За 24 часа лишени од слобода две лица за семејно насилство, вкупно четири пријави во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово


 Полициски службеници во изминатото деноноќие лишиле од слобода две лица за семејно насилство, а регистрирале вкупно четири пријави во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ОВР Крива Паланка вчера во 20:55 часот го лишиле од слобода И.С.(48) од Крива Паланка затоа што во семејниот дом физички ги […]

Со тврд предмет ја тепал ќерката, па ја нападнал и сопругата која се обидела да го спречи


Доцна синоќа, уапсен е 49-годишен скопјанец, откако сопругата го пријавила дека со тврд предмет ја тепал нивната малолетна ќерка, а кога таа се обидела да ја одбрани ќерка си, тој ја нападнал и неа. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје […]

Велковски на ФБ: Во подготовка итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство


Заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска присуствувавме на првиот состанок на Работната група за подготовка на итни законски измени насочени кон подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, напиша заменик замник-министерот за  социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на својот фејсбук профил. -Работната група […]

Над 70 отсто од лекарите биле нападнати, но само три пријави имало лани


Насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, станува збор за кривично дело за кое е предвидена казна затвор, беше истакнато денеска на прес-конференција по повод одбележувањето на 12 Март – Европскиот ден за подигнување на свеста за насилството врз докторите и здравствените работници. Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова рече дека […]

ЕСЕ: Да ставиме точка на семејното насилство – време е за системска промена


Последниот трагичен случај на семејно насилство во кој животот го загубија мајката и нејзината 6-годишна ќерка е резултат на нефункционалниот систем за заштита кој на „хартија“ постои уште од 2004 година. Во целиот овој период државата не презеде суштински напори да го промени пасивниот пристап, а усвојувањето на закони, политики и стратегии не беше проследено […]

Двајца мажи ги нападнале сопругите во Скопје


Два случаи на семејно насилство пријавени се претходното деноноќие, во полиција, при што е нотирано дека мажи ги нападнале своите сопруги, односно во едниот случај се работи за поранешна сопруга. Вчера, во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава […]

Побарајте помош од професионалци ако имате суицидални мисли или сте жртва на семејно насилство!


Суицидалните мисли се мисли, идеи или мисли за завршување на сопствениот живот. Тие можат да варираат од минлива мисла до креирање детален план за самоубиство. Тие се поделени на активни и пасивни. Активното се однесува на размислување за различни начини на умирање, а пасивното се однесува на размислување за тоа дека не сакаат да живеат […]

Сите пријавувале за насилството во Тафталиџе, само полицијата не го гледала живиот пекол


  Мајка на возраст од 30 години и девојче на 6-годишна возраст паднаа од балкон директно во смрт, а оваа трагедија укажа на нефункционалноста на инститциите и неможноста на државата да ги заштити жртвите на насилниците. Имено, многумина сведочат дека мајката и детето со години биле жртви на сопругот кој често доаѓал во алкохолизирана состојба, […]

(Реобјава) Жените се убивани и тепани. Огромниот дел молчат за насилството, државата исто така


Теткстот првично е објавен во 2023 година, по убиството на 46-годишна жена во Кочани, од страна на нејзиниот љубовник… Но, не секогаш насилството завршува со убиство. Некогаш жртвата сама си го одзема животот, а нефункционалниот систем за социјална заштита, инертноста на институциите, вртењето глава на полицијата, социјалните служби, соседите, фамилијата, придонесува за вакви немили исходи. […]

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер


Полицијата денеска информира за два случаи на насилтво врз жени. Дваесетитригодишна девојка подолг период била следена од поранешниот партнер, кој и упатувал и закани, а на 35 годишна жена од скопско мажот и нанел тешки телесни повреди. Синоќа во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во периодот од октомври 2025 […]

Свршеник ја претепал свршеничката во Битола


Утрово во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот свршеник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности […]

Четири пријави за семејно и родово насилство во еден ден


Само во текот на еден ден, полицијата евидентираше дури четири одделни случаи на семејно и родово насилство во државата, податок што сериозно ја зголемува загриженоста за растечкиот тренд на насилство во домот. Последниот случај доаѓа од Делчево, каде што Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против 54-годишен маж поради сомнение за загрозување на […]

Драма во тетовско: Татко ѝ, брат ѝ и чичко ѝ се здружиле со бившиот сопруг и им се заканувале на неа и на сегашниот сопруг


Вчера (25.01.2026) во 22:10 часот во СВР Тетово, 36-годишна жена од тетовско пријавила дека нејзиниот татко Р.В.(65), нејзиниот брат С.В.(34), нејзиниот чичко Ф.Б.(68) и поранешниот сопруг З.Е.(46) упатувале закани кон неа и нејзиниот сегашен сопруг А.Д.. -Според пријавеното, истиот ден во селото во кое живее било забележано возило „бмв“ со гостиварски ознаки, сопственост на роднини […]

Две жени пријавиле семејно насилство во Скопје


Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје по претрпени физички напади. Во првиот случај, вчера во 9:20 часот во СВР Скопје 45-годишна жена од Скопско пријавила дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од Скопско.  Според пријавата, А.Б. и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило. […]

Извештај: 84 отсто жени во Србија сметаат дека сами се одговорни за доживеано дигитално насилство


Во Србија 84 отсто жени и девојки сметаат дека самите се одговорни за дигитално насилство што го доживеале, беше објавено во рамките на презентацијата на анкетата „Дигитално насилство врз жените и девојките во Србија“ спроведена од здружението „Атина“. Педесет и четири отсто анкетирани веруваат дека сторителите не се свесни за последиците и веруваат дека нивните […]

Ацевски: Мерките за спречување родово и семејно насилство не се доволно ефикасни


Заклучокот од Конечниот ревизорски извештај за имплементација на Истанбулската конвенција покажува дека преземените мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во државата не се доволно ефикасни, изјави државниот ревизор Максим Ацевски на настанот по повод објавувањето на Конечниот ревизорски извештај за успешност на тема „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување […]

Невидливата страна на насилството: 80 отсто од жените биле спречени да работат од страна на насилниот партнер


По повод почетокот на 16-те меѓународни денови на активизам против насилството врз жените, Здружението ЕСЕ ја истакнува невидливата, но речиси универзална последица од семејното насилство: економската несигурност на жените и децата по разводот или разделбата. Насилството не завршува по напуштањето на насилната заедница, тогаш започнува економската борба. Невидливата страна на насилството: економските трошоци што жените […]

Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец, осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне […]

Скопјанец дивеел во својот дом – полицијата го приведе


  Скопјанец кршел покужнина во својот дом во Кисела Вода и се заканувал на членовите на неговото семејство. Полицијата го приведе. На 28.09.2025 во 11:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:30 часот во семејниот […]

Скопјанка ја натепала мајка си


Скопјанка ја натепала својата мајка во семејниот дом во Гази Баба. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (24.09.2025) во 15:00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С.(36). Се преземаат мерки за […]