(Фото) Мицкоски во Кочани: Спасовски и Димитров да си одат


Владата предводена од Зоран Заев jа завитка Македонија во црнила, го уценува народот и му го менува идентитетот, заради што мора да поднесе оставка и да си замине од власт, оти ќе биде казнета за своите криминални постапки, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот што се одржа во Кочани. Според Мицкоски, време е […]

Мицкоски на средба со членови и симпатизери на партијата во Чаир


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир, каде оствари средба со членови и симпатизери на партијата. Мицкоски пред насобраните кажа дека ова што се случува е национален проект на СДСМ на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои […]

МВР со демант до Мицкоски: Ниту една акција не е политички мотивирана


МВР ги демантира обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, напишани на профилот  на „Фејсбук“, за упад на полициски специјалци во домовите на петнаесетина приврзаници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ. „Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ […]

Мицкоски: Специјалци упаднале во домовите на петнаесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека минатата недела полицијата упаднала во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. „Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не беше на протест, фотографијата е монтажа


Барем до Нова година ќе траат протестите пред Собранието на Македонија, каде што се одвиваат новите етапи од уставните промени. Граѓаните што секојдневно се собираат пред законодавниот дом, бараат пратениците да се одважат и да не прифатат промена на уставното име и прифаќање на договорот со Грција. Најупорните спијат во шаторите и најавуваат оти ќе […]

Мицкоски до Мијалков: Ти си или Вицето?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го прозва ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и братот на премиерот, Вице Заев околу случајот со прислушувањето во Основното јавно обвинителство. „Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од […]

Мицкоски: Одговорноста за прислушувањето во ЈОРМ е на Зоран Заев


Одговорноста за скандалот со прислушувањето во Обвинителството е на Зоран Заев, кој е година и пол премиер и ја контролира и централната и локалната власт, објави на својот Фејсбук-профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. – Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, држава […]

На Мицкоски му се исчисти патот


За неполн месец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се ослободи од двете сенки од минатото што му го попречуваа слободниот хоризонт. По игра на случајноста, во рок од десетина часа до него стигнаа две вести – дека Никола Груевски си најде друга татковина, а Сашо Мијалков физички ќе биде спречен да се плетка околу партијата. […]

Мицкоски: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција


Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со […]

Мицкоски: Хан и Дол беа погрешно информирани дека има закани до пратениците


Официјалната делегација на ВМРО-ДПМНЕ што присуствуваше на Конгресот на Европските народни партии (ЕПП) во Хелсинки се врати во земјава. Претседателот Хрисијан Мицкоски ги демантира информациите во јавноста дека бил „влечен за уши“ од лидерите на европската десница, кои, наводно, му зеле за зло што не го прифаќа договорот со Грција и работи спротивно од евроатлантските […]

Сестринските партии до Мицкоски: Смени се!


Начинот на кој се однесувате кон пратениците од партијата што гласаа за уставните измени е неприфатлив. Добро е што не го блокирате Собранието, ама не чини што одлично го газите патот кон изолација. Покажете дека навистина сте за ЕУ и за НАТО. Ова се главните пораки што челниците на Европската народна партија (ЕПП) му ги […]

Дол му ги викна реформаторите на Мицкоски


Официјалната четворка од ВМРО-ДПМНЕ, која е предводена од претседателот Христијан Мицкоски, ќе добие неочекувана придружба на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Хелсинки, каде што ќе се избира кандидат за претседател на Европската комисија. Првиот човек на ЕПП, Жозеф Дол, испратил лична покана и до реформаторското крило, предводено од Костадин Богданов и Петар Богојески, […]

Мицкоски: Очекуваме и подготвени сме за предвремени избори


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека партијата утре на средба со пратениците од нивната пратеничка група и Коалицијата за подобра Македонија ќе заземе конечна позиција како ќе делуваат од среда кога е закажана седницата на Комисијата за уставни прашања и најави жестока дебата по поднесените нацрт-амандмани за уставните измени на комисиската, а потоа и […]

Мијалков му ја тресе или му ја зацврстува фотелјата на Мицкоски


Во понеделникот вечерта, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, со својата екипа беше во Струмица, каде што ја проследи изложбата и документарниот филм за револуционерите од тој дел на Македонија. Триесетина часа подоцна, лидерот на младите вмровци поднесе оставка. За неа размислувал долго и сериозно, но морал да ги следи вредностите […]

Мицкоски: Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави фотографија со подмладокот на партијата. -Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали. Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Мијалков го чека Мицкоски, па ќе види дали ќе тужи


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се појави во суд на рочиште за случајот „Титаник 2“, за изборните нерегуларности. Мијалков не беше расположен за изјави и рече дека е дојден тука на судење и дека изјава би дал можеби во друга прилика. На новинарско прашање дали ќе му поднесе […]

Жените се „разведоа“ од Мицкоски


Разрешувања, исклучувања, писма со жестоки обвинувања и директни навреди. „Славата“ на вмровските „витези“ од нивната неколкунеделна „битка до истребување“ вчера им ја украдоа пратеничките Даниела Рангелова, Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска, кои самоиницијативно му кажаа „адио“ на лидерот Христијан Мицкоски, обезглавувајќи ја Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со која досега раководеа. Најпрвин Рангелова објави дека […]

Мицкоски и Мијалков се виделе по референдумот, па ја спукале?


Во ВМРО-ДПМНЕ нема да одговорат на писмото што до врвот на партијата го испрати исклучениот Сашо Мијалков. Проценките во „белиот дворец“ се дека секое понатамошно влегување во полемика со човекот кого го сметаат за главен виновник за превратот во Собранието ќе донесе само штета, особено што јасно се знаело кој е кој, како и што […]

Милошоски сега му го чува грбот на Мицкоски


Минатиот петок кога во Собранието се гласаше за уставните измени, Антонио Милошоски застана пред новинарите и побара да не се одолговлекува почетокот на седницата и веднаш да се почне со изјаснување. Нагласи дека зборува во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ што беше мало изненадување во тој момент, имајќи […]

Мицкоски и Груевски останаа сами


Фингирана или не, чистката што ВМРО-ДПМНЕ ја направи во понеделникот ќе се одрази врз партијата. Преку ноќ останаа без четвртина пратеници во парламентот, без еден од главните финансиери, без еден од четворицата градоначалници што беа од нивните редови, но и без „началникот“ што десетина години шефуваше со државата и со партијата. Со срушени мостови за […]