„Учебници и настава мора да има” повикува да се реши безбедносната состојба во училиштата


Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” испратила барање до Министерството за образование и наука да ја реши безбедносната состојба во училиштата, како што информира, „со временска рамка од 15 дена“. – Ние, родителите, веќе три години се бориме со образовните проблеми и денес повторно се спротивставуваме на насоката од МОН доколку има дојави […]

Само разговори и препораки од МОН, никакви конкретни мерки


  Државната матура ќе се одржи, учениците по дојава за бомба ќе продолжат со наставата онлајн се единствените заклучоци на министерот за образование Јетон Шекири, само еден ден откако вчера 120 училишта беа под безбедносна закана. – Сите знаете дека во овие случувања имаме два сегмента, безбедносниот и наставата. Секоја одлука што доаѓа од безбедносен […]

МОН тврди дека „тимс“ функционира, само некои училишта имале мали проблеми


По дојавите поставени експлозивни направи во училиштата, учениците денеска требаше да продолжат да следат настава онлајн, но не можеа да се најават на апликацијата „тимс“. Од Министерството за образование велат дека апликацијата функционира, а дека утрово добиле известувања од неколку уличишта дека имало прекин во функционирањето, но подоцна се приклучиле. „Teams апликацијата функционира и секој […]

Учениците евакуирани, „тимс“ не функционира, МОН не знае зошто


Откако секојдневно почнаа да стигнуваат дојави за бомби, па по повеќе од 30 училишта дневно се евакуираат, најмногу во Скопје, Министерството за образование излезе со препорака учениците да продолжат да следат настава од дома, односно преку платформата „тимс“.  Дел од училиштата, особено средните, ја користеа оваа пракса уште пред МОН да препорача, но откако зачестија […]

МОН доделува парични награди за освоени награди на меѓународни и државни натпревари


Министерството за образование и наука објави повик за доделување парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки и повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар во основно образование. Повикот за доделување парична […]

Променетите адреси на училиштата се на еден сервер во МОН, како некој стигнува до нив


Без разлика што сите училишта ги смениле меил адресите, по подолготрајните закани односно дојави за поставени експлозивни направи во објектите, тие и понатаму добиваат вакви дојави. „МВР по секоја лажна пријава за бомба, постапува согласно законот и постапките за антитероризам. Се води секогаш истрага за пријавата на лажни бомби. Таа истрага покажува првични интересни податоци […]

Ќе се реконструираат пет училишта: „Арсени Глоѓи“, „Ѓерг Кастриоти Скендербегу“, „Јунус Емре“, „Хајан Селмани“ и „Песталоци“


Министерството за образование и наука соопшти дека почнуваат реконструктивни зафати во основното училиште „Арсени Глоѓи“ во Теарце, изработка на термотехничка фасада во ОУ „Ѓерг Кастриоти Скендербегу“ во Арачиново, санација на потпорниот ѕид и реконструкција на училиштето „Јунус Емре“ во село Лисичани во Пласница, адаптација и реконструкција на училишна зграда во ООУ „Хајан Селмани“ во село […]

МОН ги повикува сите засегнати да дадат сугестија за новите наставни програми и ревидирање на постојните


Водејќи се по принципите на транспарентност и инклузивност во креирањето на образовните политики, Министерството за образование и наука ја вклучува јавноста во реформирањето на националниот образовен систем. Еден од приоритетите во овој процес е унапредување на содржината на наставните програми во основното и средното образование и во таа насока, МОН ги повикува сите заинтересирани, засегнати […]

Почна кампањата „Учи паметно, работи стручно“ за следната учебна година


Со дијалог помеѓу претставници на Министерството за образование и наука, бизнис заедницата, општина Куманово и средните стручни училишта под надлежност на оваа локална самоуправа денес започна нов циклус од кампањата „Учи паметно, работи стручно“. Станува збор за кампања која МОН ја спроведува со поддршка од амбасадата на Швајцарија, а чија цел е креирање на уписна […]

Објавени се резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022-2023


Министерството за образование и наука информира дека се објавени резултатите од  Конкурсот за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022-2023. Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и […]

Швајцарија дава 6 милиони швајцарски франци за спроведување на кампањата „Учи паметно, работи стручно“


Промоцијата и подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование во државава преку унапредување и проширување на концептот на учење преку работа во компании, ќе биде во фокусот на работата на Министерството за образование и наука во следните неколку месеци, а поддршка за постигнување на поставените цели е обезбедена од Владата на Швајцарската конфедерација. По овој […]

Шаќири: И лани подоцна им се продолжувале договорите на наставниците од МИГ


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до задутре да почне наставата по неколку стручни предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) откако ќе се добијат согласности од Министерството за финансии за продолжување на договорите на дело на професорите, кои се истечени на 31 декември. -Во гимназијата имаат настава, но не по сите предмети. Денес се […]

Шаќири: Од февруари ќе може да се полага за директори во училишта


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува во текот на наредниот месец да продолжат сите постапки во Државниот испитен центар и тие да бидат поквалитетни од претходните. – Во редовна комуникација сум со новата директорка на Испитниот центар која изврши проверка на сите документи кои беа од претходниот оглас, а имаше и датум за […]

Учебници нема, а МОН спрема нов закон за учебници


Со цел  подигнување на квалитетот на  содржината на учебниците  како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов  Закон за учебници за основното и средното образование. Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивно креирање политики и законски […]

МОН апелира сите училишта да се пријават за субвенционирана струја


Министерството за образование и наука информира дека учебната година продолжува на 23 јануари. Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23  јануари (понеделник),  со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на […]

Почнува реновирањето на студентските домови


Министерството за образование и наука почнува подготвителни активности за крупниот инфраструктурен проект кој предвидува целосна обнова на државните студентски домови и нивно трансформирање во енергетски ефикасни објекти. Реконструкцијата ќе опфати осум објекти во кои, како што велат од МОН,  ќе се обезбедат подобри услови за сместување, престој и удобност во студентските домови, нагласувајќи дека тоа […]

MOН: Исплата на три стипендии до прва половина на јануари


По исплатата на студенскиот оброк студентите од утре треба да очекуваат и исплата на стипендии од страна на Министерството за образование и наука. Од таму  велат дека исплатата започнува етапно, а ќе заврши до првата половина на јануари. – Од петок ќе се исплатат средствата за одредени категории на стипендии, а потоа од понеделник ќе […]

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2022-2023


Министерството за образование и наука информира дека објавени се резултатите од конкурсите за доделување на стипендии за ученици од средните стручни училишта за учебната 2022-2023 и истите може да се погледнат на следниот линк . Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за […]

МОН: Се зголемува бројот на ученички стипендии кои ќе се доделат годинава


На иницијатива на Министерството за образование и наука, а со одлука на вчерашната владина седница, бројот на стипендии кои се доделуваат на учениците од средните училишта во учебната 2022-2023 година значително се зголемува. Обезбедени се дополнително средства за оваа намена, а целта е да се мотивираат и да се поддржи образованието на што поголем број […]

Општина Желино доби нов училишен објект, МОН инвестираше 4,5 милиони денари


Учениците од подрачното основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ во с. Долна Лешница, општина Желино, од денеска посетуваат настава во нов, модерен училишен објект кој беше дел од инвестицискиот план на Министерството за образование и наука, за што се одвоија околу 4,5 милиони денари. – Со оваа инвестиција, уште еднаш докажавме дека МОН се грижи за сите […]