Путин, Трамп и играта на кокошки


Ако избувне нуклеарна војна, нема да имаме време да анализираме зошто дозволивме да се случи. Сега е моментот да се проценат ризиците. Нуклеарен конфликт би можел да се разгори од нешто мало, брзо да излезе од контрола. Неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија се токму таква искра. Рускиот претседател Владимир Путин […]

Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор


Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор и летаат без дозвола над територијата на Полска. – Сакам да бидам многу јасен: без дискусии ќе донесуваме одлуки за соборување… Тука нема за што да се дискутира, им рече Туск […]

Земјите од НАТО следната недела на состанок поради нападот на естонскиот воздушен простор од Русија


Земјите од НАТО во текот на следната недела планираат да одржат состанок, со цел да се договорат во врска со нападот на естонскиот воздушен простор од страна на Русија, односно, како што објави Естонија, од трите руски борбени авиони, изјави портпаролот на Алијансата за ДПА во саботата. Консултациите ќе се одржат според Членот 4 од […]

НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала


 Зачестените упади во воздушниот простор на источните и југоисточните крила на НАТО од страна на Русија ги поттикна партнерите во алијансата да се потпрат на краткорочно распоредување на турски систем за воздушен надзор, објави ДПА. Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела. Полска […]

САД: Ќе го браниме секој сантиметар од НАТО


Соединетите Држави му соопштија на Советот за безбедност на Обединетите нации дека ќе „го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО“ откако руските беспилотни летала влегоа во Полска. „Соединетите Држави се со нашите сојузници во НАТО во услови на овие алармантни нарушувања на воздушниот простор“, изјави вршителката на должноста амбасадорка на САД во ОН, Дороти […]

Путин го тестира НАТО со нападот со дронови на Полска


  Полска собори руски дронови,Полска рано во средата соопшти дека повеќе руски дронови влегле и биле соборени над нејзина територија со помош на сојузниците од НАТО, опишувајќи го инцидентот како „чин на агресија“ извршен за време на бранот руски напади врз Украина. Неколку европски лидери изјавија дека веруваат оти Русија намерно ја ескалира војната, а […]

Бугарија домаќин на вежбата на НАТО „Бугарија 2025“ за управување со кризи


Бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов и заменик-генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска ја отворија вежбата „Бугарија 2025“ на аеродромот во Ерден, општина Бојчиновци. Првата вежба од ваков вид организирана од Бугарија има за цел да ја зголеми подготвеноста и отпорноста на Алијансата преку соработка меѓу сојузниците и партнерите. – Колку се поподготвени сојузниците, […]

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара


 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска објави дека самитот на Северноатлантската алијанса ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара. Најавувајќи го местото на одржување, Руте рече: „Би сакал да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години, давајќи […]

Сиљановска-Давкова посакува во Штип да се изгради хибриден клинички центар на НАТО


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата – 18 Август во касарната во Штип, говорејќи за вложуивањата во Армијата и за зголемувањето на трошоците во рамки на НАТО, истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички центар на Алијансата, со што би се постигнала самоодржливост […]

НАТО објави дека за Украина ќе бидат договорени редовни и големи испораки на оружје


НАТО почна со координирање на редовните големи испораки на оружје за Украина во рамки на својот нов финансиски план „Список со приоритетните барања на Украина“, откако Холандија синоќа ја објави првата пратка во вредност од 500 милиони евра (578 милиони долари), пренесе Асошиетед Прес. Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека неговата земја ќе […]

САД и НАТО развиваат план за испраќање оружје во Украина со европски средства


САД и НАТО работат на нов пристап за снабдување на Украина со оружје, користејќи ги средствата на земјите од НАТО за плаќање на купувањето или трансферот на американско оружје, според три извори запознаени со ова прашање. Обновената трансатлантска соработка за Украина доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази фрустрација од континуираните напади на Москва врз […]

Цицикостас: Европските тунели се премали за тенковите на НАТО


Автопатиштата и железничката мрежа на Европската унија не се во состојба да обезбедат брзо и ефикасно преместување на војска и воена техника во случај на евентуален конфликт со Русија, предупреди европскиот комесар за транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, во интервју за „Фајненшл Тајмс“. Цицикостас најави дека Европската унија ќе инвестира најмалку 17 милијарди евра во […]

ЕУ и НАТО ги осудуваат руските кибер и хибридни напади


  Европската унија и НАТО во петокот ја осудија Русија за она што го нарекоа „злонамерни кибер активности“ и хибридни напади насочени кон поткопување на безбедноста и демократијата во Европа и пошироко. Овој потег следеше по одлуката на Велика Британија во петокот да санкционира повеќе од 20 руски шпиони, хакери и агенции за „континуирана кампања […]

Муцунски: Пет проценти од БДП за одбраната е севкупна инвестиција во безбедноста


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата.  -Одиме кон пет проценти, за да немаме потреба некогаш да одиме кон 30-40 проценти, како […]

Руте: Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е посветен на борбата на Украина против Русија


Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е „целосно посветен“ на тоа Украина да продолжи да се бори против руската инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за Ројтерс. Зборувајќи на крајот од самитот на НАТО во Хаг, Руте, вчера, исто така, рече дека никој во НАТО не е наивен во врска со […]

Трамп пристигна во Холандија за Самитот на НАТО


 Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на аеродромот Схипхол во Амстердам, за учество на Самитот на НАТО што почнува вечерва во холандскиот град Хаг, објавија агенциите. Се очекува американскиот лидер да се упати директно кон палатата „Хојс тен Бош“, каде што кралот и кралицата на Холандија ќе приредат државна вечера за 32-цата лидери на НАТО и […]

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе изврши притисок врз другите земји-членки на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана на пет проценти од БДП кога утре ќе оди на самитот на одбранбената алијанса, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. -Една од главните теми на дискусија ќе биде овој праг од пет проценти […]

НАТО се согласи за цел од пет проценти за трошоци за одбрана пред големиот самит


Сојузниците на НАТО постигнаа договор за планирана цел за трошоци за одбрана неколку дена пред големиот самит во Хаг, при што лидерите ќе се обврзат да ги зголемат годишните трошоци поврзани со одбраната на најмалку пет отсто од бруто домашниот производ, дознава ДПА. Членките на западната одбранбена алијанса се под притисок значително да ги зголемат […]

На самитот во Хаг се очекува да се потврди Албанија како домаќин на самитот на НАТО во 2027 година


Се очекува самитот на НАТО,  следната недела во Хаг да ја потврди Албанија како домаќин на самитот на Северноатлантската алијанса во 2027 година. Според албанските медиуми, кои се повикуваат на Радио Слободна Европа Нацрт-декларацијата „потврдува дека Албанија ќе биде домаќин во 2027 година”. Овогодинешниот самит на НАТО се одржува во Хаг, Холандија, следната недела, додека […]

Полска подигна авиони откако Русија ја нападна Украина во близина на полската граница


Полски и авиони на други сојузници од НАТО беа подигнати рано утринава за да се осигури безбедноста на полскиот воздушен простор, откако Русија почна воздушни напади насочени кон западна Украина, близу границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. – Преземените чекори имаат за цел да ја осигурат безбедноста во регионите што се […]