Иванов не доби покана за НАТО


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов најверојатно нема да биде утре во Брисел, додека таму во попладневните часови на масата на НАТО ќе се дискутира за приемот на нашата земја. Следниот ден, шефот на државата, според најавите, ќе ја пропушти и свечената церемонија на која генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, ќе му ја врачи и формално […]

Ромео: Македонија ќе добие покана за членство во НАТО


Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот Самит во Брисел, а процесот на зачленување ќе заврши во предвидениот рок, рече денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео на средбата со министерот за дијаспора Едмонд Адеми. Како што соопшти Кабинетот на Адеми, Ромео изрази интерес за актуелните активности на Владата во процесите на НАТО и […]

На прагот на НАТО: В четврток покана, во јануари членство


Оваа седмица почнува уште една клучна етапа за евроатлантското интегрирање на Македонија. Владината делегација патува со многу надеж за Брисел, каде што в среда почнува самитот на НАТО и каде што нашата земја ќе биде поканета да стане 30. членка на оваа организација. Се очекува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, в четврток – на […]

Заев: Британската поддршка дополнителна мотивација за интеграциите во ЕУ и НАТО


Огромната поддршка која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија за остварување на евроатлантските интеграции, претставува дополнителна мотивација за забрзување на реформите за економскиот просперитет на сите граѓани. Ова го истакна премиерт Зоран Заев на средбата во Владата со делегација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во […]

Шекеринска: Никој досега ниту во ЕУ, ниту во НАТО не побарал кампови за бегалци


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска нагласи дека никој ниту во Европската унија, ниту во НАТО не побарал отворање бегалски кампови во Македонија. – Без разлика на шпекулациите и лажните вести, кои се ширеа во Македонија најдоговорно можам да кажам дека на ниту еден од состаноците со претставници на ЕУ или на НАТО, […]

Шекеринска: Следната недела Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО


Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, а за неколку месеци ќе почне процесот на ратификување на протоколите, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која информираше дека денеска на владина седница е усвоен Стратегискиот одбранбен преглед. Министерката Шекеринска напомена дека земјата на церемонија во Брисел на Самитот кој […]

Зошто НАТО и ЕУ?


Фатмир Бесими   Кога ќе помине еуфоријата, тоа што останува, е прашањето: Дали со членството во НАТО и ЕУ ќе ни биде подобро од денес и каква перспектива ќе имаме? Досега поминавме долг пат и со многу предизвици и со правилни и храбри одлуки тука сме сосема заслужено. Сепак, ова не е момент за опуштање, […]

Од Букурешт до Брисел


Александра М. Митевска Има некоја симболика во најавата од Брисел дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит. Она што не се случи пред точно десет години, кога наместо честитки за прием добивме вето од Грција, ќе се реализира за десетина дена, благодарение на договорот што го постигнаа владите во Скопје […]

Мицкоски: Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО уште во 2008


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“ напиша: Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008-ма година. Констатирано и повеќе пати повторувано. Она што преставува реален проблем е билатералниот спор за името со Грција. И овој спор ние сакаме да се надмине и тука никогаш не сме се разликувале од било […]

Харадинај: Косово е вечно благодарно на НАТО


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај прими денеска 14-члена делегација, составена од поранешни воени лица и цивили, од повеќе држави, кои служеле во Косово по војната, како претставници на Советодавниот тим на НАТО. Според соошпштението на владината прес-служба, Харадинај им се заблагодарил за поддршката што ја пружиле на Косово во транзицискиот период, нагласувајќи ја помошта на експертите […]

Песков: Членството на Македонија во НАТО е нејзино суверено право


Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија.. Се разбира, заинтересирани сме […]

Македонија до Црна Гора на мапата на НАТО


Фотографија со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред мапата на НАТО објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. На сликата се гледа слободното место што треба да го пополни нашата земја. „Го видовме нашето место на мапата членки на НАТО. Триесетото место е за Македонија. Триесетиот јарбол е за македонското знаме“, напиша Заев […]

НАТО ја појасни процедурата: Успешен референдум е клучен услов


По конфузијата која владееше во јавноста околу процедурата за зачленување на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги појасни чекорите денеска по средбата со премиерот Зоран Заев. Успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство. На претстојниот Самит на […]

Столтенберг до Заев: Вратата на НАТО е отворена, вие сте на потег


Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со македoнскиот премиер Зоран Заев во Брисел. -Проблемот со името фрли сенка за предолго време на регионот, сега имаме шанса за подобра иднина. […]

ПЕС: Отворени перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кој, придружуван од заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска се наоѓа во посета на Брисел, денеска учествуваше на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Претседателите на партиите на социјалистите и на социјалдемократите го поздравија Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција за прашањето за името и за стратегиско […]

Утре официјална најава за покана во НАТО


Македонските власти чекаат утре официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе ѝ биде доделена покана за членство на престојниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули. Ова го најави денеска националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на 98. РОС-РОТ семинар што се одржува во македонското Собрание. Вчера, […]

Јанакакис: Ве поддржуваме во ЕУ и НАТО, сега се зависи од земјите членки


Грчкиот амбасадор во Македонија Димитрис Јанакакис денеска изјави дека Грција ја поддржува нашата земја во ЕУ и НАТО  врз основа на договорот од Преспа, но, според него,  сега се е во рацете на земјите членки. – Оваа земја има аспирација да стане членка на ЕУ и на НАТО. Грција врз основа на договорот од Преспа ги […]

Влезот во НАТО го затвора прашањето „дали ќе нѐ биде“


Со влегувањето на Македонија во НАТО ќе се затвори прашањето дали ќе ја биде или не. НАТО сака сите земји од Западен Балкан да влезат во оваа меѓународна организација, оваа територија да биде дефинирана и Македонија да не биде слепо црево во овој регион, смета националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. По изјавата на генералниот […]

Пендаровски: Освен НАТО, сите други алтернативи не се добри за Македонија


Освен НАТО, сите други алтернативи не се добри за Македонија. Малите држави влегуваат во сојуз со големите држави, ако си мал не можеш да опстанеш, порача денеска Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на дебатата „Позитивните и негативните аспекти од зачленувањето на Македонија во НАТО“ во Институтот за стратегија и развој. Договорот со Грција за решавање на […]

Столтенберг: Во јули официјална покана за Македонија, приемот ќе зависи од референдумот


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО. Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот […]