Џафери брка ратификација или нова функција?


Додека СДСМ и ДУИ договараат заеднички настап на претстојните претседателски избори, претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери „крстари“ низ регионот, од каде што почнаа ратификациите на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Во период од само десетина дена, Џафери беше во Љубљана, Тирана и вчера во Софија, каде што Протоколот за нашата земја помина […]

Порошенко: Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и во НАТО


Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој се предвидува Украина да стане членка на НАТО и на Европска Унија. – Мојата стратешка мисија е да обезбедам неповратност на европската и евроатлантската интеграција, напиша Порошенко на Твитер. Тој додаде дека Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и за Акцискиот план за членство во […]

Димовски и Мемеди „влегоа“ во НАТО: „Да се забрза ратификацијата на Протоколот за членство“


Делегација на македонскиот парламент, предводена од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ,  како шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, денес присуствуваше на состанок на Северноатланскиот совет. Во делегацијата е и потпретседателот на Собранието Весел Мемеди од НДП. Со денешниот состанок на Северноатланскиот совет претседавал генералниот секретар на НАТО  Јенс Столтенберг, а во присуство на […]

Шанахан: САД се посветени на НАТО


– Вршителот должност министер за одбрана на САД Патрик Шанахан изјави денеска дека поддржува силно НАТО и оти САД се посветени на Алијансата. – Нашата обврска врз основа на член 5 останува несменета и САД ќе продолжи да ги предводи и поддржува евроатлантското единство и безбедност, изјави тој пред новинарите во Брисел. По дводневните разговори […]

Грција е подготвена да им помогне на македонските воени сили


На маргините на министерскиот состанок за одбрана на НАТО денеска министерската Шекеринска оствари меѓу другото средба со својот грчки колега, Евангелос Апостолакис, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите се договориле дека соработка меѓу двете земји треба да се интензивира сега кога е решен спорот за името. Грчкиот министер за медиумите изјави дека со македонската […]

На пауза за кафе, сменето местото на претставник од МО во НАТО


Еден вработен во Министерството за одбрана кој мината недела бил на технички состанок во НАТО бил преместен на друго место на состанокот, додека траела паузата за кафе, откри денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа во интервју за МИА вели дека било интересно минатата недела кога еден колега, еден од вработените во Министерството за одбрана […]

Политичкиот врв не се обедини ниту под јарболот на НАТО


Ниту силниот ветер што вчера го исчисти воздухот во Скопје не ја помати свечената атмосфера пред владината зграда за време на церемонијата на кревање на знамето на НАТО, на која присуствуваа речиси сите актуелни и многумина поранешни политичари кои, низ годините помалку или повеќе, придонесуваа за процесот на евроатлантското интегрирање на земјата. Но настанот ќе […]

Мета: Посакувам преговорите за членство на Албанија во ЕУ да почнат заедно со Македонија


Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „АЛБ УК ТВ“ изјави дека посакува почетокот на преговорите за членство во Европската унија на Албанија да биде заедно со Македонија. – Во текот на оваа година многу посакувам да почнат преговорите за членство во Европската унија. Тоа би било позитивно постигнување за Албанија и тоа да можеме […]

Средба Шекеринска – Столтенберг во Брисел: Голем ден за нас


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Брисел, пред официјалниот министерски состанок на НАТО на ниво на министри за одбрана, се сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, при што изрази благодарност до генералниот секретар Столтенберг за искрената поддршка и личното залагање во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО. „Чест ми е […]

Министрите за одбрана на НАТО ќе ги разгледаат воените опции по ИНФ


Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на дводневниот состанок во Брисел, кој почнува денеска, ќе ги разгледаат опциите неопходни да се заштити Европа доколку пропадне билатералниот договор за разоружување помеѓу Русија и САД. САД и НАТО ја обвинуваат Русија дека го крши Договорот за нуклеарно оружје од среден дострел (ИНФ), со развојот на […]

Џафери во Албанија ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за членство Македонија во НАТО


Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери утре ќе отпатува во работна посета во Република Албанија. Како што информира собраниската прес-служба, Џафери во Албанија на 14 февруари ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.

Дополнителни сто милијарди долари од НАТО сојузничките за одбрана


Европските земји и Канада ќе ги зголемат трошоците за одбрана за сто милијарди долари до 2020 година, во споредба со 2016 година, најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг еден ден пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО. – Од 2016 година, европските сојузници и Канада потрошија дополнителни 41 милијарда долари за одбрана, и врз […]

Столтенберг: НАТО ќе го процени нивото на ангажман во Косово


Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО за време на претстојниот дводневен состанок во Брисел ќе го разгледаат нивото на нивната поддршка на Косовските безбедносни сили по трансформацијата во Војска на Косово, јави Танјуг. – Се уште не сме донеле одлука, но рековме дека ќе го процениме нивото на ангажманот на НАТО, бидејќи неколку сојузници […]

Ниту кревањето на знамето на НАТО не го извлече Црвенковски од изолација


Ниту свечената церемонија на подигање на знамето на НАТО на јарболот пред зградата на македонскаат влада не беше провокација за долгогодишниот премиер и поранешен претседател на Македонија Бранко Црвенковски да излезе од политичка изолација. Иако со години беше на највисоките државни функции и во периоди кога земјата правеше крупни исчекори на патот кон НАТО и […]

Кабинет на Иванов: Покана добивме откако заврши настанот


Од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов ја демантираат владата дека добиле уредна покана да присуствуваат на денешната церемонија за подигање на знамето на НАТО. „Поканата за присуство на претседателот Иванов ја добивме откако настанот заврши“, тврдат соработниците на Иванов за „Независен весник“. На „Илинденска“ ги немаше ниту лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети […]

И Ахмети не дошол поради набиена агенда


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не беше присутен на денешната церемонија за подигање на знамето на НАТО пред седиштето на владата. Од неговата партија велат дека поканите ги добиле вчеравечер во Собранието, а поради кусото време за организација, не било возможно Ахмети да ги откаже и одложи сите претходно закажани обврски. „Секако дека не станува збор […]

Иванов не добил покана, владата демантира


Претседателот Ѓорѓе Иванов не добил покана за да учествува на денешната свеченост за подигање на знамето на НАТО пред седиштето на владата, објави Телма. Но, од Владата велат дека Иванов бил официјално и уредно поканет. На „Илинденска“ ги немаше ниту лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски. Од најголемата опозициска партија потврдуваат за […]

Мицкоски не можел да дојде поради неодложни обврски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не присуствуваше на свечената церемонија за подигање на знамето на НАТО пред седиштето на владата. Од најголемата опозициска партија потврдуваат за „Независен весник“ дека Мицкоски добил покана од владата, но оти не можел да дојде поради неодложни работни обврски. Пред седиштето на владата забележливо беше отсуството и на претседателот Ѓорѓе […]

Словенија денеска ќе го ратификува Пристапниот протокол за НАТО


Словенија денеска се очекува на вонредна седница во Парламентот да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО. Законот за ратификација на Протоколот вчера доби зелено светло од парламентарната Комисија за надворешна политика во словенечкиот Парламент. […]

Се одбројува до „Северна“. Знаме на НАТО наместо име на државата


Владината зграда на „Илинденска“ осамна вчера во зори без натписот „Влада на Република Македонија“, ама од денеска таа „празнина“ ќе биде пополнета со знаме на НАТО пред влезот во објектот. Подигањето на знамето ќе биде проследено со свечена церемонија на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а поканети се да присуствуваат официјални државни претставници, […]