Во постизборните насилства во Мозамбик загинаа 125 луѓе за три денови


Како резултат на насилството во изминатите три дена во Мозамбик, каде опозицијата протестира против прогласената победа на владејачката партија на изборите во октомври, според локална невладина организација, загинале 125 луѓе. Во вторникот вечерта, владата соопшти дека 21 лице загинало во првите 24 часа од немирите во неколку големи градови во сиромашната јужноафриканска земја, откако во […]

Хаос во затвор во Мозамбик: 33 лица загинаа, 1.534 избегаа


Најмалку 33 лица загинаа, а 15 се повредени кога избувнаа немири во затвор во главниот град на Мозамбик, изјави денеска полицискиот командант Бернардино Рафаел. За време на инцидентот од затворот избегале 1.534 лица, но досега се фатени 150, изјави Рафаел, пренесе Ројтерс. Мозамбик моментално доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, […]

Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик


Повеќе од 90 луѓе загинаа откако брод вчера се преврте крај северниот брег на Мозамбик, соопштија локалните власти, пренесе ДПА. Луѓето кои се наоѓале на бродот бегале од епидемија на колера и патувале од Лунга до островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула, јавија локалните медиуми. Рибарскиот брод можел да собере најмногу 100 луѓе, […]

Бурата „Фреди“ усмрти над 60 лица во Мозамбик и Малави


Тропската бура „Фреди“ во текот на викендот предизвика смрт на повеќе од 60 лица и повреди други десетици во Мозамбик и Малави, во вториот налет на истата бура што ја погоди јужна Африка во последниот месец. Светската метеоролошка организација смета дека бурата „Фреди“ е една од најсилните што некогаш биле регистрирани на јужната хемисфера и […]

Носорозите се вратија во Мозамбик 40 години по изумирањето


Повеќе од четири децении откако локално изумреа, носорози повторно талкаат по дивините во Мозамбик, со што им се вдахнува нов живот на загрозените видови од Јужна Африка во парковите и го потикнува локалниот туризам. Група ренџери фатија, седираа и преместија црни и бели носорози во повеќе од 1.600 км оддалечен навионален парк „Зинаве“ во Мозамбик, […]

Во тропскиот циклон Гомбе загинаа 53 луѓе во Мозамбик


Најмалку 53 лица загинаа во Мозамбик откако тропскиот циклон Гомбе ја погоди земјата пред една недела, изјави одговорниот политичар за тешко погодената провинција Нампула, Мети Гондола, јави ДПА. Гондола синоќа ја соопшти и бројката на загинати, предупредувајќи дека вистинската бројка на жртви може да биде многу поголема. Илјадници куќи во оваа северна крајбрежна провинција се […]

(Видео+Фото) „Како во војна“: Повеќе од 350 мртви


Повеќе од 350 луѓе загинаа, стотици се водат како исчезнати, а илјадници се во опасност по поплавите предизвикани од циклонот Идаи во југоисточните делови на Африка. Во Мозамбик, Зимбабве и во Малави спасувачите очајнички се трудат да ги спасат луѓето кои се држат за дрвјата или се на покривите. Во Мозамбик поплавата создаде „океан на […]