МОБ ја отвора новата балетска сезона со премиера на „Градина на почетоците“


Со премиерната изведба на „Градина на почетоците“ од композиторот Стојан Стојков, Националната опера и балет в петок, на 19 септември, ја отвора новата балетска сезона. Во претставата по либрето на Ефтим Клетников, главните ликови им се доверени на Марија Кичевска Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија).  Кореографијата е […]

Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ – одбележување на 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска


На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата […]

И официјaлно МОБ стана НОБ


На официјалната фејсбук страница на Македонската опера и балет од вчера е променето името во Национална опера и балет. На фејсбук-страницата е објавено и новото лого на кое е испишано новото име на националната установа Национална опера и балет. Владата на седница донесе одлука да ги задолжи сите институции да извршат промена на јавните табли […]

Балетот „Рајмонда“ во Македонската опера и балет


Македонската опера и балет вечер ќе го изведе балетот во два чина  „Рајмонда“ од Александар Глазунов, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили од Грузија, гостинот од Италија, Давиде Буфоне, и Наташа Јосифовска. Ќе настапи целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Русија. […]

„Риголето“ во МОБ


Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена операта „Риголето“ од Џузепе Верди под диригентство на Бисера Чадловска. Режисер е Нина Најденова од Бугарија, за сценографијата се погрижи Живојин Трајановиќ, костимите се на Марија Пупучевска, додека зад кореографијата стојат Саша Евтимова и Киро Павлов. Улогата на „Риголето“ му е доверена на Ристе Велков, а […]

„Турандот“ на Пучини во МОБ


Операта „Турандот“, епската кинеска бајка на Џакомо Пучини во режија на Џанкарло дел Монако,  вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Во насловната улога е сопранистката Весна Ѓиновска-Илкова, а во солистичката екипа се и: Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Момчил Караиванов од Бугарија, Кристијан Антовски, Дејан Стоев, Диме […]

Балетот „Самсон и Далила“ во МОБ


Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото. „Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска,  а насловните улоги ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ќе настапат […]

МОБ гостува во Велес: Новогодишен гала-концерт со славни оперски арии


Утревечер, во 19:30 часот, Македонската опера и балет ќе гостува во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“, а љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт. На овој грандиозен музички настан ќе учествуват 70 членови на МОБ,  од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и […]

Премиера на балетот „Ана Каренина“ во МОБ


Македонската опера и балет вечер од 20 часот премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска. Ликот на Ана Каренина ќе го игра Мими Поп Алексова-Атанасовска, во алтернација со Марија Кичевска-Шокаровска. Во […]

Премиерно во МОБ: Балетот „Ана Каренина“ на музика на Чајковски


Македонската опера и балет во вторник (25 декември) премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска. Кореографот Мујиќ, кој првпат работи во Македонија, за изборот познатото класично дело од крајот на 19 […]

(Фото) Балетска магија на мраз: Скопје како Санкт Петербург


Скопје една вечер беше Санкт Петербург. Светска метропола која почнува да дише празнична, новогодишна атмосфера, која верува на бајки, која ужива во магии и снег и почитува врвен балет со призвук на спектакл. Синоќа, во Македонската опера и балет, со две претстави на „Заспаната убавица“ од Петар И. Чајковски, малите беа големи, големите беа мали, […]

Претставата „Марија Калас – Час“ во МОБ


На малата сцена во Македонска опера и балет вечерва од 20 часот ќе биде изведена претставата „Марија Калас – Час“ – Теренс Мекнели во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018. Режијата и преводот е на Урсула Хорнер, костимографија Марија Пупучевска, графички дизајн Марија Ветероска, светло дизајн Васко Лисичов. Во претставата настапуваат Надежда Рубен, Андреја […]

„Дамата со камелии“ во Македонската опера и балет


Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски. – Балетската продукција „Дамата со камелии“ наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја […]

„Либертанго“ од Пјацола во МОБ


По премиерата во јуни, Македонската опера и балет вечер од 20 часот повторно за публиката ќе ја прикаже танго-балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, која ја раскажува  животната приказна на овој композитор и почетоците на тангото во неговата родна Аргентина во втората деценија на 20 век. Приказната го следи патот на италијанското семејство Пјацола – […]

МОБ ќе ја отвори новата сезона со „Кармина Бурана“


Македонската опера и балет вечер ќе ја почне новата сезона 2018/2019 година со најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, која утревечер ќе биде и репризно изведена. Кореографијата и либретото на претставата е на Кан Аслан од Турција, сценографијата на Миодраг Табачки од Србија, костимите за операта ги направи Елена Дончева, а […]

„Кармина Бурана“ за отворање на новата сезона на МОБ


Македонската опера и балет в петок ќе ја почне новата сезона 2018/2019 година со најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, која репризно ќе биде изведена наредниот ден, 29 септември. Кореографијата и либретото на претставата е на Кан Аслан од Турција, сценографијата на Миодраг Табачки од Србија, костимите за операта ги направи […]

МОБ ќе гостува на „Башчаршиски ноќи“ во Сараево


Македонската опера и балет на покана на Сарaевската Филхармонија ќе гостува на Меѓународниот фестивал на културата во Сараево, Р. Босна и Херцеговина  „ Башчаршиски ноќи“. “Башчаршиски ноќи” се најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата, во Сараево, Босна и Херцеговина. Фестивалот се одржува секоја година од 01-31 јули,  а оваа година честа да го […]

МОБ ќе соработува со Националниот театар во Сараево


Македонската опера и балет ќе ја продлабочува соработката со Националниот театар во Сараево за што в.д. директорот на МОБ Ќазим Асотиќ разговарал со директорката на сараевскиот театар Маријела Хашимбеговиќ за време на работната посета на Сараево. Од МОБ соопштија дека Националниот театар од Сараево ќе гостува на годинашните Мајски оперски вечери и дека во таа […]

Ќазим Асотиќ е новиот в.д. директор на МОБ


Македонската опера и балет доби нов в.д. директор. Министерот за култра Роберт Алаѓозовски на функцијата го назначи проф. д-р Ќазим Асотиќ. Тој е прв фаготист, солист во оркестарот на Македонска oпера и балет и редовен член од 1991 година. Завршил на Факултет за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1991 […]

Интервју со Стефанија Гаштарска, балерина: Со „Бољшој“ ми се оствари сонот


Македонската балерина Стефанија Гаштарска (16) си го оствари својот сон со студирањето на престижната балетска академија „Бољшој“ од Москва. Иако толку млада, зад себе има неколку меѓународни признанија и награди, а од неодамна е и амбасадор на балетскиот светски бренд „Гришко“. Македонската публика ќе има можност да ја види во главната улога во детската балетска […]