Мицкоски вели недостигаат пари во Буџетот, од СДСМ му порачуваат да не бара алиби


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва оцени дека состојбата со Буџетот е алармантна и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, вели дека ќе има. Од опсозициската СДСМ, пак, велат дека  ВМРО-ДПМНЕ од прв ден бара алиби за својата неспособност и му порачуваат на Мицкоски […]

Мицкоски вели мора да се има концепт, најави ново задолжување од Унгарија по Нова година


  Половина од 500-те милиони евра кои земјава ги договори со Унгарија, ќе бидат за општините, а половина за бизнисот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што објасни, општините ќе ги користат парите за конкретни проекти кои би им го подобриле животот на граѓаните, а фирмите ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но […]

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк: Да се зајакне соработката во градење на иднината на Македонија


 Премиерот Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД, каде што присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски пред присутните посочил дека основните постулати од кои […]

Мицкоски: Општините парите за проекти нема да ги трошат за плати и стари долгови, ќе ги добиваат на наменска сметка


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека средствата од Буџетот што ќе бидат наменети за општините ќе им бидат префрлени на локалните самоуправи откако тие ќе достават проекти и точно ќе се знае за кој проект, колку средства ќе бидат наменети. – Средствата ќе бидат префрлени до општините откако претходно општините ќе […]

Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата


Премиерот Христијан Мицкоски во објава на неговиот официјален Фејсбук профил истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада. Тој денеска се сретнал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресира, како што вели, оваа значајна тема. -Во недела во која промовиравме нови странски […]

Мицкоски на средба со Гир: Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности


Тековни политички и економски прашања и напредокот на државата кон интеграцијата во ЕУ, биле теми на денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со евроамбасадорот Дејвид Гир. Мицкоски, како што информира владината прес-служба, ја истакна важноста на поддршката од Европската Унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно […]

Мицкоски: Подготвени сме за разговор, не е добрососедство ако едната страна е понижена, а другата ликува


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази подготвеност да седне на маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, доколку повторно стане премиер, но посочува дека изнаоѓањето решение е двонасочна улица и дека ние не можеме да бидеме добри соседи ако немаме меѓусебно почитување. Не е добрососедство, потенцира тој, ако едната страна е понижена, а […]

Пензионерите линеарно ќе добијат зголемување по 2.500 денари на октомвриската пензија


Пензионерите од октомсри ќе добијат по 2.500 денари зголемување на пензиите без оглед на нивната висина, а вториот дел од најавеното линеарно зголемување од 5.000 денари ќе се случи во март, следната година.   Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на ОУ „Свет и Климент Охридски“ во Драчево.   […]

Кон крајот на неделата прва владина седница, тема и линеарното зголемување на пензиите


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. Тој воедно најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип […]

Која е „Алказар енерџи“, што ќе го гради ветерниот парк што го најави Мицкоски


  „Алказар енерџи“, одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург и фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија во обем на комунални услуги на пазарите во развој, со советодавен тим со седиште во Обединетите Арапски Емирати, е инвеститорот што ќе го гради ветерниот парк во Македонија, инвестиција која бомбастично ја најави уште во предизборната […]

Џафери му ја предаде премиерската функција на Мицкоски


Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. По пристигнувањето, премиерите имаа кратка средба во премиерскиот кабинет. Досегашниот премиер, Џафери, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски, пришто му посака успешна и ефикасна работа, […]

Мицкоски ја презема премиерската функција од Џафери, по што ќе го посети Штип


Во Владата на Реепублика Северна Македонија денеска во 10 часот новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја преземе функцијата од досегашниот технички претседател на Владата, Талат Џафери. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски и Џафери ќе имаат кратка средба. По преземањето на функцијата, Мицкоски ќе замине за Штип каде ќе присуствува на поставување на камен-темелник на […]

Грчки медиуми: Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“


На употребата на името Македонија и тоа како што пишуваат „трипати“, грчките медиуми го ставаат акцентот во текстовите за говорот во Собранието на мандатарот за нова Влада Христијан Мицкоски, а дел од информативните портали коментираат дека станува збор за „нова провокација“, јави дописничката на МИА од Атина. Онлајн изданијата на медиумите, во главно ја пренесуваат […]

Мицкоски најави Влада на економија и развој – државата е во клиничка смрт


Мандатарот на новата Влада, Христијан Мицкоски, ги претстави пред пратениците целите на идната Влада која тој треба да ја предовид, а најави Влада на економија и развој. – Веќе во вторник најавувам инвестиција од 400 милиони евра, а потоа ќе ги намалиме даноците и ќе ги зголемиме пензиите – рече во своето експозе Мицкоски.  Ќе […]

Почна седницата за избор на новата влада (во живо)


Собранието денеска во 11 часот ја почна седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мандатарот ја претставува новата влада. Проследете ја на следниот ЛИНК  

Мицкоски: Се подготвувам за Самитот на НАТО, мојата позиција за употребата на името е јасна


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Прашан за коментар за изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „премиерот […]

Мицкоски најави итни мерки за да се спречи поскапувањето на струјата


Мандатарот за премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во Собранието најави изложи план со кој, како што рече ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните и фирмите кои што се снабдуваат на регулираниот пазар. Односно, дека за потрошувачите од првиот и вториот блок нема да има никакво зголемување на […]

Укинувањето на Балансерот е препорака од Европската Унија, вели Мицкоски


 Европската Унија е таа која препорачува да се укине балансерот, алатката која одредува вработување државни службеници по етничка припадност, изјави денеска мандатарот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали ќе се прекине со употреба на таа можност. Тој потсети дека препораката на ЕУ е следствено на скрининг процесот којшто е веќе направен. – И […]