Стар стан во Охрид продаден за 3.200 евра за квадрат, нов во Центар за 3.360, во вториот квартал продадени недвижности за 351,7 милиони евра


 Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини  за периодот април – јуни годинава.  Од продажбите на стари станови, најголемата постигната […]

Цените на недвижностите во Хрватска се зголемија за 14,1 отсто


Цените на станбените објекти во Хрватска во 2025 година беа во просек за 14,1 процент повисоки од претходната година, според податоците на Централниот завод за статистика  објавени денес. Во исто време, цените на новите станбени објекти се зголемија во просек за 13,1 процент, додека цените на постојните станбени објекти беа повисоки за 14,3 проценти, според […]

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен: Во Аеродром продаден стан за 166.500 евра


Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови – покажува годишниот извештај од регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижностите на Агенцијата за катастар на недвижностите. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33 % во […]

Недвижностите во Дубаи загубија една третина од својата вредност од почетокот на војната


Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе големи загуби, бидејќи иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност по избувнувањето на војната предводена од САД и Израел против Иран кон крајот на минатиот месец, објави Анадолу. Индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи (DFMREI) падна за околу 30 проценти од 28 февруари. […]

Пазарот на недвижности под лупа на Комитет за финансиска стабилност


Финансиската стабилност во земјава е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците, се вели во Извештајот за работењето на Комитетот за финансиска стабилност за 2025 година кој беше усвоен на седницата што се одржа вчера, соопшти Народната банка. Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови на […]

Недвижностите во ЕУ поскапеа за дури 63,6 отсто во последната деценија


Пазарот на недвижности во Европската Унија забележа значителен раст во третиот квартал од 2025 година, при што цените на становите скокнаа за 5,5 отсто, додека станарините пораснаа за 3,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Според денеска објавените податоци на Евростат, трендот на поскапување продолжува и на квартално ниво, па така недвижностите во […]

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво


 Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно, покажуваат денеска објавените податоци на Народната банка.  Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во […]

Директорот на Катастарот, Живковски: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите


Секој граѓанин својата недоумица и прашање од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата за катастар на недвижности и во директен разговор со нив да добие објаснување, во рамки на кампањата „Катастарот до тебе“, што стартува од утре, најавува во интервју за МИА директорот на Катастарот, Иван Живковски.    […]

Македонија, Црна Гора и Албанија: Недвижностите како скапоцености


  Во Црна Гора, поранешната тврдина Мамула, позната по својата темна историја, е претворена во луксузен хотел. На албанската ривиера, во близина на Валона, е изграден ексклузивниот комплекс „Зелен брег“, додека во Драч се реализира амбициозен проект за реконструкција на главното пристаниште, вклучувајќи луксузна марина и станбен и угостителски центар, пишува германскиот економски весник „Ханделсблат“. […]

Ова се најдобрите градови за инвестирање во недвижности: Еден град од регионот е високо рангиран


Подгорица беше рангирана на третото место на листата на седум најдобри европски градови за инвестирање во недвижности во 2025 година, според истражувањето на Global Property Guide. Ова може да се припише на постојаното зголемување на цените за изнајмување на недвижности во главниот град на Црна Гора, каде месечната кирија за гарсоњера, според проценките, не може […]

Лионел Меси спроведе инцијална јавна понуда за неговиот недвижен имот


Фудбалската ѕвезда Лионел Меси спроведе првична јавна понуда на неговиот имот (ИПО), вреднувајќи го портфолиото на 223 милиони евра (232 милиони долари). Компанијата, наречена Edificio Rostower Socimi, е наведена како фонд за инвестирање во недвижнини и поседува седум хотели, комерцијални имоти за продавници и канцеларии, како и куќи, според проспектот. „Ростовер“ забележа загуби и во […]

Србите „навалија“ на хрватските недвижности


На хрватскиот пазар на недвижности граѓаните на Словенија веќе традиционално се најдобри купувачи, односно редовно стануваат сопственици на најголем број куќи и станови, па лани купиле 3.403 од нив. Но, како што дознава „Јутарњи лист“ од сопствениците на агенциите за недвижности, ако се гледаат набавките од граѓаните од регионот, годинава нешто поголем интерес за купување […]

Втора Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА


Втората Конференција за комерцијални недвижности, во организација на ФОРТОНМКА ќе се одржи денеска во Скопје, на која локални и меѓународни професионалци ќе дебатираат за најновите трендови и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности. Целта на конференцијата, како што наведува организаторот, е да овозможи квалитетна платформа за дијалог и размена на идеи и […]

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА


  Во хотелот Дабл три (DoubleTree by Hilton) во Скопје утре ќе се одржи втората Конференција за комерцијални недвижности, во организација на ФОРТОНМКА. Конференцијата ќе биде домаќин на локални и меѓународни професионалци и ќе отвори дебата за најновите трендови и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности. Целта на Конференцијата за комерцијални недвижности […]

Пропаѓа уште еден гигант за недвижности?


Акциите на „Кантри гарден“ (Country Garden), последниот голем кинески гигант за недвижности што го избегне банкрот, паднаа, предизвикувајќи паника на пазарот и лути коментари на социјалните мрежи, пишува Њујорк Тајмс. „Кантри гарден“ се сметаше за златен стандард на се понестабилниот кинески пазар на недвижности, а сега инвеститорите го сметаат за темпирана бомба. Таа компанија со […]

Германскиот сектор за недвижности е во криза


Германија долго време има корист од ерата на евтини пари што поттикна децениски бум на недвижностите, но секторот сега се соочува со голем пресврт. Во најновите знаци на стрес во секторот, најголемата германска групација за недвижности „Vonovia“ известува за загуби и отпишувања од повеќе милијарди евра, а растот на работните места за градежните работници е […]

ЕЦБ предупредува на неконтролиран пад на цените на недвижностите поради високите камати


Цените на становите во еврозоната би можеле неконтролирано да паднат, бидејќи становите стануваат недостапни за граѓаните и непривлечни за инвеститорите поради високите каматни стапки, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа е еден од неколкуте ризици истакнати во анализата на ЕЦБ за финансиската стабилност, при што повисоките трошоци за задолжување и побавниот економски раст ги повредуваат […]

Драматичен пад на пазарот на недвижности низ Европа


Низ Европа, цените на недвижностите драстично паднаа во последните месеци, забележуваат аналитичарите. По неколкумесечни предвидувања за тоа кога и каде најпрво би можел да падне пазарот на станови, Шведска беше најтешко погодена од контракцијата. Вредноста на имотот е намалена за 15 отсто од својот врв, а економистите се загрижени дека „драматичната промена“ би можела да […]

Пазарот на недвижности во Шведска е пред колапс


Високата инфлација и зголемените трошоци за задолжување влијаеле на значителен пад на вредноста на недвижностите ширум светот, а една од најпогодените земји од овој проблем е Шведска, пренесува „Блумберг“. По децении бум на недвижности поттикнат од евтини кредити и недостиг на станови, Шведска сега се соочува со остар пад на пазарот на недвижности што се […]

Цените на недвижностите во регионот скокнаа за повеќе од 30 отсто


  Силен скок на цените на недвижностите е присутен на пазарите во поголемите градови во регионот – во Загреб, Белград, Сараево, Бања Лука, Подгорица, пишува Јутарњи лист. За една година цените на становите скокнаа за повеќе од 30 отсто, а по почетокот на војната во Украина и доаѓањето на голем број Руси и Украинци, цените […]