Русија: Присилени сме да тргнеме во воена одмазда кон Финска


  Русија ќе биде присилена да делува како одговор на одлуката на Финска да се придружи на воениот сојуз НАТО, соопшти руското министерство за надворешни работи, пренесоа светските медиуми. „Влезот на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата“, стои во соопштението. „Русија ќе биде присилена да преземе чекори на одмазда, како […]

„Експресен“: Шведска идната седмица ќе достави барање за членство во НАТО


Шведската Влада планира следната недела да испрати барање за членство во НАТО, по соседна Финска, пишува во денешното издание шведскиот весник „Експресен“. Шведскиот парламент в понеделник ќе расправа за безбедносната ситуација, а премиерката Магдалена Андерсон ќе свика посебна седница на Владата на која ќе биде донесена формална одлука за апликацијата, пишува весникот повикувајќи се на […]

Драматичен пресврт – Финска побара членство во НАТО


  Финскиот претседател и премиер изјавија во четвртокот дека се за поднесување барање за членство во НАТО, отворајќи го патот за проширување на Алијансата поради руската војна во Украина. Драматичниот потег на Финска го најавија претседателот Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин во заедничка изјава. Тоа значи дека Финска е практично сигурно дека ќе бара […]

Данска екпресно ја поздрави одлуката на Финска за членство во НАТО


Данска денеска ја поздрави веста на финското раководство за брз прием на земјата во НАТО, јави ДПА. „Данска, се разбира, топло ќе ја пречека Финска во НАТО“, пишува во изјава на премиерката Мете Фредериксен на Твитер. Таа додаде дека со пристапувањето на Финска, ќе се зајакне НАТО и заедничката безбедност. Се додава и оти Данска […]

Нинисто и Марин со заедничка изјава го поддржаа членството на Финска во НАТО


Финска треба да аплицира за членство во НАТО, се наведува во денешната заедничка изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин, пренесуваат британските медиуми. Оваа одлука, што треба да биде одобрена во парламентот, е донесена по рускиот напад на Украина. „Финска мора без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО“, се наведува […]

Финска денеска ќе ја соопшти одлуката за влез во НАТО


Се очекува денеска Финска да ја соопшти одлуката дали ќе бара членство во НАТО, а Шведска најверојатно ќе го направи истото наскоро, пишуваат британски медиуми. Според дипломати и официјални лица, Финска денеска ќе се изјасни за намерите да му се придружи на НАТО сојузот, јави Гардијан. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон вчера вети дека […]

Финска и Шведска се поблиску до официјална кандидатура за членство во НАТО


Финска и Шведска се се поблиску до одлуката за најверојатна нивна кандидатура за членство во НАТО, а официјалната објава на таквата одлука се очекува наредните денови, потврди синоќа финската страна. На нешто помалку од три месеци од почетокот на војната во Украина, двете балтички држави соочени со руска закана се наоѓаат пред вратите на западната […]

Анкета: Над 75 отсто од Финците поддржуваат членство во НАТО


 Повеќе од три четвртини од луѓето во Финска поддржуваат пристапување во НАТО, покажа новото истражување, што, според локалните медиуми се должи на руската инвазија на Украина. Поддршката за членството во НАТО досега беше стабилна на 20 до 30 отсто, но во последните месеци се зголеми во Финска, како и во соседна Шведска, кои досега беа […]

Шведската владејачка партија в недела ќе го објави ставот околу можното членство во НАТО


Владејачката Социјалдемократска партија (САП) во Шведска в недела ќе го соопшти својот став за потенцијалната апликација на државата за членство во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на партијата, Тобијас Баудин. Партиското раководство одлуата заедно со премиерката Магдалена Андерсон ќе ја донесе на посебен состанок закажан за в недела, потврди тој. Руската инвазија врз Украина предизвика […]

Линде: Шведска ќе добие своевидни безбедносни гаранции од САД доколку аплицира за членство во НАТО


