За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот


По повод големиот христијански празник на Христовото воскресение „Велигден“ Јавното претпријатие „Билјанини извори“ донесе одлука на 16 април бесплатно да биде паркирањето возила на јавниот градски простор во Охрид. Од Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ пак известуваат дека за 18 април – Светскиот ден на културното наследство, бесплатни да се посетите на кутурно-историските […]

Француските власти ги повикаа музеите да бидат внимателни поради еколошките активисти


Француските власти ги повикаа националните музеи да бидат дополнително внимателни по серијата напади на еколошки активисти врз дела изложени во музеи и други институции, објавија денеска медиумите. „Франција ниту еден ден не е заштитена од некој полуден активист кој ќе нападне некоја слика“, рече министерката за култура Рима Абдул Малак, која побара од музеите „двојна […]

Бесплатен влез во музеите во Охрид секој први во месецот


Влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј. Граѓаните ќе можат бесплатно да ги посетат Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музејот на вода во Градиште и Галеријата на икони. – Во интерес на домашната публика и желбата за […]

Битола прв на Балканот што ќе ги направи „видливи“ културно-историските споменици за слепите лица


По повод Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, професор д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска пред експертите на НУ Завод и Музеј Битола презентираше Методологија за изработка на 3Д тактилни мапи и слики на културно-историски споменици. Методологијата е развиена во соработка со м-р Јове Парговски и консултации со […]

Слободен влез во Музејот на македонската борба по повод Меѓународниот ден на музеите


Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители денеска во редовното работно време од 10 до 18 часот. Како дел од постојаната музејска поставка посетителите, меѓу другото, ќе можат да ги погледнат и ексклузивните амбиентални претстави на етно куќа и берберницата на Гемиџиите, […]

Музеите лани организирале 91 изложба и имале 184 156 посетители


Mузеите во земјава лани ги посетиле 184 156 луѓе, покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика.   Од вкупно 25 музеи, според основачот, 16 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи и еден е приватен музеј. Според предметот на работа, 16 се општи и 9 се специјализирани музеи.   Во 2021 година, музеите […]

Меѓународен ден на музеите, влезот е бесплатен


Со повеќе изложби и бесплатен влез, музеите во Македонија и низ светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите и Европската ноќ на музеите 2019. Во рамките на двата исклучително значајни јубилеја – 100 години од откривањето на некрополата во Требениште и 95 години од основањето на Археолошкиот музеј, а по повод одбележувањето на интернационалниот […]

Музеите имале 427.493 посетители минатата година


Дваесет и шесте музеи во земјава во 2018 година имале вкупно 427.493 посетители, соопшти  Државниот завод за статистика. Минатата година тие организирале 117 сопствени изложби, од кои 39 изложби биле организирани од општите музеи и 78 од специјализираните. – Музеите располагале со 170.440 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 26.615 во музеите во 2018 година. […]

Се бараат директори за 27 установи од културата


Министерството за култура вчера ги објави конкурсите за директори на 27 национални установи во повеќе градови низ Македонија. Се бараат директори на три театри, осум центри за култура, шест музеи, три универзитетски библиотеки, за двата конзерваторски центри во Скопје и во Гостивар, како и за директор на Кинотеката на Македонија, Струшки вечери на поезијата, Охридско […]