Турција ја повика новата шведска Влада да преземе мерки против терористичките групи доколку сака влез во НАТО


 Новата шведска влада сега би требало да се позанимава со безбедносните проблеми што Турција ги изнесе како замена за отстранување на ветото за членство на Шведска и Финска во НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Двете земји поднесоа барање за приклучување на Сојузот, како одговор на руската инвазија врз Украина. Но, тие […]

Петровска: Транспарентноста е најдоброто оружје во борбата против лажните вести


Комуникацијата е клучна за нас, а тоа најдобро ни го покажа воената агресија врз Украина, која континуирано е проследена со информациска војна со една цел да ја поткопа довербата во целокупните цивилизациски вредности, да го поткопа нашиот суверенитет како Алијанса. Ширењето лаги е секогаш најлесниот пат по кој може да се допре до јавноста и да се влијае до неа, а […]

Ковачевски: Комуникациите и информациската сфера не биле никогаш поважни за безбедноста и стабилноста


 Како НАТО членка посветено придонесуваме кон колективната безбедност и ова е видливо низ изминатата година преку сите активности без разлика дали е помошта и поддршката за Украина, воените вежби Брз одговор или Блесок 22 и други активности. Но воените и политичките активности се тесно врзани со нивната комуникација и со умешноста истите да ги доближиме […]

Скопје домаќин на НАТО Конференцијата за комуникатори


  Во Националната филхармонија денеска ќе биде отворена НАТО – Конференцијата за комуникатори, чиј домаќин оваа година е Северна Македонија. На отворањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, а видео-обраќања ќе имаат и командантот на Сојузничката […]

Чешкиот парламент го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО


Двата дома на чешкиот Парламент го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО. Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави, на ноќната седница која заврши утрово. Сенатот гласаше „за“ претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан. Со децении Финска и Шведска одбиваа […]

Улогата на НАТО на Западен Балкан: Принципот на единство и блокирањето на Русија се големи предизвици


Стабилноста на Западниот Балкан, улогата на НАТО и земјите во регионот, како и украинската криза се тема на конференцијата „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“ што од денеска се одржува во Охрид. Предизвиците со кои се соочуваме, според американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс, се разновидни, почнувајќи од здравствени, безбедносни […]

Руската агресија нема да сопре и ако Украина се откаже од амбициите за НАТО


Официјалното отфрлање на Украина на нејзините амбиции за влез во НАТО веќе нема да биде доволно за да се стави крај на „специјалната воена операција“ на Русија, изјави еден од најблиските луѓе до претседателот Владимир Путин, Дмитри Медведев пренесе БТА. Дури и пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, Русија предупреди дека членството […]

НАТО во истрага за хакирани воени податоци што се продаваат на интернет


НАТО покрена истрага за кражба на податоци од доверливи воени документи кои хакерска група ги понудила на продажба на интернет, јави Би-Би-Си. Податоците вклучуваат нацрти за оружје што го користеа сојузниците на НАТО во конфликтот во Украина, а хакерите го продаваа преку интернет откако украле податоци од големиот европски производител на оружје, МБДА Мајкл Системс, […]

Прелети на воени воздухоплови Б52 над Скопје


Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52. Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија. -Со цел […]

Столтенберг: НАТО развива сет мерки специјално прилагодени за Босна и Херцеговина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го информираше Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина дека воената алијанса развива сет мерки специјално прилагодени за Босна и Херцеговина. „Руската агресија врз Украина суштински ја поткопа европската безбедност. Затоа НАТО е подготвен да продолжи да ги поддржува партнерите кои можат да бидат изложени на малигно влијание […]

Бајден даде виза за членство на Финска и Шведска во НАТО


Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска. По овој повод, државниот секретар Ентони Блинкен ги повика и преостанатите земји-членки на Алијансата да ги ратификуваат протоколите. – Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои […]

Бекир Боздак: Нема прием за Шведска и Финска во НАТО додека не ги исполнат своите обврски


Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие држави не ги исполнат своите обврски во врска со борбата против тероризмот, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздак. „Погрешно е да се очекува позитивна одлука од Турција во однос на поддршката за членството на нордиските земји, додека тие не си […]

Протоколите за прием на Финска и Шведска во НАТО во македонското Собрание


Протоколите за пристапување на Финска и Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) ќе влезат во собраниска процедура во Собранието на Северна Македонија денеска, а ќе се очекува да бидат ратификувани оваа недела. Во вторник е закажана седница на матичната собраниска комисија за надворешна политика, а пленарната седница на која ќе се гласаат протоколите за влез на […]

Предлог-законите за ратификација на Протоколите за членство на Финска и Шведска во НАТО во собраниска процедура


Владата ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон НАТО. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите […]

Петровска – Битиќи: Со НАТО акцелераторот за одбранбени иновации до повисок технолошки развој на земјава


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска  имаше работна средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на која главниот фокус беше ставен на подготовките за воспоставување на национална структура поврзана со НАТО Акцелераторот за одбранбени иновации, наречен ДИАНА, со што, како што велат од МО, ќе се овозможи посилен и побрз развој на нови и […]

Висока делегација на НАТО, предводена од заменик-секретарот Џоана во посета на Косово


Висока делегација на Советот на НАТО, предводена од заменикот-секретар Мирчеа Џоана ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на Алијансата, што го пренесоа косовските медиуми, делегацијата ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со претседателот на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, […]

Исланд прв го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО


 Исланд е првата земја од НАТО што го ратификуваше членството на Финска и Шведска во Алијансата –  исландскиот парламент однапред даде согласност во јуни, објави финскиот портал за јавен сервис „Иле“. Откако исландскиот претседател Гудни Торлациус Јоханесон потпиша денеска, документите за ратификација беа испратени до американскиот Стејт департмент. Одлуката за ратификација на протоколот на Северноатлантскиот […]

Потпишани пристапните протоколи во НАТО за Шведска и Финска


Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапните протокол за Финска и Шведска со што е овозможено тие да и се придружат на Алијансата откако парламентите на земјите-членки ќе ја ратификуваат одлуката. – Ова е добар ден а Финска и за Шведска и добар ден за НАТО. Ова навистина е историски момент, со 32 нации […]

Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска


Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО. Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, […]

НАТО прави база во Драч


Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште „Порто Романо“ во Драч ќе биде база на НАТО. Тој ова го соопшти по враќањето од НАТО самитот одржан во Мадрид. Инаку, пристаништето „Порто Романо“ планираное е да биде најголемо на Јадранот, но Рама рече дека ќе има и свој воен дел. „Наскоро се враќаме […]