Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за нуклеарно прилагодување


Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на состанок што ќе се одржи денеска и утре во Брисел ќе разговараат за прилагодувањето на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина. – Во рамки на министерскиот состанок ќе се состане групата за нуклеарно планирање, на која сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната […]

Столтенберг: Украина сѐ уште може да победи, но само со поддршка на НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека „дојде време“ членките на алијансата да преиспитаат некои од ограничувањата за употребата на оружјето што ѝ се доставува на Украина за борба против Русија. „Сојузниците ја снабдуваат Украина со различни видови оружје и некои воведоа ограничувања за употребата на ова оружје, тоа се национални одлуки. Но, […]

Шест земји од НАТО ќе градат „ѕид од дронови“ кон Русија


Шест земји од НАТО планираат да развијат „ѕид на дрон“ за одбрана на границите со Русија. Министрите од Финска, Норвешка, Полска и трите балтички земји во текот на викендот изјавија дека разговарале за создавање координиран систем за беспилотни летала долж нивните граници со Русија за да „спречат шверц и понатамошни провокации“, објави Фајненшл тајмс. „Ова […]

Парламентарното собрание на НАТО започнува утре


На седницата, која ќе трае до 27 мај, ќе се соберат парламентарци од 32 земји членки и 25 земји партнери, а главни теми ќе бидат евроатлантската одбранбена и безбедносна агенда со фокус на поддршката за Украина и приоритетите за самитот на НАТО во јули во Вашингтон, објавија организаторите. На седницата ќе се разговара за извештаите […]

До сега 44 компании во земјава добија пристап до НАТО пазарот


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Штип го додели сертификатот на штипската компанија „Актива“, која ќе може да конкурира на тендери и ќе има пристап до НАТО пазарот. Таа истакна дека досега 44 компании во земјава  добија пристап до НАТО пазарот. – Особено ми е задоволство и сум воодушевена од она што денес го […]

Воздухопловните сили на сојузничка Италија од денеска ќе патролираат над македонското небо


Од денеска Република Италија со своите воздухопловни сили и официјално се вклучува во НАТО Мисијата за воздухопловно патролирање на македонското небо. Техничкиот договор за вклучување на италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над нашето небо денеска во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, Славјанка Петровска и Гвидо Кросето. Министерката […]

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО


Пратеникот на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Дритон Хисени соопшти дека статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО е подигнат од членка-набљудувач на ниво на придружна членка, јави дописникот на МИА од Приштина. Хисени, кој е шеф на делегацијата на косовското Собрание во Парламентарното собрание на НАТО, преку објава на својата страница на […]

Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата


Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. На отворениот ден беа […]

Отворен ден на Армијата по повод годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од основањето на Алијансата


На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден на Армијата, организиран по повод четиригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. На отворениот ден ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин. Граѓаните на […]

Војниците во Европа си заминуваат токму кога се најпотребни на НАТО


ПАРИЗ – Повеќе не се работи толку за регрутирање нови војници колку за убедување на постоечките да не се откажат. Оваа недела, францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну претстави план за задржување таленти за да го поттикне воениот персонал да остане во униформа. Тоа доаѓа неколку дена откако годишниот извештај доставен до германскиот парламент покажа дека […]

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа на Балканот


Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море. Проектот вреден 2,7 милијарди долари ќе ја прошири 57-мата воздухопловна база „Михаил Когалничеану“ на романските воздухопловни сили, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе […]

Петровска: Не постои политичка сила во државава што може да ја изнесе Македонија од НАТО


  Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, оценувајќи го можниот исход од изборите и разните идеи што произлегуваат од кандидатите, смета дека не постои политичка сила во земјава што може да ја изнесе Македонија од членството во Алијансата. Но, со оглед на тоа колку беше тивко ВМРО-ДПМНЕ изминатите две години околу Украина, таа очекува дека, ако […]

Тужбите кон Министерството за одбрана ќе станат минато, прекувремената работа сега ќе се плаќа целосно


Вработување без јавен оглас за критичните професии, плаќање на реален надомест за прекувремената работа, напредување според заслугите и спречување на партизација, отворање на АРМ за кадри со попреченост, за деца на умрени и загинати војници во АРМ и слични одредби се дел од првиот закон за вработените во АРМ, кој по повеќе месеци блокади од […]

Шведска стана членка на НАТО, соопшти американската Влада


Шведска денеска се приклучи кон НАТО како нејзина 32.членка, соопшти американската Влада, цитирана од ДПА. Во официјалното известување од американскиот Стејт департмент се вели дека денеска стапил на сила „Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Кралството Шведска“. Пристапувањето на Шведска значи дека сите сојузници во НАТО, вклучително и САД се посветени на одбрана на […]

Шведска денеска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО


Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, денеска и официјално ќе стане 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување за да не го навлече гневот на Москва. Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на […]

Песков: Војници на НАТО во Украина ќе значат директен судир со Русија


Појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.  Одговарајќи на новинарско прашање за ризикот од ескалација и директен конфликт со НАТО во случај на појава на војници на Алијансата на територијата на Украина, Песков посочи […]

Унгарскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за НАТО


Унгарскиот парламент попладнево ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за НАТО, отстранувајќи ја последната пречка за проширување на воената алијанса поттикната од руската инвазија на Украина. Парламентот ја одобри кандидатурата со 188 гласа за и шест гласа против членството на нордиската држава.  Унгарија беше единствената од 31 земја-членка на НАТО која сè уште не го ратификуваше […]

Унгарскиот парламент треба да одлучува за кандидатурата на Шведска за НАТО


Унгарскиот парламент денеска се очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО, пренесе ДПА. Пратениците треба да гласаат за барањето на Шведска за членство во НАТО на првата пленарна седница по враќањето на парламентот од зимскиот распуст. Се очекува гласањето да биде попладне. Собраниските комисии веќе ја одобрија ратификацијата, недостасува само согласност од целосното […]

Столтенберг: Наместо да ѝ ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата


Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар […]

Столтенберг: Сугестијата дека НАТО нема да ги брани сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите


Членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во […]