Хорор во Италија: Осмоодделенец избоде наставничка со нож


57-годишна наставничка е однесена во болница во Бергамо во тешка состојба откако наводно била нападната со нож од 13-годишен ученик пред основно училиште во Трескоре Балнеарио. Според карабинерите, ученичкот од осмо одделение веднаш бил уапсен, а инцидентот е оценет како изолиран случај кој нема врска со тероризам. Повредената наставничка е итно префрлена со хеликоптер во […]

Францускиот ученик кој ја избоде наставничката по музичко бил фасциниран од нацизмот


Францускиот средношколец кој вчера ја избоде својата наставничка по музичко во лицето во североисточна Франција бил фасциниран од оружјето и нацистичката идеологија, соопштија властите. Наставничката го преживеала нападот и нејзиниот живот не е во опасност, но 14-годишникот е на работ на смртта откако се избодел во вратот додека полицијата се обидувала да го фати при […]

Образовен скандал во Австрија: Наставничка ги споделила грешките на учениците на Инстаграм и ги исмејувала


Пред две недели ученик од четврто одделение во основното училиште „Терезиенфелд“ во Австрија стана предмет на потсмев на социјалната мрежа Инстаграм. Иако се очекуваше дека учениците ќе учествуваат во неа, всушност сè започна од наставникот. „Додека ја проверуваше домашната задача на мојот син, наставничката ја фотографираше и ја сподели на својот Инстаграм профил. Таа се […]

Приведена наставничка од Неготино, пријавена била дека психички малтретирала ученици


Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне, откако била пријавена дека психички малтретирала ученици, информираа денеска од СВР Велес.   – Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. […]

Наставничка од училиште во Аеродром меѓу уапсените дилери на амфетамини


Наставничка од ООУ „Александар Македонски“ во Аеродром, приведена е за дистрибуција на амфетамини, во голема полициска акција за сузбивање на дилери на дрога.  – Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“, сподели […]

Нападната наставничка од Куманово


Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот.   – Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово, информираше полицијата.   По целосното документирање на случајот против Љ.К. […]

Полиција интервенираше во училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром


  Полиција интервенирала во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако новоназначената наставничка по математика во шестите одделенија, не дозволувала родител да седи на часовите. Откако родителите на учениците од шестите одделенија од ова училиште преку Советот на родители реагираа на однесувањето на дотогашната наставничка по математика, со цел таа да биде сменета, […]

Бојкот во училиште: Наставничка ги нарекувала учениците неспособни и инвалиди


Ги навредувала учениците, психички ги малтретирала, ги терала да стојат пред табла 45 минути да видат како и е нејзе – непрофесионалниот однос на наставничката по математика  ги разлути родителите на шестооделенците во О.У „Љубен Лапе“. Денеска ја бојкотираа наставата. Велат оваа состојба се провлекува со години. Алармирале до надлежните но безуспешно.  Директорката на училиштето […]

Наставничка од Њујорк уапсена оти вакцинирала ученик


Наставничката Лора Русо од Њујорк, САД, е уапсена затоа што вакцинирала ученик против корона вирус и покрај фактот што нема формални медицински квалификации. Според полицијата, Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом. Наставничката по биологија, инаку, е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена, ѝ се заканува казна затвор до четири години. Наводно, 17-годишникот […]

Претепана наставничка додека држела час во училиште во Батинци


А.Е.(48) вчера пријавила дека претпладнето, додека одржувала настава во Основно училиште во село Батинци во Кабинетот дошол А.Ј.(58) и почнал да ја навредува со погрдни зборови, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканица по лицето. Како што соопшти полицијата, А.Е. се здобила со видливи повреди, оток под десното око и модринка. Се […]