Мицкоски: Исправна е одлуката на Иванов да не ја потпише ратификацијата на Договорот со Грција


ВМРО-ДПМНЕ смета дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише Законот за ратификација на Договорот за спорот со името меѓу Македонија и Грција е исправна, водена од потребата на заштита на Уставот и државата, и оти за тоа има и сериозни правни аргументи, вели претседателот на партијата Кристијан Мицкоски. Најавува бојкот и […]

СДСМ се сомнева како Мицкоски станал професор


  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го прозва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека професионалната кариера ја изградил благодарејќи на неговиот татко. Според пратеникот Костадин Костадинов, Мицкоски магистрирал и докторирал на факултетот каде што предава неговиот татко Иван, етаблиран професор на Машинскиот факултет. „Потоа Мицкоски станува и негов асистент. Да, од толку многу професори Мицкоски бил […]

Мицкоски: Македонија пребродила многу Заевци, но неговиот срам ќе остане


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција е срам за нашата земја, порачувајќи дека промената мора да почне од нас самите. На својот статус на „Фејсбук“, кој го пренесуваме во целост, смета дека животот нема да ни се подобри се додека постои оваа влада на чело со […]

Референдумот ќе успее само ако гласа и ВМРО-ДПМНЕ


Изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на референдумот за договорот со Грција ќе гласа против, отвори дилема дали опозицијата со своето активно учество ќе помогне да се обезбеди цензус, иако тешко ќе успее да ја добие битката со здружените гласови на СДСМ и албанските партии. Десничарите и граѓаните што се против промена на […]

Шекеринска: Дуото Мицкоски-Мицотакис обвинува за исти работи, само од различни позиции


Клучната придобивка на овој договор е дека на сите нас, граѓани на државата, и особено на оние кои се Македонци и засегнати од овие идентитетски прашања, еднаш засекогаш ни дава шанса, не само дома, не само во пријателски земји,  туку во цела Европа и во цел свет да имаме загарантиран и потврден идентитет кој со […]

Заев го информирал Мицкоски за договорот со Грција


Премиерот Зоран Заев попладнево разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека премиерот Заев го информирал Мицкоски за она што, како што се наведуваат, го постигнал како решение со Грција. Ставот на опозициската партија, лидерот на партијата Мицкоски ќе го соопшти на прес-конференција која ќе се одржи доцна попладнево.

ВМРО – ДПМНЕ не оди на летен одмор


Кога во 2015 година од претседателот на шпанските социјалисти Педро Санчез беше побарано да ја поддржи малцинската влада на десничарот Маријано Рахој, а тој одби, тоа предизвика гнев кај поголемиот број сопартијци поради што мораше да ја напушти лидерската позиција. Социјалистите сметаа дека нивниот прв човек греши што пропушта убава шанса да лапнат од колачот […]

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија, Фетаи за Шпанија…


Двете најмоќни политички фигури во земјава имаат различно мислење и кога е во прашање фудбалот – најважната споредна работа на светот. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе навиваат за различни репрезентации на претстојното Светското првенство во фудбал, кое од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. И двајцата жалат што […]

Заев ќе оди на избори само ако му се приближи Мицкоски


Во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема голема возбуда по фрлената ракавица од опозицијата за свикување вонредни парламентарни избори што би се одржале во април идната година, заедно со претседателските. Сметаат дека во моментов се во комотна позиција кога е во прашање партискиот рејтинг, како и на лидерот и премиерот Зоран Заев, поради што фокусот е […]

Мицкоски му дава една година на Заев


„Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и да го плашат народот. Ова е негова земја. Одличен и моќен народен собир. Честитки до сите“, напиша поранешниот премиер Никола Груевски по завчерашниот протест на опозицијата пред седиштето на Владата во Скопје. Екслидерот […]

СДСМ: Мицкоски прецизно го следи патот на Груевски


„Вечерва, како и на секој митинг на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години, повторно се слушнаа истите пораки за поделби на ваши и наши, за враќање назад.Граѓаните не видоа никаква разлика. Нема никаква разлика – Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што […]

Мицкоски: Предвремени избори заедно со претседателските


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг пред Владата на Република Македонија побара одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Тој побара еднаков терен за сите политички партии, претседател на ДИК на предлог на опозицијата, формирање техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, исто како што беше во 2016-тата кога, како што […]

ВМРО-ДПМНЕ и дегруевизацијата


Изгледа дека е во право поранешниот премиер Никола Груевски кога вели дека во негово време, мислејќи на десетте години поминати на чело на Македонија, не знаел ниту еден судија. Ако им се верува на „бомбите“ што ги емитуваше тогашната опозиција, а сегашна власт, за судиите биле одговорни некои други лица од неговото најблиско опкружување. Груевски […]

Груевски излета од првиот тим на ВМРО-ДПМНЕ


Шест часа откако експремиерот Никола Груевски беше осуден на двегодишна затворска казна поради набавката на луксузниот „мерцедес“, неговиот наследник на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, седна спроти  премиерот Зоран Заев во ТВ-дебата. Во два и полчасовната бледа дебата, во која како да имаше договор за ненапаѓање, ниту во еден момент не беше спомената пресудата на […]

Груевски нема да зборува под прозорот на Заев


Во ВМРО-ДПМНЕ ги интензивираат подготовките за престојниот митинг пред седиштето на владата во Скопје. Под мотото „Македонија ќе победи“, се очекуваат десетици илјади граѓани од целата земја да искажат незадоволство од политиките на премиерот Зоран Заев и неговите соработници, нереализираните ветувања од изборната програма, неспроведените реформи, уништувањето на македонската економија и лицитацијата со националните интереси. […]

Каков став ќе има Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за името?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје. – Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, […]

МТВ се понуди да го организира ТВ дуелот Заев-Мицкоски


Македонската телевизија денеска ги покани на ТВ-дуел претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според уредникот на Информативната програма на МТВ. Стојан Трпчевски, двајцата лидери би разговараче за прашањата поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава. ТВ-дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе се пребројува во јуни, не во мај


Неделава е пребрзо, идната ќе има продолжен викенд од четири дена, па најавениот мајски протест ќе мора да биде префрлен во јуни. Недела попладне, трети јуни, пред седиштето на Владата би било најоптимално. Ова се последните размислувања во ВМРО-ДПМНЕ пред носењето конечна одлука: кога ќе ги повикаат на улица членството, симпатизерите, но и сите неутрални […]

И Мицкоски оди во Софија


Нема најава за лидерска средба пред важниот состанок на премиерите на Македонија и на Грција во четврток во Софија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера ја прекина посетата на Италија, која требаше да трае до вторник за да се информира за текот на преговорите за името. Побара лидерска средба на која би учествувале првите луѓе […]

СДСМ: Мицкоски објави целосна невистина, класична лажна вест измислена од ВМРО-ДПМНЕ


Мицкоски објави целосна невистина, класична лажна вест измислена од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е во безидејност и во агонија па измислува непостоечки случаи и лажни вести. Случајот за коjшто зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста. Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од […]