Модриќ не успеа да постигне договор за продолжување на договорот со Реал


Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето. Актуелниот договор на играчот истекува, а страните не можат да се договорат, пренесува „Marca“. Самиот 36-годишен Хрват би сакал да остане во Мадрид, но преговорите се движат многу бавно. Модриќ е свесен дека секоја сезона раководството ќе му понуди нов […]

Модриќ пред дуелот со ПСЖ: И двете екипи се под притисок


 Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги сподели своите очекувања за натпреварот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. – Мислам дека притисокот е врз двата тима. Двата тима сакаат да одат понатаму. Прават сé за да ја освојат Лигата на шампионите. Ова покажува колку е тешко. Освоивме четири трофеи за пет години и […]

Семејството и Исус: Модриќ ги бакна нивните слики, па влезе во игра


Лука Модриќ се врати на зелениот терен. Го немаше од третото коло на шпанското првенство откако се повреди во септемврискиот репрезентативен циклус. Иако Реал без него запиша три победи, во градското дерби против Атлетико Мадрид се виде колку најдобриот светски фудбалер за минатата година му недостига на тимот. И колку „кралскиот клуб“ изгледа поинаку со […]

Модриќ пред Ѓоковиќ: Хрватот – спортист на Балканот


Носителот на „Златната топка“ и најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА, Лука Модриќ, е прогласен за „Спортист на Балканот“ за 2018 година во анкетата на Бугарската новинска агенција (БТА). Во гласањето во кое учествуваше и Македонската информативна агенција (МИА), Хрватот доби 75 поени, два повеќе од Новак Ѓоковиќ (тенис, Србија) и десет од Симона […]

Ѓоковиќ го победи Модриќ во изборот на новинарите за „Спортист на Европа за 2018“


Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се најде пред најдобриот фудбалер на планетата, Лука Модриќ во изборот на новинарите за најдобар спортист на Европа за 2018 година. Во гласањето учествуваа 24 новински агенции, а изборот го организираше полската ПАП. За Србинот ова е трето вакво признание, по 2011 и 2015 година. Пласман и бодови на […]

Ѓоковиќ: Модриќ е гордост на Балканот


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на играчот од Реал Мадрид, Лука Модриќ, за освојувањето на „Златната топка“. Србинот на Твитер напиша: „Сите честитки за драгиот Лука Модриќ за освоената Златна топка. Апсолутно заслужено. Горд момент за нашиот регион кој го доби најдобриот фудбалер на светот“. Модриќ доби најмногу гласови во изборот на „Франс […]

Менаџери на Модриќ переле пари во Република Српска


Хрватска- Парите од договорот на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ со Реал Мадрид се префрлени на банкарски сметки во Република Српска, а зад финансиските трансакции стојат поранешната фудбалска ѕвезда и поранешниот спортски директор на мадридскиот клуб Предраг Мијатовиќ заедно со неговиот деловен партнер, познатиот менаџер од Бања Лука Владо Лемиќ, пишува во новото издание […]

Роналдо не се помирува: Овие трофеи не можете да ги украдете


Португалците никако не можат да се помират што Кристијано Роналдо не е најдобар играч на светот. Селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош смета дека во изборот на Лука Модриќ има нешто чудно, а музејот посветен на Роналдо отиде чекор подалеку. „Овие троефи не можете да ги украдете, тука е нашиот аларм“, стои во објавата на „Инстаграм“. […]

Ѓоковиќ до Модриќ: Браво мајсторе, заслужено


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му ја честиташе титулата најдобар фудбалер на светот на Хрватот Лука Модриќ. Кратко по доделувањето на наградата, Ѓоковиќ напиша на „Инстаграм“: „Браво Лука. Апсолутно заслужено, мајсторе. Нека ти е со среќа“. Ѓоковиќ и летово за време на Светското првенство во Русија отворено навиваше за Хрватска.

