Во Москва уапсени неколкумина директори на Баринг Восток, меѓу нив двајца странци


Основачот на инвестициската компанија „Баринг Восток”, Американецот Мајкл Калви, беше уапсен во Москва. Освен Калви кој беше уапсен вчера, денеска се уапсени се и партнерите во „Баринг Восток“ Ваан Абгарјан и Французот Филип Депал. Во рамки на случајот уапсен е и Иван Зузин, директор на инвестиции во „Баринг Восток Капитал Партнерс“, независна компанија за приватен капитал, […]

Поради бомбашки закани во Москва евакуирани околу 5.000 лица


Руските власти денеска евакуира околу 5.000 лица од 10 објекти во Москва, поради добиени закани преку електронска пошта дека во нив се поставени бомби. – На 10 адреси примени се анонимни пораки за закани со бомби, соопшти претставник на руската полиција. Според него, меѓу евакуираните објекти се и седиштето на Руското радио и трговскиот центар […]

НАТО ке формира центар за интернет напади


За да одговори на руските закани, НАТО најави формирање на Оперативен центар за сајбер напади, повикувајќи ги земјите членки да учествуваат со свои капацитети. Според генералниот секретар Јенс Столтенберг во секој иден напад сајбер елементот ќе биде исто така дел и тој, според ставот на алијансата, влегува во рамките на Членот 5, клучниот кој предвидува […]

Витаминка со нов корпоративен штанд изложува на Саемот Worldfood Москва


Прилепска Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018. На четиридневниот саем, Витаминка го промовира и новиот, модерен корпоративен штанд. Ова е трето присуство на компанијата на московскиот саем. Извозот на производите на Витаминка се одвива континуирано веќе 5 години, со што руските потрошувачи се […]

Рускиот таксист заспал зад волан и случајно притиснал на гас


Таксистот, кој вчера удри во група луѓе на тротоар во центарот на Москва, не бил под дејство на алкохол, туку заспал зад волан, соопштија претставници на службата за вонредни ситуации. Во инцидентот беа повредени седум лица, но никој потешко. Руските медиуми јавија дека таксистот е од Киргистан, престојува легално во Русија и ги има сите […]

Роналдо и соиграчите пристигнаа во Русија


Репрезентацијата на Португалија денеска пристигна во Москва, главниот град на Русија каде за пет дена почнува Светското фудбалско првенство. Предводени од најголемата ѕвезда во своите редови, португалските фудбалери слетаа на аеродромот „Жуковски“ во близина на Москва. Актуелните европските првенства на Мундијалот се во Б-групата каде што ќе играат против Шпанија (15 јуни), Мароко (20 јуни) […]

Москва: Сирија нападната во момент кога имаше шанса за мир


САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија точно во момент кога земјата доби шанса за мирна иднина, оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Според неа, оние што стојат зад нападите сметаат дека имаат ексклузивно право на морално лидерство во светот. Захарова оцени дека Сирија, која со години се спротивставувала […]

САД: Словенија да бира меѓу Западот и Москва


Американскиот амбасадор во Словенија, Брент Хартли изјави за љубљанскиот неделник „Репортер“ дека е зачуден од благите реакции на официјална Љубљана по „случајот Скрипал“ и порача оти тамошните власти мора да донесат долгорочна проценка што е нивен интерес: демократските вредности на Западот или рускиот модел на општество. Хартли е изненаден што Словенија не им се придружи […]

Едно лице загина при пожар во трговски центар во Москва


Едно лице загина, тројца пожарникари се повредени, а речиси 600 луѓе се евакуирани откако изби пожар во трговски центар во источниот дел од Москва. Четирикатниот трговски центар „Персеј“ е со површина од 6.000 метри квадратни, а во него најмногу има продавници за деца и игротеки. Објектот работи од 2009 година. Пожарот изби во момент кога […]