Шведска доби уверување од САД дека ќе и обезбеди поддршка во периодот на разгледување на евентуалното барање за членство во НАТО, изјави шведската министерка за надворешни работи Ен Линде по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон. Во изјава за шведската телевизија таа одби да каже какви гаранции добила од Блинкен, но додаде […]

Бајден го номинира Кристофер Каволи за нов командант на силите на НАТО во Европа


Американскиот претседател Џозеф Бајден го номинираше генералот Кристофер Каволи за нов командант на силите на НАТО во Европа, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. НАТО се согласи со одлуката на Бајден да го назначи Каволи, кој моментално командува со американските копнени сили во Европа и Африка, се наведува во соопштението, додавајќи дека командата за […]

Милановиќ: Ќе ставам вето на влезот на Финска во НАТО


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина. „На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој […]

Финска за 10 дена ќе објави дали сака да се придружи на НАТО


Финска на 12 мај ќе објави дали ќе се пријави за членство во НАТО, објави финскиот весник „Италети“, повикувајќи се на анонимни извори од финската влада. Објавата ќе се случи во два чекора, наведува весникот. Истиот ден финскиот претседател Саули Нинисто ќе објави дека го поддржува влегувањето на земјата во НАТО, а потоа парламентарните групи […]

Почнаа речиси едномесечни маневри на НАТО за подобрување на безбедноста на источното крило


Полските вооружени сили соопштија дека денеска почнаа воените вежби во кои учествуваат илјадници војници на НАТО. Станува збор за редовни вежби кои имаат за цел да ја подобрат безбедноста на источното крило на Алијансата, но годинава се одржуваат во време кога во соседството беснее руската војна против Украина. Поради тие околности полската армија денеска апелираше […]

Втор ден од состанокот на политичките директори на НАТО во Скопје


Во Скопје продолжува неформалниот состанок на директорите за политичкo – безбедносни прашања на министерства за надворешни работи на НАТО на земјите-членки на НАТО. Со состанокот претседава помошничката на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Бетина Каденбах. На состанокот, исто така учествуваат и високи претставници на Европската Унија. На првата работна сесија […]

Столтенберг: Ако одлучат, Финска и Шведска бргу ќе станат членки на НАТО


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе се сретне со претседателите на сите политички партии во Европскиот парламент и ќе разговара за Украина и за безбедноста на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е првпат генералниот секретар да биде поканет на Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент, во контекст на инвазијата на […]

Шолц: Земјите од НАТО не треба да обрнуваат внимание на повиците за остри реакции за војната


НАТО мора да избегне директна воена конфронтација со Русија, бидејќи тоа може да доведе до Трета светска војна, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. На прашањето зошто мисли дека испораката на германски тенкови за Украина може да доведе до нуклеарна војна, Шолц во изјава за „Шпигел“ рече дека „не постои правило за да се одреди […]

Бродови на НАТО влегоа во Балтичкото Море


Бродовите од составот на првата постојана поморска антиминска група на НАТО влегоа во Балтичкото Море и ќе учествуваат во вежби со соседните земји на Алијансата и партнерските земји, соопшти денеска прес-службата на Генералштабот на естонските одбранбени сили. „Бродовите на првата постојана поморска анти-минска група на НАТО (SNMG1) влегоа во Балтичкото Море. Групата се состои од […]

Русија се закани: Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, заборавете на Балтикот без нуклеарно оружје


Последните денови сѐ повеќе се зборува за можен влез на Финска и на Шведска во НАТО, што станува сѐ поизгледна последица на руската инвазија на Украина. Поранешниот претседател на Русија и член на Безбедносниот совет на Русија, Дмитри Медведев утринава рече дека, ако тоа се случи, „ќе има последици“. „Во тој случај повеќе не може […]

Делегација на НАТО во посета на Министерството за одбрана


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбеин, кој го предводи тимот на НАТО за време на дводневните редовни билатерални разговори меѓу нашата земја и Алијансата во рамки на процесот на Пактот за одбранбено планирање, соопшти Министерството за одбрана. Министерката Петровска, во ова […]