Трас: Молдавија треба да се опреми по стандардите на НАТО


Молдавија треба да биде „опремена по стандардите на НАТО“ за да може да и се помогне да се заштити од руската закана, изјави британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас. Трас  изјави дека се водат разговори со сојузниците како да им се помогне на помалите нации да се одбранат, пренесува Би-Би-Си. Таа кажа дека е […]

„Тајмс“: Русија веќе го отвора патот за напади врз Молдавија


Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, според украински воени извори, пишува Тајмс. Еден извор рече дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија. Успешното преземање ќе доведе до преселба на руските трупи во […]

Лавров: Молдавците треба да се загрижени за својата иднина


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека Молдавците треба да се загрижени за својата иднина бидејќи земјата ја вовлекуваат во НАТО. Во текот на изминатата недела мистериозни експлозии одекнаа на повеќе локации во Транснистрија, регион во Молдавија со посебен статус, но речиси под целосна контрола на Москва, каде се стационирани руски трупи. Тоа […]

Борел: Инцидентите во Приднестровје и штетат на безбедноста на Молдавија


Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, се огласи за последните инциденти што се случиле во сепаратистичкиот регион во Молдавија, јави дописничката на МИА од Брисел.   Приднестровје е регион во Молдавија со посебен статус, но речиси под целосна контрола на Москва, каде се стационирани руски трупи. Последните денови властите во Молдавија пријавија […]

Црвен аларм во Молдавија по експлозиите во Придњестровје


Молдавија денеска воведе „црвен“ аларм поради опасност од тероризам, што и официјално го покажа стравот од прелевање на конфликтот во Украина на нејзина територија. Молдавската претседателка Маја Санда свика седница на Врховниот совет за безбедност поради експлозиите во Придњестровје, соопшти прес-службата на претседателската администрација. Претходно Министерството за внатрешни работи на непризнатата Придњестровска Молдавска Република соопшти […]

Германија ја зголемува помошта за Молдавија на 40 милиони евра


Германија –  Поради војната во Украина, германското Министерство за економска соработка и развој ќе обезбеди поголема финансиска поддршка на Република Молдавија, изјави во Берлин министерката Свења Шулце, пренесува телевизискиот канал ЗДФ. Германската помош за развој на Молдавија ќе биде зголемена од 35 на 40 милиони евра на краток рок. Меѓу другото, парите ќе бидат искористени за […]

И Молдавија аплицира за влез во ЕУ


Молдавија– Молдавските власти ќе испратат барање за членство во Европската унија, изјави претседателката Маја Санду на брифинг.   – Ќе ја потпишеме денеска апликацијата за пристапување на Молдавија во Европската унија. Таа ќе биде испратена до францускиот претседател Емануел Макрон, истакна Санду.   Претседателката на Молдавија потоа го потпиша документот заедно со претседателот на Парламентот […]

По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“


Молдавија соопшти денеска дека го затвора својот воздушен простор, како одговор на руската инвазија во Украина. Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел“ од својот воздушен простор. „Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија“, напиша на Телеграм, заменик премиерот Андреј Спину. Тој […]

Проруската партија на претседателот Додон победи на изборите во Молдавија


Проруската левичарска Партија на социјалистите (ПС) на молдавскиот претседател Игор Додон освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Молдавија. Според се уште неофицијалните изборни резултати, ПС освоила 31,3 отсто од гласовите, пред опозицискиот блок на центристичката популистичка Партија на платформата за достоинство и правда (ППДА) и либералната Партија за акција и солидарност (ПАС) со […]