Народниот правобранител го „искара“ МОН за учебниците, за пандемијата, за греењето и за асистентите


Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијаниаето на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес […]

Народниот правобранител со бројни забелешки за условите во казнено-поправните установи


Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во кои се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во затвореното одделение, се нехумани и деградирачки. Недостиг на пристап до вода, корупцијата се уште активна во сите затвори со посредство на службените лица, проблеми со сместувањето на женските лица во казнено поправните домови, многу психијатриски дијагнози […]

Народен правобранител:Се уште не може да се каже дека тортурата е синоним за минатото


Одбележувањето на 26 Јуни како Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура има за цел да не потсети сите нас на обврската за целосно искоренување на тортурата и ефективно имплементирање на Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, затоа што никој не заслужува нехуман третман, се посочува во соопштение […]

Омбудсман: Обврска на училиштата е да превенираат насилство меѓу децата


Народниот правобранител го осудува отсуството на навремена и соодветна реакција за превенирање на насилство меѓу учениците, и ги потсетува одговорните во училиштата, како и заедницата дека училиштето е воспитно образовна установа, која има обврска и должност да обезбеди грижа и заштита на децата, и да преземе превентивни мерки за спречување на насилството меѓу децата, но […]

Народен правобранител: Институциите затаиле во случајот со малолетничката


Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето. […]

Омбудсманот со повеќе овластувања кај полициските истраги


Владата не вчерашната седница го усвои предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител. Со измените предвидено е создавање посебно надворешно дело, како дополнителен коректив на системот на истрага при кривични дела извршени од страна на овластени службени лица при Министерството за внатрешни работи и припадници на затворската полиција.

Спасовски: Постапивме законски при приведувањето на пратениците


Полицијата постапуваше согласно своите законски овластувања, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовоски, по забелешките од Народниот правобранител дека било повредено правото на пратенички имунитет при приведувањето на пратениците кои се осомничени за настаните од 27 април. -Полицијата при приведувањето постапуваше врз основа на наредба издадена од Судот. Согласно на тоа, ние постапивме во […]

Омбудсманот констатира кршење на имунитетот на пратениците при нивното приведување


Народниот правобранител констатирал дека при приведувањето на тројцата пратеници, на 28 ноември 2017 година, е повредено правото на пратенички имунитет и начелото на презумпција на невиност, поради непочитување на Правилникот за начин и вршење на полициски работи од страна на полицијата. На денешниот брифинг со новинари Народниот правобранител Иџет Мемети информира дека констатираните состојби се […]

Народен правобранител: Никој не ги контролира лековите од паралелелен увоз


Нема контрола на лековите од паралелен увоз од трети земји, Народниот правобранител бара законски измени Народниот правобранител поднел Иницијатива до Владата за измени на Законот за лекови и медицински средства со која бара да се зајакне постапката за безбедност на лековите набавени преку паралелен увоз од трети земји. Со законските измени се предлага задолжително да […]