Во Црна Гора се удави момче од Македонија


  Момче од Македонија, на возраст од 22 години, се удави вчера на плажата „Утјеха“, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА. Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските електронски медиуми. Според објавите во локалните […]

Момчето кое ја прегази девојката кај „Сити мол“ призна вина


Возачот Јордан Ѓоргиев ја прегази девојката Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“, по што призна вина пред судијката Љубинка Башевска. На Ѓорѓиев му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. „Се чувствувам виновен, жал ми е. Свесно го кажувам ова, никој не ме уценува. Знам дека ќе следи […]

Двегодишно дете излегло надвор на минус 10 во Австрија, го нашле мртво


Ноќта во средата кон четвртокот дојде до трагедија во Австрија во која смртно настрада двегодишно дете. Уште не е јасно како дошло до тоа. Како што јавија локлните медиуми, во местото Вордервејсербах момчето наводно излегло од дома и на студеното, се смрзнало. Според еден локален медиум, родителите биле на гости кај соседи, а со себе […]

Морбили: Момче и бебе се борат за живот


Шеснаесетодишно момче и бебе на возраст од 11 месеци со тешки компликации од морбилите се борат за својот живот на скопските клиники. Момчето има церебрална парализа. На одделот за интензивно лекување во потешка здравствена состојба се и двајца возрасни пациенти и три деца. На Инфективна вчера биле прегледани 9 случаи со симптоми на морбили, тројца […]

Ќе се бара притвор за убиецот од струшко Поум


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршил увид на лице место во струшкото село Поум, каде вчера во попладневните часови беше лишено од живот едно лице на возраст од 23 години. Обвинителот издаде наредби за прибирање и вештачење на пронајдените траги, како и наредба за […]

Момче повредено во сообраќајка во тетовско


Петнаесетгодишно момче од тетовско Јегуновце е повредено кога возилото во кое се превезувал како сопатник излетало од патот. Момчето поради сериозноста на повредите е пренесено во Ургентиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако му е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово. Полицијата денеска соопшти дека несреќата се случила во два […]

Нападнато 13-годишно момче во Скопје


Тринаесетгодишно момче синоќа било нападнато на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје, на автобуска постојка. Како што соопшти МВР, случајот во полиција синоќа го пријавил И.С. (43), таткото на детето. Неговиот син додека чекал автобус бил физички нападнат од непознато лице на возраст од 15 до 18 години, кое било со уште три други лица. Потоа сторителите го напуштиле […]

Скопјанка добила закани од поранешниот љубовник


Во Полициската станица Карпош вчера во 13:00 часот 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало. Откако на 30 април годинава ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз […]

Во сообраќајка загина 22-годишно момче од Скопје


Дваесет и двегодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14.15 часот во близина на Стајковци. Според полицијата, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид. Од здобиените повреди, возачот Б.А. починал на местото […]

Загина 19-годишно момче на патот Илинден – Миладиновци


Деветнаесетгодишник од скопско Миладиновци утрово загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат од населбата Илинден кон Миладиновци, соопшти МВР. Несреќата била пријавена во 06.45 часот. Патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.З.(19) излетало од коловозот и се превртело. Од добиените повреди возачот починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска […]

Детали за инцидентот во Чаир: Убиеното момче имало 24 години


Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот. Момчето со иницијали Б.И. (1993) е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување […]