијата, стотици беа уапсени…


Холандската полиција денеска соопшти дека повеќе од 200 лица биле уапсени на новогодишната ноќ за време на немирите ширум земјата, во кои беа повредени десетици полицајци. Полицијата во неколку градови била нападната со огномети и камења, во, како што изјави полицискиот портпарол, ноќ на сериозни инциденти и „неприфатливо“ насилство, пишува Ројтерс. Полицијата во Ротердам соопшти […]

Полицијата во Штутгарт уапси 228 лица по немири на собир на Еритрејците во тој град


Полицијата во Штутгарт уапси 228 лица по судирот меѓу Еритрејците и полицајците на протестот на Еритрејците во тој град. Уапсените, кои се блиски до опозицијата во Еритреја, се обвинети дека нападнале припадници на полицијата со цел да спречат настан организиран од еритрејско здружение блиско до авторитарниот режим на оваа североисточна африканска земја. Во нередите се […]

(Видео) Немири во Париз по убиствениот напад


На улиците во Париз во моментов владее хаос, по конфликтот меѓу полицијата и припадниците на курдската заедница, чии сонародници денеска беа убиени во пукотница. Осомничениот 69-годишен маж е ранет и уапсен. Парискиот обвинител рече дека осомничениот неодамна бил ослободен од затвор откако нападнал мигранти кои живееле во шатори и дека инспекторите истражуваат можни расистички мотиви […]

Германските безбедносни органи очекуваат немири поради инфлацијата и цените на енергијата


  Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, јавија денеска германските медиуми. – Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање […]

Џафери објави снимки од последиците од синоќешното дивеење пред Собранието


По синоќешните протести против францускиот предлог кога група луѓе насилно се однесуваа пред институциите, и зградата на Собранието има штети, а снимки од резултатот објави спикерот Талат Џафери.   – Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто […]

Спасовски: Нападот на полицајците и институциите не е демократија, туку анархија (Видео)


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР и БЈБ утрово ги посетија хоспитализираните полициски службеници повредени за време на вчерашниот протест пред Собранието против францускиот предлог. МВР соопшти дека во синоќешниот протест се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници […]

Хаос во Казахстан, пристигнаа и руски војници


Казахстан и понатаму го потресуваат немири. Полицијата тврди дека десетици демонстранти биле убиени. Државните медиуми јавуваат и за најмалку 12 загинати полицајци. Стотици луѓе беа повредени. Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, побара интервенција од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO) – сојуз составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан – доцна во […]

Реакции од ЕУ и САД по нередите во албанскиот парламент


Делегацијата на ЕУ во Тирана денеска го осуди насилството за време на вчерашните протести во и пред албанскиот Парламент. – ЕУ го осудува насилството на вчерашните протести и однесувањето на пратениците на пленарната седница. Демократските процеси, било да се однесува на пленарната седница или протести, треба да се дозволи да се одвиваат на мирен начин. […]

ВИДЕО ВО ЖИВО: Немири во Израел, војската повреди над 17 лица


Повеќе од 17 лица се повредени од израелската војска за време на протестите органзиирани од Палестинците. Немирите избија денеска во окупираниот Западен брег и појасот Газа, откако САД го признаа Ерусалим како главен град на Израел. Во градовите Хеброн и Ал-Бирех на Западниот брег се собраа илјадници демонстранти, извикувајќи „Ерусалим е главен град на палестинската […]