Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што прави НАТО за една година, вели Руте


Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска дека Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што НАТО успева да произведе за една година, иако таа е економски дваесетпати поголема од Русија. „Русија се префрли на воена економија. Се уште не сме го сториле тоа. Треба да го забрзаме производството и да ја намалиме […]

НАТО испрати два брода во Балтичкото Море по прекинот на подморските кабли


НАТО испрати два брода да ја надгледуваат руската подводна инфраструктура и таканаречената „фантомска флота“ во Балтичкото Море по неодамнешното прекинување на подморските кабли во областа, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи. Електричниот кабел Естлинк 2 и четирите телекомуникациски кабли што ја поврзуваат Финска со Естонија беа оштетени кон крајот на декември, а неколку дена […]

Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто. -Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти, рече тој за време […]

Албанија ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година


 Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година. На годишниот состанок, Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година. – Присуството на американскиот претседател и сите лидери […]

Речиси никој во НАТО нема една агенција за безбедност каква што подготвува Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан до каде е со реализација најавеното спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност на што тој одговори дека се во подготовка реформи за кои ќе биде потребно време. Тој тврди дека ваква реформа за спојување на безбедносните агенции има во најголемиот дел о земјите на […]

Словенија испраќа војници во Бугарија за засилување на источното крило на НАТО


Министерството за одбрана на Словенија денеска соопшти дека ќе испрати 20 војници во Бугарија, во составот за зајакнување на источното крило на НАТО. Интеграцијата на словенечката армија во борбената група на НАТО во Бугарија, во која заедно со водечката земја Италија, редовно и периодично ќе учествуваат и сојузниците – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, […]

НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади


НАТО стравува од нови сериозни акти на саботажа и кибер-напади на територијата на алијансата, изјави висок функционер на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Како што пренесе ДПА, тој рекол дека „особено Русија се чини дека станува сè поподготвена да повредува или загрозува животи преку саботажа во земјите-членки на […]

Руте: Членките на НАТО мора да издвојуваат повеќе од два отсто од БДП за одбраната


Одвојувањето за трошоци за одбраната од два отсто од националните БДП не е доволно и земјите членки на НАТО ќе мора да издвојуваат повеќе средства за зајакнување на своите одбранбени капацитети, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Пактот, на кој учествува […]

НАТО може да го активира членот 5 поради руска саботажа, вели шефот на германското разузнавање


Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна одбрана од членот 5 на Алијансата, изјави синоќа шефот на германската служба за надворешно разузнавање (БНД). Говорејќи на настанот на тинк-тенк DGAP во Берлин, директорот на БНД, Бруно Кал, рече дека очекува Москва дополнително да […]

НАТО ја потврди својата поддршка за Украина


Во Брисел денеска се одржа состанок на Советот НАТО-Украина (НУЦ) на кој амбасадорите разговараа за безбедносната ситуација во Украина по руското лансирање на експериментална балистичка ракета со среден дострел (ИРБМ) минатата недела. Високи украински воени претставници го информираа Советот преку видео врска, соопшти Алијансата. За време на состанокот, сојузниците на НАТО ја потврдија својата поддршка […]

Шефот на делегацијата на НАТО во Киев вели дека Украина има право да гаѓа цели во Русија


Украина има апсолутно право да гаѓа цели во Русија од каде што беше нападната, врз основа на меѓународното право кое го гарантира правото на самоодбрана, изјави денеска шефот на делегацијата на НАТО во Киев, Патрик Тарнер, наведувајќи дека Киев веќе го користи тоа право. Тарнер во интервју за Укринформ рече дека раководството на НАТО го […]

Блумберг: Источноевропските земји ги зголемија трошоците за одбрана на рекордни нивоа


По руската инвазија на Украина, 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на ниво невидено од падот на комунистичките режими – на 70 милијарди долари само оваа година, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори. Значителен дел од опремата се купува за да се замени советската опрема испратена во Украина, а овие земји исто […]

Велт aм Зонтаг: НАТО распоредува 49 нови бригади во Европа


НАТО планира да ги зголеми своите сили со распоредување на 49 нови борбени бригади, што претставува околу 250.000 војници, со цел да се спречи руска агресија врз Европа. Оваа информација ја објави Велт aм Зонтаг (Welt am Sonntag), повикувајќи се на доверливи планови на германското Министерство за одбрана, до кои дојде овој медиум. Основите на […]

Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани


 Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.  – Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на […]

Марк Руте официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО


На свечена церемонија во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи примопредавање на должноста генерален секретар на Алијансата меѓу досегашниот вршител на ова функција Јенс Столтенберг и неговиот наследник Март Руте.  Со одржувањето на церемонијата, поранешниот холандски премиер Руте и официјално ќе ја преземе должноста генерален секретар на НАТО со мандат од пет […]

Од Трамп до Путин: Клучните предизвици со кои ќе се соочи Руте во НАТО


Поранешниот холански премие Марк Руте ќе ја преземе во вторник функцијата нов генерален секретар на НАТО во опасен момент за западната воена алијанса. НАТО се бори со големи предизвици – со руската војна во Украина што беснее трета година, нејзината водечка сила САД ја поставија на тешки избори како и Кина во пораст. Еве ги […]

Седиштето на НАТО сили во Финска би можело да биде лоцирано на 300 километри од Санкт Петербург


Седиштето на копнените сили на НАТО може да биде лоцирано во финскиот град Микели, соопшти Министерството за одбрана на Финска. Микели е на околу 300 километри од рускиот града Санкт Петербург.  – Министерството за одбрана предложи штабот на Командата на копнените сили на НАТО да биде лоциран во Микели, каде што веќе се наоѓа штабот […]

НАТО Алијансата упати честитка по повод Денот на независноста


Северноатланската алијанса НАТО упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. Преку објава на платформата X, НАТО Алијансата повикува на придружување во славењето на Денот на независноста, на како што велат „нашиот сојузник Северна Македонија“. Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 North Macedonia on their Independence Day!#WeAreNATO 🤝 @MKmissionNATO pic.twitter.com/eH3gqa3qBK […]

НАТО Советот за Украина ќе заседава утре по барање на Киев


 По барање на Киев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг свика седница на Советот НАТО-Украина, која ќе се одржи утре, соопшти портпаролката на Алијансата, Фара Дахла. – Средбата ќе се одржи на ниво на амбасадори, изјави Дахла. – Се очекува украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, преку видеоврска да ги информира сојузниците за ситуацијата на […]

Шефот на израелската дипломатија го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата


 Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата, по контроверзната изјава на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Во светло на опасната реторика на турскиот претседател Ердоган и заканата за напад на Израел, министерот за надворешни работи Израел Кац им нареди на дипломатите итно да контактираат со […]