Москва: САД се обидуваат да ги врбуваат протераните руски дипломати


Руското Министерство за надворешни работи ги обвини денеска американските разузнавачки служби дека се обидуваат да ги врбуваат руските дипломати, кои се протерани од САД поради труењето на поранешниот двоен шпион, Русинот Сергеј Скрипал во Велика Британија. Во соопштението се нагласува дека постои „зголемување на провокациски дејствија врз руски дипломати“ откако САД донесоа одлука за протерување […]

Руските власти протеруваат четворица германски дипломати


Русија одлучи денеска да протера четворица германски дипломати како реципрочна мерка откако германските власти таков потег презедоа во понеделникот. – Таквата одлука на Москва не е изненадување за нас, наведе во соопштение министерот за надворешни работи Хајко Мас. Германија беше дел од групата држави кои протераа руски дипломати од своите држави поради нападот врз поранешниот […]

Москва му даде рок на Лондон да го намали персоналот во дипломатите во Русија


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека му дало на Лондон рок од еден месец да го намали бројот на дипломатите во Русија на ниво на руската дипломатска мисија во Велика Британија. Во соопштение МНР нагласува дека бил повикан денеска британскиот амбасадор во Москва, Лори Бристоу и му била предадена протестна нота. Во неа се […]

Москва бара помош од Лондон во истрагата за труењето на ќерката на Скрипал


Рускиот Истражен комитет, кој го испитува труењето на државјанката на Русија, Јулија Скрипал, побара од Велика Британија да му обебзеди правна помош во истагата, соопшти денеска претставник на ова руско тело. Москва бара од британските колеги да извршат серија процедурални постапки за „утврдување на околностите на злосторството“, како и да и достави копија од материјалите […]

Ирска протерува еден руски дипломат


Ирска ќе протера еден руски дипломат поради нападот со нервен агенс врз рускиот разузнувач Сергеј Скрипал во англсикиот град Солзбера, за што британската Влада ја обвини Москва, изјави денеска ирскиот министерот за надворешни работи, Симон Ковенеј. – Министерството за надворешни работи се состана со амбасадорот на Руската Федерација и го информираше дека ќе ја повлече акредитацијата […]

Захарова: Москва адекватно ќе одговори на протерувањето руски дипломати


Москва адекватно ќе одговори на одлуките на Вашингтон и повеќе западни земји за протерувањето руски дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека тоа се однесува на протерувањето на руските дипломати и затворањето на Конзулатот на Русија во Сиетл. – Адекватен одговор ќе биде даден на сите чекори […]

Меј: Ги разгледуваме следните чекори во однос на Москва


Лондон- Британската премиерка Тереза Меј соопшти денеска дека ќе ги разгледа следните чекори заедно со своите сојузници, откако Русија соопшти дека ќе протера 23 британски дипломати од земјата во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. За тоа Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења. […]

Британската амбасадорка во Москва повикана на разговор


Амбасадорката на Велика Британија во Москва денеска е повикана на разговор во руското Министерство за надворешни работи, соопшти руското МНР. Вчера, пак, рускиот амбасадор во Велика Британија беше повикан на разговор. Во исто време, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ќе соработува со Велика Британија само доколку добие примероци од нервниот […]

„Москва денес“ вечерва во Скопје


Изложбата која го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина „Москва денес“ вечер ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје. „Москва денес“ се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва. Пред посетителите ќе бидат претставени реновирани знаменитости по кои е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во […]

Москва: Специјалци влегоа во фабриката, приведен напаѓачот


Специјални единици од националната гарда на Русија извршија упад во кондиторската фабрика во Москва, и го приведоа напаѓачот, кој утрово уби еден човек и рани тројца. Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачот е пронајден и приведен, а од објектот веќе не се слушаат истрели. Претходно, портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи Јути Титов соопшти дека […]

Се пука во Москва, има повредени


Најмалку едно лице загина во пукотницата утрово во југоисточниот дел на Москва, јави агенцијата „Спутник“. Ранети се уште две лица. Напаѓачот најверојатно земал и заложници. Полицијата е на лице место и се обидува да го уапси. Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека до пукањето дошло поради имотен спор, поради што еден маж пукал […]