Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од над 14 години


 Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека за првпат Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. -Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во просториите на МКЦ го отворивме Центарот за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и […]

Натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ вечер во МКЦ


 Во организација на Музичка младина на Македонија (МММ) вечер во концертната сала на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ Настанот е во рамки на фестивалот „Здраво млади“, а во соработка со МКЦ. – По три успешни онлајн изданија, кога македонските победници беа […]

Почнува јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот во МКЦ


Локомотива – Центар за нови инивијативи во културата и уметноста со огромно задоволство ве кани да ја проследите јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот (ППФ) 2025 кој ќе се одржи од 9 до 12 јуни во Младинскиот културен центар – МКЦ во Скопје.   Performance Platform Festival (PPF) 2025 ќе се организира во две изданија: едното […]

Со „Аладин и волшебната ламба“ почнува второто издание од фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади


Од денеска до 5 јуни во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош ќе се одржи второто издание од фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади, на сцената во киното Фросина при МКЦ во Скопје. Овој живописен настан, поддржан од Град Скопје, ќе претстави живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за […]

Концерт на скопскиот колектив Светлост со Кен Вандермарк и Пал Нилсен во МКЦ


Скопскиот колектив Светлост, заедно со Кен Вандермарк од САД и Пал Нилсен од Норвешка, вечер ќе одржат концерт во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Како што се наведува во соопштението, од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе албум, којшто […]

МКЦ домаќин на лансирањето на регионалната дигитална платфотма „Creative Gate“


Првата прес-конференција по повод лансирање на регионалната дигитална платформа „Creative Gate“ ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во МКЦ (Галерија) како дел од овогодинешната ПИН Музика Конференција. За време на прес-конференцијата ќе биде претставен развојот и позционирањето на Балканот како еден од главните глобални центри за креативната индустрија. Конференцијата ќе ја водат […]

Промоција на „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф во МКЦ


Новиот роман од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар – Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Специјална гостинка, во улога […]

Над 20 млади автори на групна изложба „Млада уметност“ во МКЦ


Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Млада уметност“, на која ќе бидат претставени над 20 млади автори. Како што информираат од МКЦ, на изложбата ќе  учествуваат младите уметници Стефан Анчевски, Јоана Арсовска, Тамара Блажевска, Елена Гелева, Ивана Ивановска, Зафир Јованов, Методија Јованов, Павел Јовановски, Дурмиш Ќазаим, […]

Еко фестивалот „Sound of Green“ денеска во МКЦ


Во МКЦ денеска ќе се одржи Еко фестивалот „Sound of Green“, во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување Пакомак, а во соработка со Швајцарската амбасада во нашата земја. Како што информираат од „Пакомак“, годинава пред скопската публика од 20:30 часот на две сцени – во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе […]

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ


Самостојна изложба „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на уметникот Доротеј Нешковски вечер ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ). – Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј Нешовски ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со […]

Изложба „Чемерски: Низ цртеж, отпосле” во МКЦ


Изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле” на реномираниот македонски уметник и академик Глигор Чемерски ќе биде отворена вечерва во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Изложбата е во организација на Галерија ГРАЛ и Младинскиот културен центар во Скопје. Куратор на изложбата е Елена Чемерска. – Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски […]

„Златна рамка“ од 18 до 20 јуни во МКЦ: Проекција на новите македонски филмови, презентација, трибини


Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот […]

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ


 Во МКЦ денеска и утре ќе биде изведен перформансот „Мачката Елеонора“. Перформансот е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ. Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот […]

Општина Центар отстапи простор за уметниците избркани од МКЦ


Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар-Матично ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски […]

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ги советува носителите на проекти во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје кои користат средства преку Министерството за култура  да ги одложат проектите доколку се во можност додека да се реши проблемот со ангажманот на 30 хонорарни соработници во МКЦ  на кои од почетокот на месецов не им се […]

Отворање на изложбата на Игор Станоески во МКЦ


 Во Галеријата МКЦ вечер ќе биде отворена изложбата „Кризата Игра“ на Игор Станоески. Како што информираат од МКЦ, изложбата претставува внатрешно патување низ дефектите на сегашноста. Кризата како персонификација на механиката на хаосот, наспроти хармонична светлина. Струја за програмирање на колективот и истовремено алатка за кршење на индувидуализмот. Патот низ кризата е синтетизирано трансформиран во […]

Центарот на Скопје поплавен – голем дефект кај МКЦ


Поради дефект на водоводна цевка на кејот „Димитар Влахов“, во близина на МКЦ во Скопје, поплавени се неколку објекти, а централното подрачје на градот ќе остане без вода до санирање на проблемот.  Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува, согласно информација од ЈП „Водовод“ известува дека поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) […]

Отворање на изложба на фотографии на Ерина Богоева во МКЦ


 Изложбата на фотографии „Македонските архитектурални скулптури“ од Ерина Богоева вечер во 20 часот ќе биде отворена во Галерија 2 во Младинскиот културен центар.  По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХ век во Скопје, во 2017 година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а […]

Прво издание на фестивалот Стрип Трип во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денеска и утре ќе се одржува првото издание на Стрип Трип Фестивалот Скопје. На програмата, како што информира МКЦ, има дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, гости автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, музичка програма, работилница за цртање стрип за деца, филмска […]

Отворање на изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ


 Изложбата насловена „Професори и студенти“ ќе биде отворена вечерва во галерискиот простор на Младински културен центар (МКЦ) во Скопје. Изложбата ќе опфати дела изработени од студентите и професорите од факултетите и школите за уметност и дизајн, меѓу кои и од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), Факултетот […]