Петровска: НАТО разговара за дополнително зголемување на воените буџети


Министерката за одбрана Славјанка Петровска овие два дена учествува на НАТО состанокот со нејзините колеги од Алијансата, една од темите на денешната седница ќе биде буџетот за одбрана во контекст на војната во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Петровска утрово пред почетокот на вториот ден од министерскиот состанок за одбрана на НАТО Алијансата […]

Турција со ново „не“ за Шведска и Финска, сега за трилатерална средба


Турција го отфрли предлогот на НАТО за одржување трилатерални разговори со Финска и Шведска. Состанокот, што условно беше закажан за денеска, не се одржа, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според извештајот, целта на разговорите била да се најде решение за проблемот што Анкара не го одобрува влезот на Шведска и […]

Зеленски повикан да дојде на НАТО самитот во Мадрид


  Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е повикан да учествува на Самитот на Алијансата во Мадрид што се одржува за две недели. Како што рече Столтенберг, за две седмици сојузниците ќе се состанат на историски и трансформативен самит во Мадрид. „Тука ќе се донесат одлуки НАТО да остане […]

Турција е подготвена да го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО повеќе од една година


Турција – Турција е подготвена да го блокира членството на Шведска и Финска во НАТО повеќе од една година доколку не добие гаранции од двете земји дека ќе се справат со курдските групи кои Анкара ги смета за терористички организации. Ова е прашање што може да го наруши Самитот на НАТО во Мадрид на 29 јуни, […]

Нинисто: Финска нема да влезе во НАТО без Шведска


 Финска нема да влезе во НАТО без Шведска, изјави финскиот претседател Саули Нинисто на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера во Хелсинки. – Велам дека случајот со Шведска е и наш. Тоа значи дека одиме рака под рака, истакна Нинисто. Столтенберг рече дека НАТО нема рок до кој би требало да ги прифати […]

Финска одби да ги испорача луѓето кои Анкара ги бара за да го смени ставот за членство во НАТО


Финското Министерство за правда ги отфрли барањата за екстрадиција на лицата кои Анкара ги смета за членови на терористички организации. „Финска не се согласи да и испорача на Турција луѓе кои, според Турција, биле поврзани со движењето на проповедникот Фетула Ѓулен или со курдската организација ПКК, кои тие ги сметаат за терористи“, пишува финскиот весник […]

Девет земји сакаат да се зајакне источното крило на НАТО


Лидерите на девет земји од Централна и Источна Европа денеска во Букурешт разговараа за зајакнувањето на источното крило на НАТО, соочени со руската агресија врз Украина, а состанокот е одржан пред претстојниот самит на Алијансата закажан за крајот на јуни во Мадрид. – Зацврстувањето на НАТО на источното крило станува сè поитна и позначајна потреба […]

НАТО почна воени вежби во Балтичко Море, на кои учествуваат и војници на Шведска и Финска


Финска– НАТО  вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“, што ќе трае речиси две недели и на која ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите апликанти за членство во Алијансата – Шведска и Финска. Годишната поморска вежба „БАЛТОПС 22“, почната во 1972 […]

САД: Влегувањето на Шведска и Финска во НАТО ја отежнува позицијата на Русија


Со влегувањето на Финска и Шведска во НАТО алијансата, Русија би била доведена во потешка воена позиција на Балтикот, изјави денеска за време на посетата на Стокхолм началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мајли. И покрај приговорите на Турција, Шведска и Финска – нордиските земји кои имаат долги граници во Балтичкото Море, […]

САД испратија авиони ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор


Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО. Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше […]

Турција бара „конкретни мерки“ од Шведска и од Финска за влез во НАТО


Главниот советник за надворешна политика на турскиот претседател Ибрахим Калин и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан вчера разговараа за кандидатурите за НАТО и за војната во Украина. Калин истакна оти Турција сака „конкретни мерки“, кога станува збор за постоењето на „терористичките организации“ во Финска и во Шведска, пред да се разгледаат нивните кандидатури за влез во Алијансата, се наведува […]

„Њујорк тајмс“: Како Турција стана нестабилен сојузник на НАТО


  Кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган овој месец се закани дека ќе го блокира членството во НАТО на Финска и Шведска, западните функционери беа огорчени – но не и шокирани. Во сојузот што функционира со консензус, моќниот турски човек се смета за една работа налик на уметник. Во 2009 година, тој го блокираше назначувањето […]

Санчез: Поддршката на НАТО за Украина е нераскинлива


Поддршката на НАТО за Украина е нераскинлива и рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во земјата што неговите сили ја нападнаа на 24 февруари, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез. Војната во Украина и барањата на Финска и Шведска да се приклучат на одбранбениот сојуз ќе доминираат на самитот на Алијансата […]

Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид


Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на Алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос. -Двете нордиски земји секако ќе бидат во Мадрид, на самитот што ќе се одржи од 28 до 30 јуни, изјави Педро Санчез, кој […]

Делегации од Финска и Шведска во Анкара ќе разговараат за кандидатурите за НАТО


Турција– Делегации од Финска и Шведска денеска ќе пристигнат во Анкара за да разговараат со турските власти за членството на двете скандинавски земји во НАТО, објави „А Хабер“. Според информациите, делегациите на двете земји ќе се сретнат со Ибрахим Калан, советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган и Седат Јонал, заменик министер за надворешни работи на Турција. […]

Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид во јуни


Швајцарија– Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид во јуни, изјави денеска во Давос шпанскиот премиер Педро Санчез. Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО на 18 мај. Самитот на Алијансата ќе се одржи во Мадрид од 28 до 30 јуни. 

Столтенберг: Мора да се земе предвид загриженоста на сите сојузници


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска му порача на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека Анкара нема позитивно да гледа на членството на Финска и Шведска во Алијансата, доколку не соработуваат во борбата против тероризмот и други прашања. Турското претседателство, исто така, во соопштението рече дека Ердоган ја поддржува политиката на отворени врати. Во […]

Ердоган им соопшти на лидерите на Шведска и Финска што очекува од нив


 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му порача на својот фински колега Саули Нинисте дека несанкционирањето на терористичките организации кои претставуваат закана за членките на НАТО не е во духот на Алијансата. Во телефонскиот разговор, Ердоган рече и дека Анкара очекува поддршка од Хелсинки за нејзината борба против терористичките организации кои претставуваат закана за националната безбедност […]

Трас: Молдавија треба да се опреми по стандардите на НАТО


Молдавија треба да биде „опремена по стандардите на НАТО“ за да може да и се помогне да се заштити од руската закана, изјави британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас. Трас  изјави дека се водат разговори со сојузниците како да им се помогне на помалите нации да се одбранат, пренесува Би-Би-Си. Таа кажа дека е […]

Столтенберг: Различните мислења во НАТО не се нешто необично


 Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на актуелното одбивање на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО. – Не е невообичаено во НАТО да има различни мислења за важни одлуки. Кога има различни мислења, имаме големо искуство со […]