Изложбата „Прекин во тек“ на Игор Тошевски и ОПА во МСУ Скопје


Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Прекин во тек“, која ги обединува делата на уметникот Игор Тошевски и уметничката група ОПА (Опсесивно посесивна агресија). Како што информираат организаторите, изложбата отвора прашања за можноста малите поместувања, прекините и отстапувањата да ги направат видливи структурите што […]

Во МСУ самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“


Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“. Изложбата, чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски, ќе се отвори со „Крит клуб“ перформанс.  „Крит клуб“ е перформанс на Џем A. во кој две екипи дебатираат на некое нереалистично прашање поврзано со уметноста. Во […]

Во МСУ изложба на ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници


Во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) вечер ќе биде отворена изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ составена од ретко изложувани дела од колекцијата ставени во релација со дела од современи уметници. Куратори на поставката се: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада […]

Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ


 Во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. Кураторка е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите […]

Меѓународен симпозиум во МСУ за еколошките и егзистенцијални кризи


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе се одржи Меѓународен симпозиум насловен „Земјата која се промислува постојано – креативен геофилозофски патопис“. Како што информираат од МСУ, целта е проектот да создаде услови за квалитативна размена на знаења, соработки и ангажирана уметничка продукција, како суштински средства за генерирање ангажиран однос кон климатските промени и […]

Изложба „Станица Пропаганда“ на Јонас Стал во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на холандскиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Стал, кој ќе биде специјален гостин на Музејот, е препознатлив по истражување на односот меѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности […]

Изложба „Станица пропаганда“ на Јонас Стал во Музејот на современа уметност – Скопје


 Самостојна изложба   „Станица Пропаганда“ на холандскиот уметник Јонас Стал  ќе биде отворена на 1 март (20:00) во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје. -Стал, кој ќе биде специјален гостин на музејот, е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de […]

Архитектонска изложба „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска во 19 часот ќе биде отворена архитектонската изложба „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“. Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот на 26 јули 1963 година оваа изложба има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието […]

Отворање на изложбата „Се што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена годишната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) во партнерство со најзначајната манифестација за современа уметност – Европското биенале „Манифеста“. Куратори на изложбата се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова. Уметници чии […]

МСУ – Скопје иницира еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина


Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот  „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени). Реализацијата на проектот започнува утре на 4 ноември со работилница во Велес. Проектот се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, […]

Солидарноста е најсилна од кога и да е: Интервју со Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, уметници од Полска


  Полските  уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, две недели беа ексклузивни гости на Музејот на современа уметност во Скопје. Не како публика, туку како креативци кои секој ден создаваа   уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни […]

Ноќната тура низ МСУ ги откри тајните на полската школа на колаж (фото)


Музејот на современа уметност во Скопје синоќа наликуваше на светските музеи кога посетителите од сите генерации ја имаа ретката можност со личен водич да ги погледнат актуелните изложби и да посведочат на креативната работа на ексклузивните гости на Музејот, полските  уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација.  Утревечер, […]

Ноќна тура низ МСУ – како полските уметници Жмијевски и Алтхамер ги создаваат своите дела


На 12 јули во 20 часот, кустос Бојана Јанева ќе организира ноќна тура низ МСУ – Скопје, каде посетителите покрај тоа што ќе можат да ги погледнат актуелните изложби ќе имаат и ретка можност со личен водич да посведочат на креативната работа на ексклузивните гости на Музејот, полските  уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни […]

Алтхамер и Жмијевски две недели ќе создаваат уметнички дела во МСУ


Веќе четврти ден европскиот уметнички тандем Артур Жмијевски и Павел Алтхамер создаваат нови дела во просторот на Музејот на современата уметност – Скопје насловена како „Отворено студио“. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.   Како што информираат од Музејот на современа уметност – Скопје, во текот на овие две недели, полските уметници ќе создадат 30-тина […]

Отворен повикот за 14. Биенале на млади уметници во МСУ


Музејот на современата уметност – Скопје објавува меѓународен повик за учество на 14-то Биенале на млади уметници на тема „Будења“, кој ќе биде отворен до 20 јули 2022 година Од Музејот на современата уметност (МСУ) ги повикуваат сите македонски и странски автори на возраст до 35 години да се пријават за учество користејќи го електронскиот формулар […]

Самостојна изложба на турскиот уметник Ахмет Огут во МСУ – Скопје


Во Музејот на современа уметност – Скопје вечерва ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Ахмет Огут насловена „Скокни!“. Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова. -Проектите на Ахмет Огут во голема мера се однесуваат на собирање локални приказни и барање сличности на друго место.  За изложбата во МСУ – Скопје, уметникот ќе изработи ново дело насловено „Скокни!“. Делото е инспирирано од […]

„Скокни“- светскиот уметник Ахмет Огут со изложба во МСУ ќе не потсети на солидарно Скопје


Во Музејот на современата уметност – Скопје на 26 мај, четврток, во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на еден од значајните уметници на интернационалната сцена, Ахмет Огут. Кураторки на изложбата насловена како „Скокни!“ се Мира Гаќина и Јованка Попова. Како што е најавено, пред официјалното отворање на изложбата, истата вечер публиката ќе може […]

„Аквизиции – донации 2017-2021“ – изложба во МСУ на дела од основоположниците на модерната


На 2 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Аквизиции – донации 2017-2021“. Наедно ќе може да се ужива и во првото пролетно матине со единствениот поглед кон градот. Куратор на изложбата е кустос Ива Димовски и кустос соработник Бојана Јанева. На поставката ќе бидат изложени дела, кои музејот ги има […]

МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност – CIMAM


Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – CIMAM, во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност. „МСУ – Скопје стана дел од фамилијата на CIMAM! Напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето […]

Од Стаал до руски колектив- познати светски уметници подарија свои дела на МСУ


Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал (Jonas Staal) и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ (Што да се прави?) подарија уметнички дела на Музејот на современата уметност – Скопје, така што, уметничката колекција на музејот е збогатена со уште неколку значајни дела. Уметникот Јонас Стаал ја подари својата инсталација „Нови Сојузи“ (New Unions 2016 […]