ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката


Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. […]

НБМ: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година


Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, којашто ги вклучува податоците за последниот квартал од 2024 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталотза изложеностите на банките кон клиенти од земјава, односно таа да се задржи […]

Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 процентни поени


На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето […]

Квалитетните и јавно достапни статистички податоци се предуслов за економски напредок


„Народната банка обезбедува квалитетни, детални и навремени податоци коишто веродостојно и објективно ги преставуваат финансиските и макроекономските состојби и трендови во економијата. Добрата статистика е предуслов за донесување одлуки и политики засновани на докази, вклучително и за централната банка во водењето ефективна монетарна и финансиска политика, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста, а со тоа и […]

Презентиран труд од тим од Народната банка на меѓународната статистичка конференција на Комитетот „Ирвинг Фишер“ и БИС


Во рамките на Дванаесеттата биенална конференција на тема: „Статистиката и пошироко: нови податоци за донесување одлуки во централните банки“, организирана од Комитетот за централнобанкарски статистики „Ирвинг Фишер“ и Банката за меѓународни порамнувања беше презентиран труд од областа на статистиката, изготвен од вработени во Народната банка. На настанот, директорката на Дирекцијата за статистика, Снежана Јанеска-Поповска, го […]

Народна банка предупредува за измами преку лажни телефонски повици, е-маил или СМС пораки


Измамници мамеле граѓани преку телефон, претставувајќи се во име на Народна банка. Од Народната банка уверуваат дека нивни претставник или вработен, во ниту еден случај нема телефонски да побара од граѓаните број на сметка, ПИН или друг вид личен податок, ниту пак да бара да се уплатат средства на одредена банкарска сметка. – Злоупотребувајќи го […]

Ангеловска-Бежоска: Оцената на ММФ е дека Народната банка е добар пример за транспарентност и отчетност во примената на Кодексот за транспарентност на ММФ


На покана на Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска одржа предавање на „Форумот за примена на Кодексот за транспарентност на ММФ“, на кој ги сподели позитивните искуства на Народната банка во примената на најновите и највисоките меѓународни стандарди и најдобрите практики за транспарентност и отчетност на централните банки. […]

Се одбележуваат 32 години од воведувањето на денарот


На 26 април пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка. – Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 […]

ФИЧ: Со мерките на Народната банка инфлацијата и натаму ќе забавува


Соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната кај нас придонесоа за намалување на инфлацијата“, ги посочува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во својот последен извештај за земјава, во кој го потврдува кредитниот рејтинг од „ББ+“ со стабилен изглед. Во извештајот на „Фич“ се […]

Совет на Народна банка: Монетарната политика ќе придонесе за забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на курсот


 Советот на Народната банка на вчерашната редовна седница го усвои Кварталниот извештај за последното тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се наведува дека во последниот квартал лани, Народната банка нема направено дополнителна промена во поставеноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Тековното ниво на основната каматна стапка, заедно со промените кај задолжителната резерва, […]

Народната банка и МЖСПП ќе соработуваат во сферата на климатските промени


 Народната банка и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе разменуваат релевантни информации и податоци за изработка на калитетни анализи и политики. Ова е договорено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за животна средина Каја Шукова.  – Ефектите од климатските промени ги засегаат сите општествени сфери, вклучително и финансиите, поради што сѐ […]

Народната банка донесе Насоки за банките за управување со ризиците поврзани со климатските промени


 Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која ги донесе првите Насоки за управување со ризиците поврзани со климатските промени, коишто деловните банки ќе ги земат предвид при формулирање и спроведувањето на својата деловна стратегија и во процесот на управување со ризиците. Како што соопшти Народна банка, овие насоки се дел од […]

НБ: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%


Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во јули таа изнесува 1,50%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити исто така бележи раст и изнесува 5,49%. Во јули 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,49%, што претставува месечен и годишен раст од 0,37 п.п. и 1,16 п.п., соодветно. Просечната […]

НБМР: Парите на сметките на граѓаните се безбедни и достапни


Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на […]

Народната банка се придржува до стратегиската определба за давање придонес во едукацијата и професионалната надградба на економските кадри


Народната банка, како општествено одговорна институција, се придржува до својата стратегиска определба за вложување во едукацијата и професионалната надградба на економските кадри во земјата и во регионот. За таа цел, и оваа година се вклучи со своја експертиза во 49. регионален курс за главните аспекти на меѓународната економска агенда за земјите од Источна Европа организиран […]

Вицегувернерката Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте


Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено во помалку развиените економии. Сѐ поголем број централни банки гледаат на зеленото финансирање како на дел од нивниот мандат. Народната банка преку серија активности придонесува кон поттикнување на зеленото финансирање во домашната економија“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју при […]

НБРМ одржа 150 предавања за финансиска писменост на младите


Народната банка спроведе засилени активности во доменот на финансиската едукација преку изведување обуки за учениците, спроведување едукативни презентации, едукативни материјали, натпревари, квизови и објави на едукативни содржини и во учебната 2022/2023 година. Народната банка ја заокружи годината со изведени над 150 едукативни предавања за јакнење на финансиската писменост и инклузија, со голем број учесници, меѓу […]

ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен


Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со […]

Трибина на Народната банка: Економското новинарство од осамостојувањето до денеска ‒ придонесот во информирањето и финансиската едукација на јавноста


„Денес постои консензус дека јасната, ефективна и едноставна комуникација на централните банки e една од клучните алатки во исполнувањето на нивните мандати. Преку својата комуникација тие влијаат врз очекувањата, ја намалуваат неизвесноста и создаваат попредвидлив амбиент, а на тој начин и реакциите на економските субјекти стануваат попредвидливи“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на трибината со новинарите, […]