НАТО одобри дополнителни сили за решавање на ситуацијата на Косово


НАТО денеска објави дека „одобриле дополнителни сили за решавање на актуелната ситуација“ на Косово, но веднаш не го прецизираше бројот и не кажа од кои земји. Судирите меѓу полицијата и вооружените Срби кои се криеја во манастир минатиот викенд претворија мирно село во северно Косово во воена зона. Косовскиот претседател Вјоса Османи ги обвини Србија […]

НАТО потпиша рамковни договори за 2,4 милијарди евра за муниција за Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека Алијансата потпишала рамковни договори во висина од 2,4 милијарди евра за муниција за Украина. – Ова ќе им помогне на сојузниците да ги надополнат своите резерви додека продолжуваат да ја снабдуваат Украина, истакна Столтенберг. Тој ја повтори поддршката за Украина, […]

Претседателот на унгарскиот Парламент – можно одложување на ратификацијата на влезот на Шведска во НАТО


„Не е сигурно“ дека Унгарија треба да го одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави претседателот на унгарскиот Парламент за локалната телевизија HirTV доцна синоќа, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот. Унгарскиот процес на ратификација е закочен во Парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во […]

НАТО: Поголемите издвојувања на земјите членки за одбрана не значи автоматски поголема безбедност


Висок воен претставник на НАТО синоќа предупреди дека драстичното зголемување на цените на оружјето значи дека повисоките трошоци за одбрана на сојузниците не се претвораат автоматски во поголема безбедност и повика на повеќе приватни инвестиции во одбранбените компании. „Цените за опремата и муницијата растат. Во моментов, ние плаќаме се повеќе и повеќе за истото“, нагласи […]

Петровска: Покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, овојпат со Португалија


Денеска е важен ден за нашите министерства и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција по […]

(Видео) НАТО со честитка за Денот на независноста: „Да прославиме заедно“


НАТО Алијансата упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „Ретвитнете за да се приклучите во прославувањето на нашиот сојузник Северна Македонија на Денот на независноста“, се вели во објавата на официјалниот профил на НАТО на платформата „Х“. Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 #NorthMacedonia on #IndependenceDay 🤝 @MKmissionNATO #WeAreNATO […]

Сенатот сака да го одземе правото на американските претседатели за повлекување на САД од НАТО


Американскиот Сенат синоќа гласаше за вклучување на амандман во законот за трошоци за одбрана за 2024 година според кој претседателот на САД ќе го изгуби правото за унилатерална одлука за повлекување на САД од НАТО.  Двајца американски сенатори, демократот од Вирџинија Тим Кејн и републиканецот од Флорида Марко Рубио, се креатори на оваа легислатива, а […]

Ердоган попушти – се согласи Шведска да влезе во НАТО


  Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во понеделникот изјави дека Турција се согласила да ја поддржи кандидатурата на Шведска да се приклучи на воената алијанса. Најавата доаѓа во пресрет на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, и претставува неверојатен пресврт на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој претходно во понеделникот предложи Шведска да се приклучи […]

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО


 Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде […]

Гран: Безбедносното опкружување на НАТО бара долгорочно одржување на трошоците за одбраната


Состојбата со безбедноста во соседството на територијата на земјите на НАТО по руската анексија на Крим во 2014-та, а особено по инвазијата на Русија врз Украина во февруари минатата година го актуелизира прашањето за споделување на товарот на трошоците меѓу членките на Алијансата.  Како што наведува соработникот на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) и […]

На Столтенберг денеска ќе му биде продолжен мандатот во НАТО уште една година, велат дипломати


Двајца американски и двајца европски дипломати изјавија дека земјите членки на НАТО се очекува денеска да му го продолжат мандатот за уште година дена на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавија дел од американските медиуми. За одлуката се соопштуваше изминатите недели, но се очекува амбасадорите на НАТО официјално да го утврдат продолжениот мандат на […]

Монд: Франција одлучи да го поддржи пристапот на Украина во НАТО


Франција е решена да го поддржи приемот на Украина во НАТО со цел да го зголеми притисокот врз Русија додека украинската контраофанзива е во тешкотии, објави денеска парискиот весник „Монд“. Пред годишниот самит на НАТО на 11 и 12 јули во Вилнус, „Франција, во разговорите со сојузниците на Украина, го фаворизира пристапот дека треба да […]

Формиран НАТО Центар за заштита на подморската инфраструктура


 Во Нортвуд, северозападен Лондон денеска НАТО го отвори новиот Центар за заштита на подморските цевководи и кабли. – Заканата се развива. Руските бродови активно ја мапираат нашата клучна подводна инфраструктура. Постои зголемена загриженост дека Русија би можела да ги таргетира подморските кабли и другата клучна инфраструктура во обид да го наруши животот на Запад, изјави […]

Поделби во НАТО околу изборот на нов генерален секретар


  Прашањето за избор на нов генерален секретар на НАТО во време кога западната воена алијанса се соочува со бројни предизвици предизвика поделби во Алијансата, бидејќи членките од Источна Европа сакаат наследникот на Јенс Столтенберг да биде од тој регион, кој доби особено значење со руската инвазија врз Украина, го пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) […]

Шведска ќе дозволи распоредување на војници на НАТО и пред таа да стане членка на Алијансата


Шведска ќе му дозволи на НАТО да распореди војници на нејзина територија дури и пред официјално да се приклучи на Алијансата, изјавија денеска премиерот Улф Кристерсон и министерот за одбрана Пал Јонсон. Минатата година Шведска поднесе барање за влез во НАТО поради рускиот напад врз Украина, но Турција и Унгарија го одложија нејзиниот прием. „Владата […]

Источното крило на НАТО очекува унапредување на врските со Украина до самитот во Вилнус


Земјите од источното крило на НАТО очекуваат самитот на Алијансата во Вилнус во јули да ја стави Украина на појасен пат кон членство откако ќе заврши војната со Русија, беше објавено синоќа на самитот на источните членки во Братислава, пренесе Хина. Сојузниците на НАТО се расправаат за брзината на евентуалниот пристап на Украина во НАТО, […]

Столтенберг ќе испрати 700 војници на Косово


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во Осло дека ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово. Поради конфликтот што ескалира на почетокот на неделава на Косово, НАТО ќе одговори со испраќање 700 војници. Ова го потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во изјава во Осло, пренесува турската новинска агенција „Анадолија“. Според него, на […]

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово


НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата во кои беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од алијансата. „Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со […]

НАТО го осуди неиспровоцираниот напад врз мировните трупи на Косово


НАТО остро го осуди неиспровоцираниот напад во кој беа повредени најмалку триесетина мировници – иако медиумите шпекулираат со бројка од околу 41 војник- кои се справуваа со демонстрантите во Косово во понеделникот, додека тензиите се разгоруваат во оваа балканска држава. „Додека се спротивставуваа на најактивните делови на толпата, неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент […]

Јапонскиот премиер: Нема да влеземе во НАТО


Јапонскиот премиер Фумио Кишида во средата изјави дека неговата земја не планира да стане членка на НАТО, но додаде дека е запознаен со плановите за отворање канцеларија за врски во Јапонија. Кишида ги даде коментарите откако јапонскиот амбасадор во Соединетите држави претходно овој месец рече дека воениот пакт предводен од САД планира да отвори канцеларија […]