Модриќ: Семејството ми е најголемата поддршка


Англија- Елегантен, во црн смокинг, синоќа, хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, заедно со семејството во Лондон ја прослави титулата најдобар фудбалер во 2018 година. Модриќ претходно ја освои и титулата најдобар фудбалер на светското првенство. Најголемите фудбалски ѕвезди беа собрани на церемонијата на доделувањето на наградите на Светската фудбалска федерација (ФИФА) . Модриќ, Килијан Мбапе и […]

Пандев и Ангеловски гласаа за Модриќ


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, како и селекторот Игор Ангеловски своите гласови за најдобар светски фудбалер му ги дадоа на Лука Модриќ, кој и ја доби престижната награда од ФИФА. Покрај македонските преставници, и најголем дел од соседните земји, односно од регионот го прогласија Хрватот за најдобар во светот. Загрепските медиуми пишуваат дека […]

Шамар за Модриќ од Каземиро: Златната топка би му ја дал на Роналдо


Бразилскиот репрезентативец Каземиро ги изненади навивачите на Реал Мадрид откако јавно застана зад Роналдо, кој годинава ги напушти „кралевите“ и замина во Јувентус. На прашањето кој е најдобар фудбалер на светот, тој без задршка го прогласи Португалецот, иако со него и натаму игра официјално најдобриот европски играч – Лука Модриќ. „Модриќ имаше одлична сезона, со […]

Модриќ затаил данок во 2012-та, треба да плати 1,2 милиони евра


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе мора да плати 1,2 милиони евра за даночно затајување во 2012 година. Според „Мундо Депортиво“, шпанските власти го обвиниле капитенот на репрезентација на Хрватска дека избегнал плаќање данок пред шест години, кога пристигнал во Реал од Тотенхем. Во објаснувањето за одлуката се вели дека Модриќ бил должен да […]

Модриќ: Не смееме да го распродаваме угледот


Само два месеца по освојувањето на сребрениот медал на Светското фудбалско првенство во Русија, Хрватска го доживеа највисокиот пораз во својата историја. На стартот од новоформираната Лига на нации, избраниците на Златко Далиќ беа катастрофално поразени на гостувањето во Шпанија со 6-0 (3-0). Досега, на црната листа водеше поразот на Вембли од Англија со 5-1 […]

Интер сакаше да го земе Модриќ без пари


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека од Интер сакале да го земат Лука Модриќ без пари. – Никогаш порано не сум видел тим да сака да го купи нашиот број 10 без да ни плати. Ова ми се случува првпат во животот, прокоментира Перез во интервју за радио „Кадена Копе“. Перез обвини дека […]

Менаџерот на Роналдо: Модриќ најдобар? Смешно!


Монако– Изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер на годината од страна на УЕФА, предизвика негодување кај менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш. – Модриќ најдобар? Тоа е смешно. оналдо го предводеше Реал. Постигна 15 гола во Лигата на шампионите. Цел овој избор е срамен. Фактите на теренот кажуваат се, изјави Мендеш. Хрватскиот репрезентативец покрај наградата […]

Лука Модриќ избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона


Фудбалерот на Реал и капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ,  за првпат во кариерата беше избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона. Модриќ престижната награда ја доби во конкуренција со доскорешниот соиграч Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах. – Ние сме едно големо семејство. Дали ќе се обидеме да […]

Лопетеги: Модриќ ќе се врати во првиот тим кога ќе биде целосно подготвен


Шпанија– Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, објасни зошто Лука Модриќ не добива шанса во стартниот состав. – Лука имаше напорни настапи со хрватската репрезентација на Мундијалот во Русија. Тој подоцна се приклучи на подготовките. Нема потреба од брзање. Кога ќе биде целосно подготвен ќе се врати. Имаме одлични алтернативи, изјави Лопетеги. Покрај Модриќ, уште […]

Модриќ, Роналдо или Салах: Кој е најдобар во Европа


Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави финалистите за најдобар играч. Во прелиминарната фаза, најмногу гласови добија Лука Модриќ (Реал Мадрид, Хрватска), Кристиано Роналдо (Реал Мадрид, Јувентус, Португалија) и Мохамед Салах (Ливерпул, Египет). По нив се пласираа Антонио Гризман, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Рафаел Варане, Еден Хазард и Серхио Рамос. Сите тие влегоа во финалниот избор […]

СП 2018: Златната топка за Лука Модриќ


Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“. Признанието за најдобар млад играч е за Килијан  Мбапе од победничката француска селекција. Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата. Франција во финалето на СП 2018 ја победи Хрватска […]