Грантови за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата


Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Како што објави МОН, активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни […]

Низ целата земја има недостиг на учебници


За жал, низ целата земја има случаи каде учениците сѐ уште немаат добиено учебници. Некаде има повеќе, па тие се собираат и се препраќаат на друго место. Сега ќе се обезбедуваат со донација, а за новите учебници, како што претходно соопшти МОН, потрошени се 11 милиони евра. – Во овој момент им праќаме дописи на […]

Сите дубари на МОН: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат


Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во употреба, а дел од објектот за кој се потрошени 3.450.000 евра не може функционално да се користи за намената за која е предвиден, констатира Државниот завод за ревизија во последниот извештај за работата на МОН. […]

И по 10-20 години наставници работат по договор: Ѓорѓиевски гледа напредок


Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски вели дека има напредок во давањето согласности за трајни вработувања во претхолските установи и училиштата, но оти сега тој процес е прекинат поради предизборниот период. По изборите, смета тој, процесот треба да продолжи согласно направен план колку и со каква динамика која од обштините […]

МОН: Почнува пријавувањето на наставниците за обуката за примена на вештачката интелигенција во наставата


Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата. Доколку имаат основно ниво на познавања на дигитални алатки и активно го владеат англискиот јазик, можат да аплицираат за обуката „AI во училница“, што ќе им помогне да ја вклучат вештачката интелигенција во сите фази […]

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга


Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прашана за коментар по вчерашната објава на Општина Струга дека ги отстапува надлежностите за основните училишта на нејзина територија на Министерството за образование и наука за […]

МОН: Објавени конкурсите за стипендии, подршка за 7.880 ученици и студенти


Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за ученички и студентски стипендии за учебната и академската 2025/2026 година. Најмногу стипендии се наменети за поддршка на учениците запишани во дуални паралелки во средно стручно образование – 1570. За учениците во стручните училишта кои посетуваат програми со тригодишно траење предвидени се 150 стипендии. Министерството за образование […]

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од национален интерес за Македонија


Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари. Меѓу одобрените проекти се Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувањата на Охридското Eзеро, Лексиконот на македонскиот фолклор како и истражувањето на културното наследство на Албанците […]

МОН: Доделени 54 милиони денари за научно-истражувачки проекти на јавните научни и високообразовни установи


Преку два јавни повика, Министерството за образование и наука распредели над 54 милиони денари на јавните научни установи за реализација на научно-истражувачки проекти, како и на високообразовните установи кои во соработка со бизнис заедницата спроведуваат проекти од посебен научен и јавен интерес што се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. […]

Со европски пари енергетски ефикасни ќе станат студентските домови во Прилеп, Охрид, Штип и „Сениќ“ во Скопје


Буџетот за реализација на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија се зголемува за 5,5 милиони евра, преку грант од ЕУ. Станува збор за неповратни средства кои ги обезбеди Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, односно преку Програмата за регионална енергетска ефикасност, а за што денес Министерството за образование […]

Вработените во МОН нема да одат на одмор: Учебници ќе има, дури и за странски јазици


Учебници за сите ученици во основно и средно образование ќе има на 1 септември, уверува министерката за образование Весна Јаневска. Таа најави дека поради промена на наставните програми комплет нови учебници ќе има за седмо одделение во основното образование, како и нови учебници за прва година за средно гимназиско образование.  Јаневска рече дека деноиве до […]

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст


За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го […]

В година, поинаков систем за матура – годинава без ливчиња, мобилни и препишувања


Денеска матурантите го полагаа првиот екстерен испит, односно мајчините зајици, а вториот е на 11 јуни. Годинава, учениците од училиштата „Марија Кири Склодовска“ и „Димитар Влахов“ државната матура ја полагаат во просториите на Земјоделскиот факултет при УКИМ. Истото важи и за другите училишта, кои немаат свои просторни услови.   Токму тука, дојде и министерката за […]

Студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во МОН


Министерството за образование и наука ја проширува соработката со високообразовните институции овозможувајќи учество на студентите во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализацијата на образованието. Студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола ќе бидат практиканти во министерството, за што е потпишан меморандум. Студентите ќе учествуваат во извршување на оперативните потреби наминистерството, […]

Јаневска: Ова е земја на просветители, со реформи и заедничка посветеност да работиме УКИМ да се вброи на листата на најдобрите


Овој ден не е само одбележување на една бројка или на патронат. Тој е потсетник на една долга и вредна историја, на генерации професори, студенти и научници кои го трасираа патот на знаењето, напредокот и општествениот развој во нашата држава и пошироко. Од само неколку факултети во 1949 година, денес УКИМ брои 23 факултети, пет […]

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади


Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави јавен повик наменет за акредитирани здруженија на наставници кои организираат натпревари за средношколци, со цел покривање на трошоците за котизација и пат, односно за учество на една од 15-те меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad). Како што појаснува МОН, едно акредитирано здружение може да добие финансиски […]

Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила


Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас преку регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) ќе соработуваат во развојот на нова образовната квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, на почетокот како дел од образованието за возрасни, а понатаму како дел од формално стручно […]

Зградите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доизградат


Меморандум за соработка потпишаа денеска министерката за образование Весна Јаневска, ректорот на УКИМ, Билјана Ангелова, деканот на Градежниот факултет професор Горан Марковски и директорот на СОЗР, Ивица Томовски, со цел да се доизградат зградите за ФИНКи и Факултетот за физичка култура, во близина на комплексот факултети при УКИМ, спроти ТЦ „Мавровска. Тие стојат неизградени од […]

Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот како службен јазик


По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение […]

Јаневска уверува: Нема да има проблеми со наставниците по измените во законот


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не очекува да има недостиг од наставници во основните училишта по усвојувањето на новиот Закон за основно образование. Според новините во законот, наставниците кои завршиле за педагог ќе можат да предаваат од прво до трето одделение, додека оние со завршен факултет за одделенска настава ќе можат […]